Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кој факултет да го одберам?

Дискусија во 'Образование' започната од elenapfp, 7 февруари 2010.

  1. Marijansita

    Marijansita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    12
    Кои предмети би требало да се полагаат интерно?
    За екстерно сум сигурна дека ќе полагам математика и македонски, ама интерно..? :?:
     
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.934
    Допаѓања:
    81.235
    Пол:
    Женски
    ^ Имаш доста широк избор - можеш да полагаш физика, информатика, филозофија, англиски/германски/француски, географија. :)
     
    На solnishko му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Loly77

    Loly77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2013
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    113
    Гледам дека на ФЕИТ се запишуваат претежно ученици од средно стручно техничко училиште или па од гимназија математички смер... Е сега, јас учам средно медицинско...знам, ја утнав работата, но на почетокот навистина сакав да учам медицина, се додека во 3та год не ми се променија желбите и сега навистина сакам да продолжам со информатика :worried: Сакав да ве прашам за мислење, според вас, дали ке можам да успеам на ваков факултет? Иначе сум одличен ученик и навистина многу ми оди математика, физика и сл (сум одела на државни натпревари мат. и имам супер резултати) но се плашам од електротехника и програмирање.... Дури ги земав учебниците електро од средно информатика и почнав да учам дел по дел :lol: Незнам дали желбата и упорноста ќе ми бидат доволни за да успеам, знам дека сепак не е исто ако 4 год до сега го учев тоа и сега ако наеднаш земам да ги учам учебниците. И при уписот на факултет ке ми влијае ли тоа што учам средно медицина? За државна матука ќе го изберам математика, а изборни информатика и физика така да не би требало да ми претставува проблем, нели? :worried:
     
  4. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.002
    Допаѓања:
    51.834
    Пол:
    Женски
    Можеш и англиски екстерно. :)
    Јас полагав математика и македонски екстерно, а англиски и информатика интерно :)
     
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Што му фали ма на деканот :$ :) ?!?! Ајде, ајде не е страшно отиде во пензија на 15.09.2013
    Не е до професори, асистенти туку до Институтите меѓу нив е :$
     
  6. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Не ме влече ни едниот ни другиот...Ама ете поинтересен е архитектонскиот...
     
  7. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Машински... Мислам дека е подобро машински.
     
  8. sweet-17

    sweet-17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2013
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    187
    Пол:
    Женски
    Што мислите за Градежен факултет насока Геодезија? Дали има некоја што студира таму, како одат предметите, професорите? :) :*
     
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.934
    Допаѓања:
    81.235
    Пол:
    Женски
    Ако сакаш, ќе успееш. Ќе се потрудиш малку повеќе околу програмирање кога ќе дојде време или добро би било да посетуваш некои курсеви за тоа (во последно време ги има многу).
    Ако ти кажам дека ученици од средно медицинско се испозапишаа на Градежен и Архитектура што исто немаат допирни точки со медицината, а истиве студенти се доста успешни, па што останало за другите технички факултети.
    Почни да си разгледуваш нешта поврзани со програмирање, потруди се колку што можеш, па види си, до матура имаш уште многу. :)
     
  10. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804

    Јас сум на геодезија :)
    Предметите не одат, само професорите, од нивната канцеларија од АМФ. :lol:
     
  11. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804

    Нема да те претставува никаков проблем, само избери си ги тие предмети за матура... Инаку ретко кој покажува толкав интерес за факултет уште сега, можеби сите размислуваат за тоа на кој факултет дасе запишат, ама ретко кој ги зема книгите... Инаку ако продолжиш со тој ентузијазам, сигурно нема да имаш никаков проблем! ;)
     
  12. sweet-17

    sweet-17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2013
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    187
    Пол:
    Женски
    Мислам дека понекогаш треба да се знае да се чита меѓу редови, али ај нема веза. :) позз
     
  13. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804

    Хехе, се нашалив, немој и ти толку при срце се да ставаш. Пиши ми ЛП ако те интересира подетално да ти објаснам. Поздрав :)
     
  14. emerald.orchid

    emerald.orchid Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2013
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    54
    МОЖЕ ЛИ НЕКОЈ ДА МИ ОБЈАСНИ НЕШТО ПОВЕЌЕ ЗА ПРИЕМНИОТ ИСПИТ НА АРХИТЕКТОНСКИ.КАКО?ШТО?ИМАМ НЕКОЈА ЖЕЛБА ДА ОДАМ ТАМЅ И АКО БИЛ НЕКОЈ НЕКА КАЖЕ КАКВИ ВЕЖБИ ИМАЛО..
     
