Правилен избор за студии Во голема дилема сум околѕ изборот на следна професија. Ми се допага работата во козметичка индустрија.. барем тоа го сакам,но доволно сум зрела до сега да сфатам дека не е важно само за кое имаш желба туку пред се она од кое ке станеш независен, успешен и најдобар во својата струка. Секако со добра заработувачка. Затоа сеуште многу се мислам.. можам да ви кажам дека да ме прашавте пред 1 месец што ке одам на студии ко од пушка ке кажев МЕДИЦИНА, зашто навистина со тоа бев на чисто. Во март аплицирав во Словенија на медицина но сеуште чекам одговор. Сега како времето што повеке се ближи крајот на средно.. почнаа да ми доагаат нови идеи. Фармација ми е втора опција.. моите имаат аптеки две и доколку прашам некојкојме знае.. би рекол ШТО ТИ Е ТЕБЕ НОРМАЛНА ЛИ СИ? СЕКАКО ДЕКА ФАРМАЦИЈА! Но живеам во мало место и навистина сакам да просперирам некаде или Скопје, а и во странство. Ми падна на ум и биотехнолошки зашто со тоа можело да најдеш работа во козметичка или биохемиска индистрија. Сега, не знам велат тешко било имало математика (што патем ми е слаба точка), но веке одамна не се потпирамна она тешко е лесно е. Ако е за така, со медицина ме направија дека треба да останам стара мома и да земам социјално. Башка тоа што ке сум умрела од учење. Затоа,доколку некој знае нешто повеке во врска со ова да ми каже. Која е реалната слика во Македонија?
Ме интересира како тоа на архитектонски факултет од 8 сабаље до 8 навечер? Секој ден е така? Како тоа непреспиени ноќи?.. Немојте да ме пишманувате..
E аман де, немојте да бидете толку големи буквалисти. Самиот факултет си е таков, напорен и захтевен. Се случува понекогаш, т.е. често поголемиот дел од денот да се помине на факултет, ама ќе ти стане и навика. Не е играчка архитектурата, не може да бидете 2-3 саати на предавања и останатиот дел од денот да ви биде слободен - ако не сте на предавања, секако ќе имате милион обврски во врска со факултетот нели, кои ќе треба да си ги извршувате (задачи, вежби, проекти, материјал за учење). Барем не на ваквите факултети од типот архитектура, градежен и сл. Ако не си спремна да му се посветиш асално на овој факултет - мој совет ти е да си најдеш друга опција, ма да мислам дека ако навистина некој сака да учи архитектура, нема да му биде проблем, т.е. читај - ќе се навикне и ќе му стане рутина.
POMOSS..... Sto da izberamm...... PMF-biohemija (tuka me plasi da ne ima mnogu hemiski zadaci za resavanje i matematikata vo paket so fizikaata ), medicina (tuka site velat oti e preteskooo), fizioterapeft (tuka nemam posebni informacii) ili laboratoriski bioinziner (tuka isto zadaci da ne ima i oti e trigodisnoo)?? ili nesto po vas predlog... imam sredno medicinsko - da NEMA:matematika, fizika i se sto e povrzano so zada4i
што мислите за класични студии? некој воопшто се запишува на тој факултет? годинава би имало студенти? искуство, мислење...???
Јас сум матурант и голем мерак ми е да одам на архитектура, но сепак во мене постои сомнеж за тоа дали би успеал? За цртање сум експерт учев некоја година уметничко, а математика сум тапа. Е сега во врска со математиката дали би можел да ги постигнам тие работи кои што се изучуваат на факс доколку немам познавање, а би земал приватни часови по математика(геометрија) на пример.? мислам дека се е можно да се научи, но сепак добро би дошол совет. И друго што сакав да прашам е доколку би успеал да се запишам, дали би имал барем еден час слободен навечер бидејки се занимавам и со др. работи кои одземаат многу малку време, а ноќта,денот би ги посветил целосно на факултетот што се вели. Е сега дали е изводливо ова? па ајде некој кој што студира архитектура нека ме посоветува, да ми ги разјасни малку работите..
