Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кој факултет да го одберам?

Дискусија во 'Образование' започната од elenapfp, 7 февруари 2010.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.961
    Допаѓања:
    81.295
    Пол:
    Женски
    Пожелно е да биде нешто од таа област, а ако си запишана на општа гимназија и навистина ќе нема што друго да одбереш, па изборот ќе ти биде меѓу физика, математика (ама подобро е да ја одбереш како екстерен предмет), информатика и евентуално некој јазик.
     
  2. k.a.j.a

    k.a.j.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2011
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    34
    на архитектонски воопшто нема ограничување за интерните и екстерните предмети ако си од гимназија, пиши дека кој било предмети можи да ги избериш, поради тоа што има приемен. На градежен се тие ограничувања дека мора физика, математика. Иначе дечки, што е потребно да поседуваш, кој предиспозиции за на овој факултет и кои знаења? Во последно време е мода архитектурава и мислам дека кој стигна се запишува а воопшто не е играчка работа :)
     
  3. LadyIn

    LadyIn Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Devojki, dali ima nekoj sto studira na fakultetot za Etnologija i Antropologija.Bi sakala da postavam nekolku prasanja vo vrska so nego . Pozdrav imajte ubav i ispolnet den :)
     
  4. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Па вака сега. Јас до година сум матурантка, ама со оглед на тоа што воопшто не знам на кој факултет да се запишам, мислам дека е редно време сериозно да почнам да размислувам што понатаму. Нели прво се трга од тоа кој предмет те влече, кои се твоите желби за идна професија итн. Епа мене од секогаш ме влечело дизајнерството, имам голема креативност и ме бидува за цртање. Дизајн мислам на ентериер, веб, уредување на нешто..

    Денес за прв пат размислив за Архитектонски факултет. Некој да ми каже нешто повеќе за овој факултет? Се бара многу учење на математика и физика? Како оди понатаму за вработување? Плата?

    Освен Архитектонски, некој друг факултет поврзан со горенаведените желби?
    Не сум многу информирана, ама еве да почнам од форумов, некој љубезен да ме просветли :)
     
    На Pufche му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    англиски јазик и книжевност или туризам ? :?:
     
  6. Stam

    Stam Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    175
    Имам некоја колешка архитектка што ќе се запишува оваа година? :lol:
     
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.961
    Допаѓања:
    81.295
    Пол:
    Женски
    Да ти работи бојлерчето во врска со математика, барем минимално, а највеќе да се снаоѓаш во просторот. ;)
    И да ти оди цртање, и тоа посолидно.
     
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.961
    Допаѓања:
    81.295
    Пол:
    Женски
    *Се извинувам за мислењето, нека ми го спојат со претходното модераторките ако има потреба, имам едно прашање и морав да пишам. :)
    На 30ти јуни има демо-тестирање, ваљда сте запознаени.
    Ме интересира, дали резултатите кои се добиваат на демо-тестирањето се важни?
    Затоа што, предавањата/припремите почнуваат од 2-ри јули, некако многу нелогично ми е да ги важат тие резултати, бидејќи некои уште не се запознаени целосно со цртањето и другите бакрачи што ги има.
    Значи, прашањето ми беше - дали се важни тие резултати од демото, или пак само оние од приемниот во август?

    И, ќе се спремате нешто за демо-тестирањето? Ако да, ме интересира на што ќе обратите внимание. :)
     
  9. The.Ring

    The.Ring Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    25
    Кој смер на економски е најдобар според вас ?
     
  10. leilla

    leilla Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2012
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    146
    Девојки итно ми е потребна информација кој факултети нудат трансфер да студенти уште од прва година.. со запишувањето веднаш да почнеш да учиш во странство..
    Ви благодарам :*
     
  11. leilla

    leilla Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2012
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    146
    Девојки итно ми е потребна информација кои факултети нудат трансфер во странство уште во прва година, односно веднаш да почнеш да учиш во странство..
    Ве молам за побрз одговор :*
     
  12. bibb.y

    bibb.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    355
    Јас планирам да се запишам на архитектонски само ми беше страв за матетемиатика зашто ништо незнам едноставно не ми оди, и мене ми кажуваа дека воопшто не е тешко, баш било интересно, и имало математика само во прва год., вака кога читам по малце се плашам што ќе напраам... и сакам да ве прашам дали знаете нешто за приемниот.. што, како ке бидат прашањата?? :)
     
  13. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.003
    Допаѓања:
    51.851
    Пол:
    Женски
    Нема врска, не се важни. Тие се за ти да си видиш како ти е :)
    Јас не ни бев на тоа тестирање.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.961
    Допаѓања:
    81.295
    Пол:
    Женски
    А има архитектура на Штипскиот „Гоце Делчев“ ?
    Се' си мислам дека има, ама не можам да се снајдам таму на сајтот. :|
    И ме интересира, дали се разликува со државниот во Скопје - во смисол, дали е архитектонски ес јужуал, или пак е нешто како арт и дизајн, внатрешен дизајн?
    Ако има некој/а што студира таму, нека се јави на рецепција, м? :D

    Едит* - на УГД нема приемен, нели? - на арх. или вовеле, не сум во тек? :$
     
  15. k.a.j.a

    k.a.j.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2011
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    34
    mishela, сега најдов огласот во весникот матурант за уписите оваа година... на тетовскиот универзитет има архитектура...поделен на 2 смера... урбанизам и проектирање и примат 115 во државна плус 35 во приватна (дури повеќе од скопје), а има и на штипскиот архитектура и дизајн 50 државна со 10 приватна... плус имаш на тие два и градежен исто така... :)
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  16. KittyT

    KittyT Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    112
    Сакам да се запишам на протетика-стоматолошки, но никако да најдам некој кој е веке запишан таму да ми каже нешто повеќе. Можеби од вас феминки има некоја која планира да се запише таму?
     
  17. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.391
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Мислиш ли за забен техничар и протетичар на „Гоце Делчев“ - Штип?
     
  18. Ognenija

    Ognenija Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    586
    Има ли некој што студира на градежен факултет, конструктивна насока?
    Ме интересира какви часови има, дали има повеќе физика или математика, дали има колоквиуми, професорите какви се, повеќе женски или машки студенти има, до кој студентски дом е најблизу и сл.
     
  19. KittyT

    KittyT Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    112

    Мислам на стоматолошка протетика на Кирил и Методиј.
     
  20. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.492
    Допаѓања:
    42.672
    Пол:
    Женски
    Јас како тебе имав желба за Архитектонски ама пуста математика ми ги уништи сите планови...а башка бев економист и матемтиката што ние ја изучувавме немаше да ми биде од корист.
    Па така се запишав на Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер-смер проектирање и дизајн на мебел и ентериер и еве среќно завршувам прва уште еден испит имам и толку.
    Фалкултетот е доста забавен, имаш можност да си ја изразиш креативноста колку ти душа сака.
    Има и предмет уметност и историја на уметноста низ стилови кои мене ми лежеа баш на срце.
    Јас сум презадоволна од мојата одлука иако имав доста несогласување и мрчења од мои блиски, од типот што после, со работа.Ама јас го учам тоа што го сакам и со љубов, верувам дека ќе најдам работа, зошто кој е упорен и работи со љубов ќе се снајде.
    Ако имаш повеќе прашања пиши ми лп, со задоволство ќе ти одговорам. :)
     
    На Ann.94 му/ѝ се допаѓа ова.