Форумџика на годината

Кој факултет да го одберам?

Дискусија во 'Образование' започната од elenapfp, 7 февруари 2010.

  1. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Eве, да прашам и тука, дали има некој што е запишан на Дизајн и технологии на мебел и ентериер, или пак има во план тоа да го прави?! Ме интересираат многу работи, па би ми било драго ако ме просветли за дел.

    http://www.fdtme.ukim.edu.mk/za/
     
    На 1209, AngelOfArh и Hipster им се допаѓа ова.
  2. Jasee

    Jasee Активен член

    Се зачлени на:
    30 август 2013
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    1
    Дефектолог или логопед?!?

    Здраво на сите....сакав да се запишам на факултет во Скопје но незнам дали дефктологија или логопедија...ќе ве замолам за совет и дали некој има нешто завршено што е полесно и што спаѓа под учење за логопед а што за дефектолог и колку години се учи...ви благодарам од напред..:D :*
     
  3. anste

    anste Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    127
    Дали е можно да ме примат на ФИНКИ доколку не изберам за државна матура математика, а учам во Борис?
     
  4. Ivy18

    Ivy18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    76
    Може да те примат, ама зависи и од колку се пријавени и колкав ти е просекот од сите години.
     
  5. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    и јас размислувам да одам на ФИНКИ....одбрав математика за матура ;) ама и јас имам проблем....утнат ми е смерот...ОХА сум :D
     
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.928
    Допаѓања:
    81.219
    Пол:
    Женски
    ^ Нема врска смерот, најважни ви се предметите кои ќе ги одберете за матура и успехот од средно и тој од матура.
    Среќно! :)
     
    На Ekatarina95 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ekatarina95

    Ekatarina95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2014
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    37

    И јас се мислев помеѓу овие два факултета.Повеќе би сакала на Технолошко-метарлушкиот ,ама математиката ме предомислува. Но,сепак се тешам со тоа дека има само во прва година математика ,колку што можев да видам на страната од факултетот.
     
  8. Ekatarina95

    Ekatarina95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2014
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    37
    Болниците се катастрофа. Никакви услови ,ни ништо. А медицинскиот персонал толку арогантен што неможам навистина да замислам некогаш во животот да работам во такви услови..Штета ,медицината е многу убава наука и многу сакам да ја учам но сепак... И имам разговарано со професорка во средно медицинско што предава баш кажуваше колку труд треба да се вложи за да се заврши општа медицина и на крајот пак не ти се исплаќа сиот труд што си го вложил...
     
  9. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.584
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Ако навистина тоа те влече, не дозволувај луѓето да ти ја расипаат и уништат желбата.
    Моја другарка многу сакаше медицина, а не запиша од х причини и сега многу се кае, само бара алтернативи нешто во врска со медицина да заврши.
    Ако стварно сакаш тоа да го учиш, учи го- не слушај другите што ти зборуваат.
     
  10. LoveIsAllAround

    LoveIsAllAround Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    113
    Епа вака имам неколку прашања за оние што се на ФИНКИ.Знам дека ми е многу рано и дека имам уште цела година за размислување но сакам уште од сега да знам се во врска со овој факултет бидејќи ако сфатам дека не би можела јас да успеам таму кога ќе бидам 4та година ништо од мојот факултет т.е сакам да кажам дека сакам да знам се уште со време.Најпрво би сакала да прашам како е со програмирањето,од каде се почнува од почеток ли или треба да се има некоја основа од средно бидејќи во средно кај мене само јас сум заинтересирана за предметов и од преголема галама многу често неможиме да одржиме ни час.Потоа сакам да прашам како е со колоквиумите поточно со задачите кои што паѓаат дали се тие некои што веќе сте ги решиле или некои сосема други.И последно прашање дали има многу теорија за учење бидејки повеќе сум наклонета кон задачите па многу учење од книга баш и несакам,не викам дека нетреба да има туку дали тоа се книги од 400-500 страни или сепак нешто помало?А и кои предмети освен математика и информатика ми се потребни за на овој факултет?

    Благодарам однаред! :*
     
  11. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.626
    Јас студирам дефектологија и би ти го препорачала да го одбереш него.Пред се е една хумана струка,треба да ја сакаш за да ја работиш.Претпоставувам знаеш за што е иначе како би размислувала што да се запишеш ако незнаеш :^) Секој факултет си има своја тежина,така и овој не е нешто лесно има предмети кои на ногумина им задаваат мака особено во прва година но не е ништо што не може да се научи.Логопедија ти е три години(висока школа) и е за децата што имаат проблеми со изговарање,сега незнам да ти кажам дали е полесно или не ама мислам и таму се бара многу, имаат слични предмети што се во склоп со медицина но мислам дека повеќе изучуваат во еден семестар..вака имаш 5..Твоја одлука е сепак :)
     
  12. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски

    значи ја учам медицина и можам да ви кажам дека 2 пати неделно ја сум на клиника и сегде сум прошетала и со секаков персонал сум работела и свашта сум видела и сум се чудела меѓутоа медицината е она за што сонувам и се што сакам така да нема да дозволам гадниот и арогантен однос на персоналот и условите да ме спречат да станам докторка или сестра. Фала богу денес постојат и приватни болници, не е само прљавово државно. Ако ви треба нешто околу тоа мислење, слободно пишете ми ЛП ;)
     
  13. LoveIsAllAround

    LoveIsAllAround Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    113
    Anyone??
     