Убаво си напишал, дека кога се сака сè се може. Штом ти оди цртањето нема да имаш проблем со уметничкиот дел од факултетов, па ако „ти работи“ креативноста и снаодливоста во просторот - уште поубаво. Математиката е најважен предмет и сметам дека ако сакаш да бидеш иден инженер, без разлика дали станува збор за архитект, геодет, градежник, машинец итн. секако ти е важен предмет кој е основа на оние баш инженерските предмети како статика, јакост и ним сличните. Во последно време на архитектурата се гледа како дел од уметноста и повеќе се застапени оние цртачките предмети, меѓутоа си треба математика, нека не ве лажат другите. Посвети внимание на она основното - равенки, неравенки, изводи, интеграли - без нив не можеш понатаму. И подобро почни си со часови на време (на приемниот нема математика воопшто). Ти треба и геометрија, меѓутоа ние повеќе внимание ѝ посветивме преку Нацртната геом. него ли преку Математика 1/2. И да си го испланираш времето, понекогаш пак нема да имаш време за додатните активности, но сепак „се јаде некако“, како што би рекле старите. Ако знаеш и ако сакаш да си го поделиш времето - ќе ти биде океј, впрочем, тоа е најважно и за сите студенти, не само за оние на Архитектонски, зашто ако не си го испланирате времето или ако не си го испочитувате зацртаниот дневен план - тешко ќе ви биде.
Ајде и јас да си прашам. Ми оди математика, меѓутоа ликовното - слабо. Единствено ме бива за цртање на правилните фигури. И интересно ми е тоа. Ама останатото од ликовно ми е слаба точка. Имам и некои потешкотии со снаоѓање во просторот, барем од тоа што го имам досега учено во школо (геометриските тела), а мислам дека тоа е голем минус за факултетов. Малку по малку ми станува полесно снаоѓањето во просторот, бар во последно, како да навикнав, ама сепак - не е тоа тоа, знам каква е ситуацијата. Е сега, не знам ни сама што точно очекувам... само искрен одговор. Тоа ми треба. Дали доколку вложам труд би успеала, или да си го тргнам факултетов од глава? Имам познаници, би можела и од нив да барам мислење за факултетов, ама сакам искрен одговор, навистина искрен - а на верувам дека познаник би ми кажал в лице: Немој да се лажеш, не си ти за таму. А тука се надевам дека ќе го добијам вистинскиот одговор, без разлика каков е - само искреноста ми е важна. Од горе напишаното, и сама си го давам одговорот на прашањето, ама, некако го сакам факултетот, архитект ме асоцира на професија од соништата... и тоа некако не ми дава лесно да се откажам.
Moj најискрен совет - провери кога се пилот тестовите и подготвителната настава кои ги организира факултетот, ако имаш можност уплати си и види како стоиш со приемниот и како ќе ти одат тие предавања. Ако реално навистина оствариш добри резултати - пробај си ја среќата, ако не ... барај друга опција, зашто ако не можеш да ги совладаш тие работи, не дека ќе ти биде нешто посебно тешко на факултет, ама нема да имаш можност ниту да влезеш.
А какви се шансите да добиеш стипендија со овој факултет? Затоа што на пр повеќето студенти само гледаат да поминат, што е со останатите кои ете сакаат повисоки оцени за стипендија, ќе имаат ли доволно време, и воопшто можност затоа што не е толку лесен факулетот? За во Скопје прашувам. И се одржуваат ли такви настани како што има од останаите факултети политијади, економијади и сл? Колкав е процентот за машки спрема женски студенти? Колкави се платите за архитекти во домашни и во странски фирми? И кои други работни места може да ги работиш со оваа професија а да бидат поврзани со професијата?
Ништо не е невозможно, ама за висок просек навистина треба да си го испотите га*от од учење. Не се надевајте многу-многу на стипендија, ама ако сметате дека имате потенцијал потрудете се. За времето реков и погоре - ако си го испланирате времето и ако се држите до тој план ќе имате време, но не очекувајте да си шетате и да си бидете активни со останатите активности како претходно, барем во почетокот, додека не „влезете“ во шема и додека не ви стане рутина. И не се согласувам дека повеќето кои се таму сакаат ради-реда да поминат - и тебе ако ти се паднат такви идиоти од професори/асистенти (а верувај 90% се такви) кои пет пати ќе ти поништуваат и враќаат вежба и ќе те мајтапат за потпис, не само што ќе гледаш да се откачиш од предметот, туку и ќе се молиш истиов да не ти предава друг предмет и не го завлечеш и него. А тоа дали вие покрај факултетските обврски ќе имате време и за нешто друго си зависи само од вас, пак ќе кажам и потенцирам. А процентот машки-женски - би рекла дека е 50-50, иако последниве години повеќе преовладуваат женските - небитно е, секако ќе имате и идиоти од колеги и некои за кои без сомнеж би ставиле рака во оган, и вие за нив и тие за вас.
