Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кој факултет да го одберам?

Дискусија во 'Образование' започната од elenapfp, 7 февруари 2010.

  1. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.434
    Допаѓања:
    34.376
    Пол:
    Женски
    Дипломата што ја издаваШЕ универзитетот гласеше така, да, во право си, но од оваа година се укинаа тие предмети, се поделија, сега имаш чисто смер англиски јазик и чисто смер македонски јазик и книжевност. Јас во јуни дипломирав и разговарав со професорите, па тие кажаа дека подобра била оваа опција, и се солгласувам зашто предметите шти ние ги учевме во двопредметните студии немаа никаква допирна точка со звањето на смерот. Ако сакаш дополнителни информации повели
    www.pfbt.uklo.edu.mk
     
  2. xXxXxX

    xXxXxX Активен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    благодарам на одговорот... И јас размислував слично затоа што разбрав дека е во мирување, но најмногу ме збуни тоа што знам дека со таа диплома од двопретметните студии можеш да бидеш наставник по тие предмети...а на страната прочитав професор..па затоа помислив дека станува збор за нешто ново, а не нешто кое е укинато..... ?
     
  3. aniot

    aniot Активен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Јас мислам да го одбереш ФАМИС, сепак подобар е и подобар кадар има на факултетот.Пракса имаш и во прва година и во втора а во трета сам си одбираш кај сакаш да ја извршуваш. ;) а технички факултет хм... мн има информатичари ..со среќа ! :hai:
     
  4. M-lady

    M-lady Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    6
    Што мислите за техничко технолошкиот факултет-НУТРИЦИОНИЗАМ... каков е дали е добар факултет...
    сакам да се запишам ама незнам сеуште
    ке ве молам за одговор..
     
  5. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    СТУДИСКА ПРОГРАМА
    Насока: БИЗНИС ЛОГИСТИКА (модел 3+2)
    Стручен назив: дипломиран менаџер по бизнис логистика
    Вкупно кредити:180 (од кои 30 по семестар); вкупно часови по семестар 758/759
    ПРВА ГОДИНА
    I СЕМЕСТАР – прва година
    Задолжителни предмети
    1. Логистички менаџмент
    2. Економика на претпријатија
    3. Трговско право
    4. Статистички методи
    5. Странски јазик 1
    II СЕМЕСТАР – прва година
    Задолжителни предмети
    1. Комерцијална логистика
    2. Основи на економика
    3. Меѓународна трговија
    4. Информатика
    5. Странски јазик 2
    * Спорт и рекреација

    ВТОРА ГОДИНА
    III СЕМЕСТАР – втора година
    Задолжителни предмети
    1. Управување со ризик
    2. Менаџмент на мали и средни бизниси
    3. Странски јазик 3
    4. Изборен предмет
    5. Изборен предмет
    Изборни предмети - се избираат два предмета од следниве:
    * Вовед во осигурување
    * Култура на изразување и комуникација
    * Производствен процес во угостителството
    IV СЕМЕСТАР – втора година
    Задолжителни предмети
    1. Маркетинг на пазарот
    2. Информациони системи и логистика
    3. Странски јазик 4
    4. Изборен предмет
    5. Изборен предмет
    Изборни предмети - се избираат два предмета од следниве:
    * Меѓународен транспорт и шпедиција
    * Царинска тарифа и царинска управна постапка
    * Производствен менаџмент
    ТРЕТА ГОДИНА
    V СЕМЕСТАР – трета година
    Задолжителни предмети
    1. Бизнис логистика
    2. Договор за меѓународен промет
    3. Внатрешна трговија и логистика
    4. Изборен предмет
    5. Изборен предмет
    Изборни предмети - се избираат два предмета од следниве:
    * Банкарско работење
    * Осигурување од одговорност
    * Организациско однесување
    VI семестар – трета година
    Задолжителни предмети
    1. Фискален систем
    2. Финансиски инвестиционен менаџмент
    3. Изборен предмет
    4. Изборен предмет
    5. Дипломски труд
    Изборни предмети - се избираат два предмета од следниве:
    П Р Е Д М Е Т Кредити Часови* Вкупно
    * Сметководство
    * Проценка на надомест и штета
    * Мрежен систем на продажба

    Со завршувањето на додипломските студии - шести семестар (трета година), студентот на насоката Бизнис логистика се стекнува со диплома (звање) стручен назив – менаџер по бизнис логистика.
    Дипломираниот студент има можности за вработување во широкиот бизнис сектор, во министерствата, државната и локалната јавна администрација, да дава бизнис логистика на соодветни стопански субјекти и слично.


    http://ftb.ugd.edu.mk
     
  6. bumbi

    bumbi Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Јас би ви рекла кога ќе бирате факултет, да гледате прво што се бара. Економисти - милиони дипломирани, правници исто. Ако веќе имате приватен бизнис или јаки врски ок, ама вака да барате работа со толку дипомирани пред вас, од кои и голем број со работно искуство, тешко дека ќе најдете. Внимателно бирајте смерови и катедри оти во државава веќе и не можеш да го работиш тоа што го сакаш, туку она што се бара.
     