  15. Lady-in-white

    Lady-in-white Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    53
    Колку години е архитектонскиот факултет?
     
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.934
    Допаѓања:
    81.235
    Пол:
    Женски
    Слободорачно исцртувате тела, според зададени параметри.
    Барем така беше кога јас посетував настава.
    Дадено ти е некое тело и истото да го скицираш два пати намалено/зголемено и сл. Дадени ти се трите погледи и според нив да склопиш тело и обратно - дадено тело да го разложиш.
    Потоа имаше ротации - едно исто тело од различни страни. Ова беше најзезнатата вежба, а на друго не се сеќавам да ти кажам.
    Секоја година менуваат по нешто, лани немаше перспектива, за годинава не знам.

    3+2, со тоа што со ДИА си проектант, а со петте години си туто-комплето. :)
     
  17. Eli.Malik

    Eli.Malik Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2012
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    38
    Дефинитивно Архитектонски.. Уште една година и ке бидам матурантка и после тоа планирам да одам на архитектонски факултет убаво цратм но :!: математика не ми оди :lol: :fubar: но некои велат дека и не требало многу да се знае математика :lol: :lol:
     
    На Natali.3 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.892
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    Наредната година сум матуранка.Но,еве уште од годинава почнав да размислувам за Архитектонски факултет.Едноставно го обожавам.Знам дека е тешко и дека има многу за цртање,но незнам колкави ми се можностите за да успеам да се запишам тука.Премногу ме мачи математиката,тапа невидена сум,буквално ништо незнам,едноставно само геометријата малку ја разбирам изминативе две години имав 2че.За талентот за цртање не сум толку лоша,со посветување малку повеќе време и вежбање,мислам дека можам да го усворшам.Другото нешто што ме спречува,е тоа што во 1ва и 2ра година поминував многу добра со просек 4,25. Да се надеваме дека следниве две години би поминала одлична. :rofl: :rofl: Инаку сум во општестевно хуманистичко пордачје под А. Ме интересира што се учи од математика? И кои други предмети ги има факултетов? Има ли физика? :lol:
    Не ми се чудете за глупавиве прашања. :lol: :tmi: :tmi:
    Така да би ви била многу благодарна ако некоја ме просветли и ми каже нешто повеќе.Колку и дали би можела да успеам да се запишам тука.
    Желбите се огромни,ама ..... ;(
    Фала ви однапред.
     
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.934
    Допаѓања:
    81.235
    Пол:
    Женски
    Девојчици, никоја од нас за жал не може да ви каже дали и колку ве бидува за факултетов, тоа секоја потајно си го знае за себе и треба да проба за да види дали претпоставките биле точни.
    Мој совет до сите тие кои планираат да се запишат на Архитектонски е, доколку имате можност да ги посетувате подготвителните часови кои се одржуваат секоја година на почетокот од јули месец.
    Има неколку пилот-тестови на кои се паѓаат 90% од нештата кои ги даваат на приемен, па видете како ќе се покажете таму и проценете дали навистина ве бидува и би се снашле во овие води или да си барате друга опција. :)

    Мене математика ми беше еден од полесните предмети, но мене ми оди математика доста, а во средно бев и математички А смер. :)
    Математиката е иста како онаа во средно, со мали надополнувања во напредната математика. Не е ништо страшно, но секако не би успеале да положите или да земете убава оценка без труд.
    Физика нема, има дел од физиката - статика и јакост и обично има доста за решавање и малку е зезнато (ок, малку повеќе и за кој како нели), но тоа е.

    И не знам што подразбирате под цртање.
    Да бидеме на јасно, нема да имате за цртање мртва природа или зградички и куќички - освен нели по Ликовна уметност или како и да се викаше предметот. Далеку е тоа вистинското цртање од ваквите слики или скици. :lol:
    Предност има техничкото цртање каде се бара прецизност - нормално и доста е битно како вие го перцепирате просторот, како се снаоѓате низ него и како го претставувате на хартија.
    Ќе си процените сами и ќе ви стане јасно дали сте за таму или не кога ќе ги ислушате тие неколку предавања и ќе го решите последниот, т.е. вториот пилот-тест. :)
    Ако не сте во можност, разгледајте материјали од некој кој ги посетувал овие предавања. Секоја година менуваат нешто - додаваат, одземаат, ама во главно тоа е тоа.
     
    На Anna-Banana му/ѝ се допаѓа ова.
  20. M.Kunis

    M.Kunis Активен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Сакам да прашам дали има некој на форумов што се преместил од УГД на УКИМ ?? Да го прашам за совет :!: да размениме мислење. Однапред благодара и ве молам за помош во голема дилема сум. :sweat: