Финансиски менаџмент или сметководство и ревизија. Зависи што ти е поинтересно. Мене сметководството ужасно ме нервира, затоа сум другово. И двата смера се доста тешки, најтешките, али затоа пак имаат повеќе предности од другиве, каде што или е полесно, ама се учат некои глупости, или учиш напамет се, така да, од овие два избери си нешто.
Има ли некој линк од додатокот што излага во весник со списокот на факултети,примања,смерови. Дали може да се најде на нет. Или ако не може да се најде на нет,каде може?
На ПМФ имаш студии по биологија - биологија (за наставен кадар во средно образование) - биохемија и физиологија - екологија - молекуларна биологија
zdravo.. dali mozam da dobijam nekakva informacija okolu pedagogija psihologija ili bezbednost odbrana i mir na filozovski.. dali ima nekoj koj e zapisan na nekoj od ovie fakulteti?
Јас ќе се запишувам на економски, но се двоумам помеѓу финансиски менаџмент и надворешна трговија. Што би ме советувале, кој од овие смерови е подобар и поперспективен? Спојлер Ова прашање го поставив ив во темата Економски факултет ама затоа што не добив никаков одговр и овде пишав.
Статистички гледано финансиски менаџмент е појак смер ама тоа кај нас ништо не значи. Ниту ќе најдеш менаџерска позиција ниту ќе си платен како менаџер. Дај Боже да напредуваш во кариерата па да ти се поклопат сите коцки. Надворешна трговија ќе ти даде предност во некоја фирма која работи увоз-извоз па ќе си бидеш некое референтче или евентуално некоја шпедитерска фирма ама ќе треба да дополагаш за лиценца за шпедитер. И од двата смера комерцијала не ти гине и секогаш ќе ти биде како отворена опција за работа. Економист си е економист, се знае каде се може да работи, ретко кој работодавач бара човек по смер освен сметководство и ревизија. Размислувај кон овие 2 насоки што ти ги пишав па што повеќе те влече тоа запиши, а инаку некоја поголема перспектива од двата смера кај нас баш и не гледам
Одамна не сум ја посетила темава да ве исплашам малку, за тие што се двоумите, не дека ќе ви смени нешто, кога можев јас од уметничко да просперирам сигурно и вие можете што се тиче математика. Да не ви залевам сол на рана за тие што не им оди цртањето многу многу битно било да идете на демо, знам од претходните генерации а богами и од мојата, но сега е веќе касно. Знам со сигурност дека Тихче направи многу измени во целиот систем и дека луѓе мои воопшто не е лесно. Ако се залажувате дека на државниот овде и во Тетово и Штип е исто тогаш нека ви стои, нема врска, тоа ти е како да се запишеш на Американ а си мислиш студираш Архитектура, да бидеме реални, не за џабе е воведен приемниот, да се знае кој е а кој не е за овој факултет. Иако бев големо мрчало за фаултетот сега итекако ми фали, ми требаше да паднам два три предмета за да ги сфатам асално, ама било па прошло, сега надеж во дообразувањето, ќе знам на што да обрнам внимание Ви посакувам среќа на сите на приемниот, ако не поминал веќе, и со среќа од 15ти Септември, искористете го последново лето пошто во наредните 5 години нема да биде толку слободно и забавно летото
Лелеее пак старите дилеми Фармација или ПМФ-Биохемија?????? Јас бев решена за биохемија, ама од дома ми викаат на фармација поубаво е полесно работа ќе најдам.....е стварно не знам што да правам...помош луѓеее давајте совет се ближат уписите
Кога веќе си се решила, нека не те разубедуваат родителите. Сепак, твое право е да одлучиш на кој факултет сакаш да студираш. Јас ќе додадам дека на ПМФ - аналитичка биохемија супер ќе си поминуваш со оглед на тоа што си солидна ученичка ( прочепкав малку низ твоите мислења и видов дека на матурата одлично си поминала ). Плус, факултетот е доста организиран, од професорите ги има и добри и лоши, но битно е дека во секој момент можеш да му тропнеш во канцеларија и да го прашаш било што. Сакам да кажам имаме многу добра комуникација со професорите. Дури по многу предмети се консултирале со нас за кога да закажат колоквиуми, испити. Нема колоквиумски недели како на другите факултети, што лично за мене е голема предност, бидејќи факултетот сам по себе си е тежок, и не знам во една недела како би успеала (лично јас) да ги положам сите предмети и тоа со високи оцени. Значи колоквиумите се распределени, еден до два во една недела, ама затоа пак секогаш ќе имаш за учење. Значи, додека многу факултети се при крај дури во мај, ние почнуваме од октомври и завршуваме во јули Ќе додадам и дека, бидејќи се запишуваат многу малку студенти, значи околу 30, ќе му дојде како клас од средно, каде има дружба и меѓусебно помагање. За фармација не можам да ти кажам ништо подетално отколку она што сигурно и ти веќе си го слушнала: дека е многу потешко. Ете на пример, органската хемија од илјада и нешто страни, ние ја учиме во два семестра, а тие во еден. Јас си го испофалив факултетот сега на тебе е да одлучиш каде ќе се запишеш. Ако ти треба дополнителна информација, можеш слободно да ми пишеш ЛП
Јас лично психологија, ама малку потешко наоѓање работа а за мед. сестра можеш да се заглавиш и во некоја приватна ординација или Здравство ако имаш некоја врска или партиска книшка
Мојата Единствена мисла до 16 август Филолошки Скопје, Превод и толкување Или Економски Прилеп Маркетинг или Финансиски менаџмент? Болна тема ми е овај факултетов. Срање
Леле Ади исто... За факултет подобро не ме прашувај. Како што се наближуваат уписите толку повеќе сум неодлучна. Си викав има време.
Ај сега мала помош се мислам меѓу Економскиов факлутет на Св. Кирил и Методиј и во Гоце Делчев бизнис логостика смерот и сега мајка ми ме стави во мисла дека е малце полесен овој Гоце Делчев а бев решена за Кирил и Методиј ...
Сите тука ќе ти пишеме наши лични ставови, но ти си таа која треба да одлучи што навистина сака. Лично јас би го одбрала Економски. Ова ,,бизнис логостика,, ми е безвезе! Како што прочитав основан е 2008. Би работела во бизнис сектор, министерствата, државната и локалната јавна администрација бла бла. Што воопшто се учи на овој факултет? Дали тебе те привлекува?
Па ми кажаа за предметите слични се ко на економски ја првин и сакав да идам нешто за бизнис ама дека е -бизнис на економски е на англиски ме кочи тоа не ми иде којзнае колку па се решив за општа економија и еве сега искочи и овој факлутет и не знам ...
Здраво...сакам да прашам дали има некој поконкретни информации за изменетата и дополнета студиска програма во Битола на педагошкиот факултет. Станува збор за двопредметни студии по македонски и странски јазик ( англиски, германски или француски ) . Не разбирам зошто на конкурсите 2012/2013 година никаде не е спомната оваа програма туку секаде стои само македонски јазик и книжевност како една можност, англиски јазик и книжевност како друга, а никаде не е спомната програмата македонски + друг јазик... Се надевам ќе наидам на некој кој може да ми каже нешто повеќе за овие двопредметни студии затоа што на страната на педагошкиот факултет стои само ова објаснување: Дипломата што ја издава универзитетот за двопретметните дододипломски студии по македонски и странски јазик има назив: ПРОФЕСОР ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И АНГЛИСКИ ЈАЗИК, ПРОФЕСОР ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК И ПРОФЕСОР ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И ФРАНЦУСКИ ЈАЗИК.