Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кој факултет да го одберам?

Дискусија во 'Образование' започната од elenapfp, 7 февруари 2010.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.994
    Допаѓања:
    81.332
    Пол:
    Женски
    Не мора, не е задолжителен и слободно можеш да земеш англиски јазик за втор екстерен предмет.
     
    На aaangelaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. aaangelaaa

    aaangelaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    ОК, бидејќи знам порано беше задолжително... :)
     
  3. rikimartin

    rikimartin Активен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    fakultet

    Dali e pametno da se odbere marketing deparmentot na UKIM , i iskustva od istiot fakultet ?
    [mod-kirilica:oefrhj2k][/mod-kirilica:oefrhj2k]
     
  4. AngelaBieber

    AngelaBieber Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Општи прашања

    Сакам да прашам дали со средно економско може да се иде архитектонски или градежен факултет? :)
    ии дали е тешко економско (економски техничар) ?
     
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Општи прашања


    Може само положи приемен испит на факултет и биди одлична уч. во средно
     
  6. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Дечки студира некој Историја на уметност? Годинава сум матурантка, ме интересира како е, дали е тешко? Што поточно се изучува, кои предмети де... :)
     
  7. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.242
    Допаѓања:
    10.404
    Пол:
    Женски
    Се мислам дали да одберам Правен или Филолошки факултет?
    Проблемот е што јас стварно сакам да одам на правен за разлика од некои што одат само за да имаат диплома во џебот.Од друга страна кога ќе се сетам колку дипломирани правници има што чекат за работа...уфф :worried:
    Многу ми е тешко, а уште сега не напнаа да се определиме за предмети за матура, па така мораш и за факултет...А јас сеуште не знам...Во многу шит ситуација се најдов. ;(
     
  8. Ivy18

    Ivy18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    76
    Здраво . Сакам да прашам што мислите кој е подобар факултет економски во Скопје или економски во Прилеп ?
     
  9. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Па нормално дека ке биде во скопје, во прилеп се дисперзирани студии
     
    На Elena69221 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Не би рекла дека во Прилеп се дисперзирани студиите. Економскиот факултет во Прилеп важи за доста солиден факултет.

    Ако ти е поблиску Прилеп нема зошто да даваш дупло повеќе пари затоа што сите знаеме дека Скопје е многу скап град доколку не си навикната да живееш таму од мала. Да не беше солиден факултетот во Прилеп немаше секоја година сите места да бидат пополнети :)
     
    На Ivy18 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    Ако веќе знаеш што сакаш, не треба воопшто да си во дилема. Не само дипломирани правници, туку и на филолошки секоја година дипломираат стотици студенти од еден смер, а ни на другите факултети не е поразлично. Со самото тоа дека веќе над 95% од средношколците продолжуваат на факултет, се е јасно. На твое место јас би одбрала правен без двоумење.
     
  12. Olgica22

    Olgica22 Активен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    Не знам дали темава е соодветна за моето прашање ама дали може некој да ми каже повеќе за смерот лабораториски биоинжењер на фармацевтскиот факултет и дали по завршувањето може да се стане професор нели како било тоа 3 предмети полагаш плус и можеш и како професор да работиш е сега дали и за овој факултет важи?
     
  13. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    Филозофија или криминалистика?

    Кој е подобар Филозофија или криминалистика? Двата факултети ми се интересни ама кој е подобар во реалност сепак една грешка за цел живот несакам... :?: ваше мислење :)
     
  14. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    2.037
    Има ли некој искуство со факултетот за царина и шпедиција во склоп на туризам и угостителство во Охрид, некои подетални информации? :)
     
  15. smiley-94

    smiley-94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    321
    Како интерни ги одбрав филозофија и географија.Но сакам филозофија да го заменам со биологија затоа што филозофија имам многу повеќе за учење а си се штедам за приемниот.Јас како што знам интрени предмети треба да се општо образовни предмети и дека нема никаква улога кој ќе биде. Е сега така е или...?
     
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.994
    Допаѓања:
    81.332
    Пол:
    Женски
    Не дека нема улога, битно е пак да си одберете сродни предмети за секој случај.
    Добри ти се предметиве, мој предлог ти е да не ги менуваш, зашто на приемниот нема да имаш ама баш ништо за бубање и читање.
    Посветете внимание и на матурата, нека не ве лаже некој дека не е битна воопшто - мојата генерација се извади на солидните поени од матура. :wasntme:
    Голема предност е ако само од успех и матура имате повеќе поени.
    Целиот тест е со цртање, а ќе имаш доволно време да ги извежбаш сите типови на задачи без проблем.
    А и мислам дека веќе не можат да се менуваат предметите. :?:
     
    На smiley-94 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Anne09

    Anne09 Активен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Филолошки факултет или факулет за ветеринарна медицина?

    Здраво, имам 17 години и сум трета година во гимназија, општ смер. Можеби е рано, но многу често размислувам каде да го продолжам понатаму образованието. Уште од кога паметам за себе, ги обожавав животните и сонував еден ден да станам ветеринар. Но кога станав повозрасна, бидејќи многу лесно ги совладувам англискиот и францускиот јазик кои ги учам на школо, сите околу мене ми велат дека имам среќа и треба да се запишам на филолошки факултет. И француски и англиски имам 5, но неможам да се замислам да бидам професор, наставник или пак преведувач или толкувач. Но дома ми велат дека со изучување на англискиот можам да работам надвор од Македонија и да добивам голема плата.Ако одлучам за филолошки факултет, не би требало да има проблем за учење, и онака тестовите ги вадам 5 без книга да фатам. Но ако одлучам за ветеринарна медицина, тоа е веќе друга работа. Читав на нет дека е многу тежок факулетот и има тешки предмети. Затоа ве молам за совет. Дали може да ми помогне некој кој се запишал на филолошки, и некој друг кој завршил или е на ветринарна медицина. Со кој факулет полесно можам да се вработам и кој од нив вреди повеќе да се изучува? Ви благодарам однапред. :)
     
  18. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    За ветеринарниот можам да потврдам дека е тежок,иако мислев дека е поинаков,ги гледав цимерките,пошто имав и такви,дека многу учеа,имаа и доста гадни вежби,плус рачунај дека животните незнаат да зборуваат па да кажат што им е,а и се учат анатомии,доста болести,разни методи и за кај нив,освен за лечење и за други работи.Јас им се чудев како женски се нафатиле за тоа,од ко видов што е и како е,затоа прво убаво информирај се.Не е само љубовта кон животните,многу повеќе е. А и не е само работа во ветеринарна амбуланта,има и работа на село,во фарми и слично.
    А јазиците се убави,чиста работа е,ако ти одат можиш.САмо еве во последно време викаат имало многу на тој факс,ама сепак,ако сакаш да одиш во странство е попогоден,а и да,има повеќе можности и различни работи можиш да работиш.Еве нека дадат совет и тие што се на овие факултети.
    А можиш да си преведувач,да не зборуваш,само да преведуваш,ако не можиш да се замислиш како професорка.Ете малце објаснив,се надевам барем малку да помогнав.
     
  19. Anne09

    Anne09 Активен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Офф леле.. :( воопшто не ми се оди на филолошки.. Имам голема желба да одам на ветеринарна медицина ама ете, таква ни е државата, таа професија не се цени :worried:
     
    На Ekatarina95 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. be.unique

    be.unique Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    6
    Ме интересира дали на форумов има некои дипломирани архитектки?
    Како понатаму за работа? И како се движат платите? :lol:
    Се двоумам меѓу неколку факултети, иако архитектонски ми е највеќе при срце, па да си направам статистика :)