  7. male

    male Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Женски
    Дали знаете како е на факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер во скопје? Познавате ли некој таму? се пополнуваат ли местата?
     
  8. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    3.176

    Сличен со Економски жими оваквото. |(
    На Економски видете ја програмата за кој смер какви предмети има, воопшто не се слични, ама ич. Едино Економика на претпријатие, се другово е различно.
    Не е сличен, ами овој факултет би му дошло можеби ко смер на Економски, кога би имало некој смер за бизнис и логистика.
    До девојчето што прашуваше каде да се запише - ако сакаш квалитет и да си го испотиш газот од учење, ќе си одбереш Економски на УКИМ. Ако сакаш полесно да пројдеш колку да имаш диплома - на овој за бизнис и логистика.
     
  9. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.535
    Допаѓања:
    42.875
    Пол:
    Женски
    Јас студирам ова, имавме на почетокот околу 100 студенти, останаа сега во втор семестар околу 50.Не е тешко многу, ама доста е напорно, секој ден сме на факултет некогаш и од 8 до 3-4, а битно е присуство, така да ако си сериозен мора да одиш.
    А забавно е многу, креативно, посебно од втора натаму предметите се многу интересни, јас сега ќе бидам втора.Од прва има 2 така покомплицирани предмети, јас едниот го полжив и сега уште еден ми остана, а со другите поминав со кој како, сепак имам одлични оценки.
    Нема да се покаеш ниту еднаш ако се запишеш, барем јас не се покајав до сега, а не верувам дека ќе се покајам ни во иднина.Ако ти треба нешто пиши лп.
     
  10. Monique995

    Monique995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    201
    Јас имам едно "глупо" прашање за оние кои се веќе запишани на архитектонски :D
    Ќе бидам 4та година средно (гимназиско образование - билингвална паралелка (фамозната француска паралелка :lol: ) природно математичко подрачје комбинација А) Веќе цела година ме тепа филм за да се запишам архитетктура. Математика - супер, цртање - (уште малку да повежбам) и тоа супер. Али двете 4чиња по македонски јазик и литература и историја кои ги влечам веќе 3 години ме плашат малку да не ми прават проблеми во уписите. Друго, планирам да си полагам сертификат француски (ако положиш сертификат француски (што во суштина многумина го полагаат без ниаков проблем) шансите за да положиш матура ти се 10/10, поради тоа што матурата е каде каде полесна) е сеа незнам дали да се спремам и математика (нели подобро ако одбереш математика екстерен за архитектура), интерни (ако си останат како интерни) физика и информатика... Ајде ако може малку помош со моиве т.н. дилеми :D
    п.с. и ако може малку подетално со приемниот :$
     
  11. reader

    reader Активен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Здраво! :D Јас би сакала да се распрашам околу архитектонскиот. Сега сум 4та год. и најголема преокупација ми се ова фалкутетиве. Имам некоја желба за архитектура, меѓутоа се уште не сум сигурна дали тоа сакам да студирам. Пошто сум математичко подрачје B (нешто околу хемија, биологија) ништо чудно и да завршам на некој од медицинските, и покрај тоа што не ме влече тоа многу.. Што се однесува до мене би запишала архитектура веднаш :) меѓутоа секој ден слушам се нешто ново во врска со тежината на фалкутетот, и се повеќе се ставам во размислување. Не знам дали со сигурност не е важно што предмети ќе се полагаат за матура.. Ако да, знае ли некој кои предмети? Физика? За да знам на кои предмети да обрнам повеќе внимание уште од сега, да земам некој курс и слично. Исто така, дали треба да се има некој голем талент за цртање или сепак може да се усоврши тоа со вежбање? Дали има многу математика, тешка ли е и од која област е? Во врска со примениот испит, се оди претходно на курс на фалкутетот или приватно се земаат часови? Од која област се прашањата на испитот и тежок е многу? Со колку поени се влегува на фалкутетот? Чекам повратни информации! :D Благодарам однапред. :hai:
     
