Абе види, за предност мора да има предност, сепак учиш доста работи кои ќе ти помогнат покасно, ама си има и мани, таа пуста Математика никаде не се учи доволно како во Гимназија, мада јас ја средив и со средно уметничко без ниеден ден Математика
Sweet подобро англиски јазик, поголеми шанси имаш за работа пр. во некое странско школо Аничка, психологија, не е многу лесна, ама имаш поголеми шанси за работа, мада и географијата не е лоша
Архитектонски факултет УКИМ vs. Архитектура и дизајн УГД Здраво, Се двоумам помеѓу Архитектонскиот факултет во Скопје и студиската програма Архитектура и дизајн при Факултетот за природни и технички науки во Штип. Ако има некој што студира еден од овие факултети, нека пише каков е принципот на полагање, дали професорите се строги, дали има многу за учење... дали има приемни испити за упис итн итн
Архитектонски факултет УКИМ vs. Архитектура и дизајн УГД Архитектонски при УКИМ ти е како да кажам, чиста архитектура, а на УГД имаш три модули - Внатрешен дизајн, Пејсажна архитектура (за нив се определувате после трета година, значи ги одбирате како постдипломски студии) и од оваа година Архитектонски смер на кој мислам ќе се полага приемен испит исто како кај скопскиот Архитектонски. Тука во прва година сите (ќе) учат исто, освен оние кои го одбрале модулот Архитектура - тие ќе имаат поразлична програма и ќе изучуваат предмети исти како на овој другиов. Профеcори секаде имало и ќе има секакви - и гадови и оние кои ќе ве научат доста нешта, па и такви на кои ќе им биде сеедно. Ако те интересира архитектурата, искалкулирај си каде повеќе би имал можности па и желба за да се запишеш и види си. Значи, ако си заинтересиран конкретно за Архитектура, фокусирај се или на оној при УКИМ или модулот Архитектура кај овој другиов, УГД. Другите два не ти требаат, освен нели, ако случајно не те интересира нешто од таа област.
Може ли некој да ми објасни подетално разликата меѓу општа медицина во Штип и општа медицина во Скопје? (уписи,настава,пракса,професори,организација на факултет,каде е подобро и слично...)
имам и по други теми прашувано но никој не ми даде одговор, па затоа ќе се обидам пак да прашам. Дали некој планира да се запише на латински јазик? или можеби познавате некој што ќе оди таму? во последно време некако тој факултет ми се врти низ глава, ама многу ми е страв да не бидам само јас студент на тој факултет лани како што видов само 7 студенти имало и тоа повеќето втор уписен рок се запишале. сега финатава е што овој факултет е поделен на три групи: старогрчки, латински и другата група не ми текнува која е. јас ако би одела, би одела на латински ама стварно се плашам.....има ли шанси само јас да бидам ? да знам дека барем уште некој би одел и јас со задоволство би се запишала секоа информација е добредојдена
Jas zavrsiv sredno medicinsko ... Se mislam da ostanam sepak vo Struga ili Ohrid...sto smerovi ima tukA dali znae nekoj ? Mene zelba izkreno mi e Tetovo pedagosko ne sakam vise mdicina too so go znam go znam do tuka ne navlegvam vise sto vikate vie ?
штом никој ништо не кажува, значи никој не познава ни пак планира да оди на латински.....се разочарав....
Ме фаќа страв и паника уште од сега, не знам, апсолутно никогаш не сум можела да направам добар избор, се ми се чини дека ќе укакам работа најдобро што можам. Машински ми е на листата, имам уште цела година да размислам и да се одлучам, и планирам подобро да го ,,истражам'' факултетов а и општо факултетиве, затоа што буквално на слепо зборам, врска немам ништо што како фунционира, гуска...
