Постои ли смер каде се изучува графички и веб дизајн ? Јас досега имам сретнато само на Александрија , каде го има на друго место ?
Размисли убаво, имаш време не си уште матурантка(барем јас така мислам), размисли дали навистина немаш желба за тоа. Инаку ни псохологија ни филолошки не се лоши факултети сега не перспективен може да е секој(т.е кај нас е секој зашто работава е изопачена до бескрајност) Да не те разубедувам ни јас сега, ако имаш желба и талент за веб дизајн размисли можда и ќе те влече понатака и убаво ќе се снајдеш. Имаш време и ти и Анабела не се тувкајте уште од сега, не е толку страшно ќе смислите до догодина што стварно сакате, ама читајте за тоа, листај низ факултиве, читај за идната професија не може да одмогне во никој случај само за да помогне. На анабела и имам кажено си знае дека ја има мојата помош и подршка и нема потреба од гускосување, сите сме се нашле во некоја слична ситуација пред да се запишеме на факултет. Затоа ние постарите што сме минале низ тоа пред неколку години сме тука да помогнеме колку можеме. Мене Јуле наша ми помогна многу лани кога се мислев меѓу два смера за магистерски и вечно ќе и бидам благодарна за тоа
Се мислам дали да се запишам на Технолошко-металуршки факултет смер Прехрамбена Технологија или на Земјоделски факултет смер производство на земјоделски производи.На технолошки има математика и предмети поврзани со математика,а не ми иде многу многу математика,на Земјоделски нема,но се стекнуваш со назив земјоделски инжењер по струка,а не технолог,викаат Технолошки е попризнает и повеќе има работа.Иначе имаме приватна млекара затоа на смерот..
Здраво, што мислите за технолошко-металурршки факултет, те. новиот смер Инженерство на материјали и нанотехнологии? Јас електронски аплицирав за тој смер. Што мислите општо за тмф? Иако не сум активна многу на форумов редовно ве читам и немам сретнано некоја феминка што студира на тмф. фала.
Уште 4 дена има до уписи, ама толку сум неодлучна... Се двоумам помеѓу градежен-геодезија и финки - КНИ или МТ. Совет?
Da prasam dali ima nekoj so saka da se zapise ili vekjke e zapisam na filozofski smer pedagogija? Mi treba mislenje za ovoj smer
^ Напротив, јас мислам дека во последно време ФИНКИ е во мода, градежен си е, како да кажам ... скриено жарче. И трите насоки се супер според мене, убаво разгледај ги наставните програми и одлучи си според тоа каде мислиш дека најдобро би можела да се снајдеш и да си ги вклопиш интересите.
Размислував меѓу медицина општа во Штип и филолошки-насока македонски јазик и јужнословенски јазици...Што мислите што е подобро. И двете насоки ги сакам, но сепак одбрав филолошки.
Искрено, мислам дека нема потреба да трошиш години за графички и веб дизајн. Има во склоп на Семос колеџ за графички и веб дизајн, два семестри. Сосем доволно. http://www.semoskoc.com.mk/default.aspx
Имам уште една година до матура и уписи на факултет, но веќе размислувам за тоа што да се запишам. Ме интересира нешто архитектура, ги читав претходните постови, сите се плаашат од математика, јас се плашам од цртањето.. не дека не ме умее до толку, ама толку многу има за цртање? И ако има некоја феминка запишана на архитектонски да ми каже што предмети има, ова она......
Јас не сум на архитектонски ама имам другар што е таму и можам да ти кажам дека имаат многу за цртање, кога и да го прашам што правиш еве цртам ми вика За таму треба стварно да ти оди цртањето, сеа незанм веројатно со тек на време уште повеќе се усовршуваш, ама како и да е треба да знаеш. Како и да е да не зборам јас без врска, кажувам од што ми кажува другаров ептен добар ми е, ама сепак нека ти каже некој што е таму
И црта нешто вакво? не ми изгледа комплицирано Инаку благодарам за мислењето пс. може да ми кажеш во која населба е Државниот Архитектонски факултет?
Е тоа незнам што црта, знам еднаш само дека имаа зграда да измерат и да ја нацртаат со сите тертифи, друго незнам Инаку во која населба, па центар му доаѓа.. една станица после Симпо
^ Додека да се стигне до ваквото цртање имате доста време - не дека ова е врвот на цртањето - има далеку посложени скици и ова е само основата, ама додека да науичите без мака да шпартате ... ќе се стрпите малку. Изгледа прелесно, ама има многу мутави работи кои и не го прават така лесно, но со тек на време е океј и се навикнуваш. На Архитектонски сѐ е цртање и математика, без разлика дали станува збор за изводи и интеграли или пак пресметки со размерот и претварања - и тоа е математика, без разлика дали е проста или не. Мој совет ви е, ако немате нерви за правење макети и цртање по цели ноќи ... најдете си друга опција. Или пак, пробајте си ја среќата, но имајте резерва на ум. П.С. Не се пофалија новите бруцошки - ќе имам ли нови колешки годинава !?