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.281
    Допаѓања:
    102.684
    Пол:
    Женски
    Значи јас не можам да ти одговорам со ова со предметиве и подрачјава бидејќи јас бев средно стручно па не се разбирам баш, мислам дека кај нас имаше и од едните и од другите, и од математичко а и б, дури и такви од средно медицинско, па пак сите истуркавме до крајот. Прво, најважно, ако немаш воопшто талент ќе ти биде потешко, ако имаш малку и ако вежбаш годинава имаш големи шанси да си поминеш лесно, реално и со ич талент се поминува. Обрни внимание на математика, ах тие црни интеграли душа ми извадија, физиката нема врска со таа од средно, но добро е да се има познавања, минимални. Математиката е од средно, или поточно мислам од 4та. И да, ако имаш и нацртна, обрни и на тоа внимание. Останатото можеш да го средип со курсот на факултет што е пред приемен, длабоко го препорачувам, според она што се збори во последно време. Кога јас полагав не зимав дополнителни часови, ама јас доаѓам од средно уметничко, па немав потреба од дополнителни часови, но сега разбрав дека приемниот е поинаков па други се спремањата. Останатото го оставам на тазе колегите ;)
     
    На reader му/ѝ се допаѓа ова.
  13. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.012
    Допаѓања:
    51.882
    Пол:
    Женски
    Можеш што сакаш да си полагаш, и интерно, и екстерно.
    И факултетот организира часови за спремање што се доволни за да го положиш приемниот, ако се трудиш доволно и си црташ по дома после часовите :)
    Нема многу математика, само во прва година, и е прилично лесно, барем мене ми беше, иии цртањето се учи и се усовршува. Не знам што друго да ти кажам...
     
    На reader му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Девојки јас сум четврта година и оваа година треба да изберам по кој пат ќе чекорам во животот. Подолго време се мислам веќе на кој факултет да се запишам и имам уште една година, но сакам да бидам спремна затоа што додека да трепнам годината ќе помине.
    Е сега се двоумам помеѓу филолошки факултет- преведување и толкување и криминалистика. Реално гледано, филолошкиот факултет е далеку по перспективен од криминалистика. Но како што гледам кој се се запишува на тој факултет(не сакам никого да потценувам), но поради тоа ја губам желбата. Од секогаш добро ми одел англискиот, го разбирам, но мислам дека на тој факултет му паѓа рејтингот или јас само така мислам?
    За работа мислам дека е полесно да се најде со филолошкиот факултет. Но сега и желбата да бидам детектив е преголема. Знам дека треба многу физичка активност и одличен просек за тој факултет и не знам дали сум спремна. Друго што не знам е што понатаму? Работа не е лесно да се најде, освен ако немаш некаде врски да влезеш со врски.
    И сега не знам што да правам, не знам за што да се одлучам. Ова е тешка одлука затоа што понатаму животот ќе ми зависи од тоа, јас ќе зависам од својата работа. Е ајде помогнете ми со одлуката барем малку. :)
     
  15. SomeWhere

    SomeWhere Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Женски
    Дали може некоја да ми каже мислење за арт и дизајн на Европски факултет?
     
  16. nezastitena

    nezastitena Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2012
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    28
    Ве молам да ми одговорите ако може. Мојата ќерка сака да студира на овој факултет,таа е одличен ученик,сега е четврта година -економско ама е многу слаба по математика. Ме интересираше дали на тој факултет има многу математика или не.
     
  17. SimplyElegant

    SimplyElegant Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Од каде информацијата дека на економски не учиме изводи, интеграли и функции? :^)
    Малку е старо мислењево ама не можев да не искоментирам
     
    На Plavusa.17 и Ger23 им се допаѓа ова.
  18. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Па другарка ми ми кажала што учи, а и јас учев средно економско па она вика дека е истата од средно. Не сум баш упатена на другите смерови што учат, ова е за на маркетинг, ама како и да е сепак мислам дека нема место на споредба. :) Далеку од тоа дека ја потценувам математиката на економски, немора да се палите толку. :)
     
  19. SimplyElegant

    SimplyElegant Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Не се палам, но сакам да кажам ако не знаете што и како се учи на одреден факултет/предмет подобро воздржете се од коментари отколку да ширите дезинформации. Математиката во прва година на економски е таа, без разлика на кој смер си, а таа вклучува: Низи и редови (аритметичка и геометриска прогесија); комбинаторика; веројатност; детерминанти и матрици; изводи и интеграли; финансиска математика и долгорочни финансиски операции.
    А што се однесува на тоа дека Машински и Економски немаат скоро никаква допирна точка, донекаде е точно. Тоа се две сосем различни програми и имаат сосем различен предмет на изучување. Но да не должиме многу, секој од овие два факултета си има свои предности и недостатоци.
     
    На Elena69221, Plavusa.17, LittleDevil и 2 други им се допаѓа ова.
  20. aaangelaaa

    aaangelaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Дали мора да се полага екстерен предмет математика, бидејќи сакам да се запишувам на архитектура. Иначе учам техничко училиште... Чекам одговор.