иста сум еј , и јас имам уште една година, ама всушност не е цела , треба веќе во ноември да бирам проектна, потоа да се спремам за матура, а и ја сум гуска самошто јас имам цела една листа на факултети: пмф- физика или математика, мразам деца,а со ова ништо друго освен проф неможе да се биде финки-тоа ми беше желба уште од основно поточно од малечка(сакав да бидам плогламел ), но сега некако несакам економски-е ова го сакам навистина сакам да работам во некоја банка, ама годишно примаа 1000 души,мноогу тешко за вработување потоа машински или електро-и ова исто како финки ми делува мноогу далечно и недостижно некако, несакам да бидам инжинер на мама вработен во конфекција, а и некако ми згасна желбата за овие размислував и за политички науки-ја сакам политиката ,ама учам гимназија математичка а комбинација(многу добро ми одат математика и физика и лани без да размислувам одбрав математички смер), немам учено ништо од право како последна опција ми е мадицина ама слаба сум хемија, a и моите несакаат баш да одам на медицина од финансиски аспект( 5-6 години сигурни+ специјализација и што ли уште не) Досега секоја година просек ми бил 5,00 имам и неколку дипломи од физика и математика, би влегла на бло кој факултет ама незнам што е подобро , всушност поима немам од перспективност на факултетиве
same here .. значи не знам што сакам, не знам и тоа ужасно ме нервира. Сакав медицина, но откако видов каква мизерија се болниците се предомислив, нема шанси медицина.. Не сакам ни заболекар, ни економски, ни правен.. со други зборови, не знам шта хочу ал увиек знам шта нечу
Колку и да е мизерно македонското здравство ете се решив да студирам медицина. Знам како стојат работите но друго незнам што.Премногу сакам психологија но ниту еден не рече е да има работа со тоа.Многу доктори ми велат не оди на медицина,медицината не е таква каква што беше.Сега се е за профит,многу доктори не успеале да ја дијагностицираат болеста кај луѓето во ран стадиум или пак даваат погрешни дијагнози и слично. Се надевам после 6 год.ке можам да пишам Др.Вестлајф.
Вестлајф, знаеш зошто велат дека медицината не е таква каква што била некогаш ? Затоа што, погрешно ја перцепираат професијата лекар, доктор, како сакате. Сите - добро можеби не сите, но повеќето кои конкурираат на МФ си имаат смотана визија пред себе - сопствената слика декорирана со белиот мантил, со чија помош се чувствуваат па и се однесуваат како богови. А не знам колку тоа бело парче материјал им го дава правото за тоа, зашто да бидеш лекар е најхуманата професија според мене и навистина секој треба да си го користи тоа стекнато звање така на тој начин и приоритет да му биде спасувањето животи без разлика дали станува збор за некој непознат или сопствената мајка, а не да се перчи и да бира на кој ќе помогне денеска додека е на смена. Не може секој да биде хуман - тоа е факт, но сепак би рекла дека отсекогаш било така - доктори стануваат и оние кои едноставно не се за таму и тоа е тоа. Верувам во таквите кои и покрај многубројните факти се нафаќаат да се впуштат во овие води, зашто најчесто тие и најдобро ја сфаќаат поентата да се биде медицинско лице и не им е мисла водилка белиот мантил кој „моќ“ значи кој еден ден ќе им ја краси ставата.
Неодлучна сум многу, иако имам година дена пред мене, би било пожелно да имам одприлика што и како, бидејќи за некој месец ќе морам да ги одберам предметите за полагање и проектни.Ми се вртат мал милион опции и навистина не знам што би одбрала. Голема желба ми е да студирам психологија, ама па од дома ми набиваат тензии дека немам иднина со тоа, а знам дека тоа ќе биде она што ќе го учам со љубов, во кое ќе вложам се и навистина ќе се потрудам да постигнам најмногу што можам. Втора опција ми е Филолошки, ми одат добро јазици, моментално на јазичен смер сум, англиски, германски, италијански и латински ги изучувам, и фала богу добро ми одат.Знам дека би се вклопила во факултетот и дека би ги учела со љубов, ама не ме влече толку многу како психологијата. И третата опција наметната од моите е Графички и веб дизајн.За технологија и информатика ме бива, основите на програмирање ги знам колку толку, ама па знам дека има математики, и не знам како би се снашла, а знам дека реално најсветла иднина имам со факултетов, ама не е моја желба. Некој совет девојки?
И јас се двоумев дали да студирам општа медицина или да одам на филолошки. Но, како рекле старите три пати мери еднаш сечи. Ова е многу важна одлука за понатамошниот живот, бидејќи од оваа одлука во најголем процент ќе ни зависи животот. Барем јас така си мислам. Да преминам на главното...Сите знаеме дека медицината е тешка и хумана професија, од која што се бара издржливост и голема посветеност. Но, медицината не е како што била порано. Сега најголем процент од студентите сакаат да го носат називот доктор, затоа што е ценета професија според мене, но не секој го може тоа. Во болниците е хаос, нема никаква компетнтност од страна на стручните лица и тешко на пациентите. Жал ми е за нив, и тешко на тој што влегол во болница..Ужас е.. Затоа донесов одлука да одам на филолошки факултет, катедра македонски јазик и јужнословенски јазици. Ќе се посветам најмногу што можам за да еден ден бидам некој и нешто. Иначе филолошкиот го сакав од порано, па сега се одлучив да студирам таму.
ФАКУЛТЕТЗА ТУРИЗАМ И УГОСТИТЕЛСТВО – Оhrid има дисперзирани студии во Битола и Велес и смерој за 4 год.студирање и 3 годишни студии внуками сака да се запиши тука со тој што е со 3 години има ли некој тука запишан? да каже како е што е на факултетот?