Ајде и тука ќе пишам , со надеж дека ке добијам одговор. Правен или Филолошки - Англиски јазик и книжевност?
Девојче за тебе само педагошки е или евентуално некој од комплексот правен,економски,филолошки и филозофски. На факултет ќе одите ова ме плаши-она ме плаши. Не се запишувај ако те плаши. Ако го сакаш тоа и си решена да го учиш, ќе се стегниш ќе го научиш,ама сеа биохемија да очекуваш да нема хемија е исто како да се ебиш без да ти влези. Медицина треба да ти е единствена одлука. Доколку се двоумиш помеѓу медицина или некој друг,одбери го другиот. Крај. Се ежам кога ќе помислам каква генерација доктори ќе не лечи.
Погрешно си ме разбрала. Јас не велам ништо лошо како што Потенцирав имам средно медицинско и дека математика не сме учеле на ниво како и гимназија, а за на ПМФ сигурно не е лесна математиката. А за доктор не се секирај, ако јас завршам медицина немој да се ежиш затоа што ако некој ја земе дипломата од УКИМ-Медицински-Општа медицина, кој нема врски значи дека стварно вложува труд и тоа ОГРОМЕН, а исто така и трпение!! Биди поздравена и биди среќна ако во иднина те лечат луѓе како што сум Јас
а пошто ќе имало демо тестирање, дали некој ако не појде на тоа тестирање после може да се запише на архитектонски? и што е воопшто тоа демо тестирање?
Пилот-тестирања на кои има материјал речиси ист како на приемниот. Тоа се пробни тестирања на кои си ги самотестирате способностите, да видите до кај сте и да споредите со резултатите на другите, да видите дали имате шанси за влез. Не е научна фантастика, но сепак треба труд. Може да се запише и некој што не бил на демо тестирањата, НО под услов да освои доволно бодови од приемниот, а ако не ги знаете вежбите кои биле на демо тестовите, може малку ќе се чувствувате како изгубени - барем случајот со ланските кандидати беше тој.
Вака бегло да одговорам на повеќето прашања, првото што ми падна во очи беше она со работата, не да има, и тоа одвишок, спектарот е голем, да бидеме искрени ова е професија која во моментов е најбарана. Јас во моментов работам во Урбанизам во една Скопска општина и сум на Буџет, што е одлично за разлика од несигурните работини места во приватниот сектор, но тоа не е толку креативна работа, ама па не може се да се погоди нели. Второ ми падна во очи математиката, со завршено средно уметничко успеав да ги поминам и математиките и статиките, не е страшно и не би се сложила со Мишела дека Математиката е битна, не е битна воопшто со оглед на тоа што онаа Математика која ја бараат во Статиките нема благе везе со некоја тешка математика, мое мислење, а од математика освен множење, делење, собирање и одзимање досега ништо не ми притребало, епа види сеа. Од друга страна цртањето, ти е доста битно, мора да те бива бидејќи речиси целиот концепт се става на хартија рачно, а ако не те бива во тоа лесно ќе се откажеш, но и тоа се тренира, не е страшно. Стипендии, ако земеш во предвид дека годинава најдобриот студент на целиот универзитет е од овој факултет ќе сфатиш дека не е недостижно, токму така, моја колешка годинава беше прогласена за најдобар студент за 2011/2012, со оглед на тоа што дипломираа минатата година де. Се стига до стипендии со оглед на тоа што се студира по Болоња и тоа значи олеснување во процесот на зголемување на оценка. Демо тестирања, да многу помагаат, поготово за ученици од гимназија, јас не бев ни на подготовки ни на Деми па положив со речиси максимум поени, бев во првите 20. Тоа е тоа, е сега бидете си спремни на непроспиени ноќи, на откажувања и слично, ама тоа се учи многу бргу ќе видите. Само еден совет од мене, бидете спремни на малку поарогантни професори и асистенти, поготово некои од новиве, ужас се според мене, критериумите ги имаат кренато на највисоко ниво, почнувајќи од Деканот па се до некои професори ќе си имате мака, но и тоа проаѓа, ако си решил да го учиш ова, ништо не ти е битно
Има ли повеќе предност ако наместо Гимназиско средно , учиш во некое средно училиште каде што има стручен смер за архитект (на пр. СГГУ „Здравко Цветковски“ бидејќи овде има смер за архитектонски техничар).