  14. Mosquiita

    Mosquiita Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2013
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    663
    Годинава сум матурантка и сакам да се запишам на архитектонски,математиката добро ми оди,но за цртање не сум нешто нај,но всушност не сум ни пробала :lol: Одличен ученик сум,но ме плашат коментарите од сите дека е многу тешко..

    ФЕМИНКИ БИДЕТЕ АКТИВНИ НА ТЕМАВА , НИ ТРЕБА ПОМОШ НА МАТУРАНТИТЕ :)
     
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.928
    Допаѓања:
    81.219
    Пол:
    Женски
    ^
    Па математика освен во прва година заедно со Статика и Јакост ... друга и нема, понатамошната математика е неспоредлива и дури и би рекла банална.
    Останатиот дел од предметите се повеќето проектантски и цртачки да ги наречам, па оние од браншата за бубање како Историја и некои други.

    Но и покрај тоа, не би рекла дека е лесно, треба добро да се испоти газот за да се успее.
    А ако немате осет за линија, посебно осет за просторот и ако креативноста не ви е баш јака страна, искрено кажано и не сум сигурна колку би се пронашле во оваа област. :)
     
    На Mosquiita му/ѝ се допаѓа ова.
  16. solnishko

    solnishko Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    Имам неколку прашања на кои би сакала одговор:

    1. Колку чинат материјалите за изработка на проекти?
    затоа што добив информација дека биле потребни 3000-5000 неделно :^)
    2. Дали е потребно сите предмети од прва год. на пример да ти се положени, за да се запишеш втора?
    3. Колко време дневно, отприлика, се поминува на факултетот?

    Јас иако сум природно мат. Б ми оди математика, малку ме плаши како ќе се снајдам со цртањето, затоа што сепак е нешто ново, но доколку вложам многу труд сигурно ќе научам :)
     
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.928
    Допаѓања:
    81.219
    Пол:
    Женски
    Архитектурата општо си важи за скап факултет, без разлика дали сте запишани на државен или приватен Универзитет.
    Само приборот за цртање кој ќе морате да го купите (табла со торба или папка, тенкоминци, рапитографи, шестари и нултажи, лењири, шаблони, метални лењири, скалпери итн.) се околу 10.000 денари и дел од нив ќе ги користите во текот на целото студирање, а дел од нив секако ќе треба да се обновуваат и постојано да се купува нов прибор но тоа не значи дека секоја недела ќе треба да давате по 50Е за прибор и материјали.
    Материјалите за изработка на макети се релативно ефтини. Во текот на семестарот вклучени се повеќе семестрални вежби, така да, бела лепенка, хамери, картон со различна дебелина и сл. ќе ви бидат потреба.
    Не е ефтино, но и не станува збор за толку висока сума.

    Eдинствено доста скапо е плотирањето, а многу ќе ви треба затоа што секој проект во подоцнежните семестри кога ќе почнете да цртате на компјутер, се сработува на голем хамер, па во зависност од проектот, ништо чудно да треба да се дадат и повеќе од 3.000 денари, во зависност од обемноста на самиот проект, секако.

    Зависи од тоа кои предмети си ги положила, а кои не.
    Постојат некои предмети кои се зависни и ако на пример не ти е положено Архитектонско проектирање 1, не можеш да запишеш Арх. проектирање 2 итн.
    На тој начин би можеле да завлечете година.

    Зависи од распоредот и обемноста на предавањата и вежбите опфатени во тековниот семестар.
    Минимум 6 саати секој ден обавезно, со многу ретки исклучоци.
     
  18. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.002
    Допаѓања:
    51.833
    Пол:
    Женски
    1. Не. Неделно некогаш се случува да не потрошам ни денар на материјали, некогаш до кај 1000 денари, ама ретко. Отприлика поминувам со помалку од 500 денари. Плотирање знае да биде скапо, ама најмногу што сум платила овие 3 години било околу 400 денари за формат 2mx1.40m. Проблемот е што некогаш треба истото да се препринта неколку пати, па доаѓа поскапо.
    2. Не. Повеќето предмети влечат предмети од понатамошните години, па можно е да не можеш некој друг предмет да запишеш. Или ако евентуално не собереш кредити за понатаму, па да не можеш да запишеш, ама тоа се случува ептен ретко.
    3. Како поминуваат годините, се помалку, ама пак многу во споредба со повеќето факултети. Имам денови кога сум по 3-4 саати, има денови кога сум по 9. Зависи :)
     
  19. swettyd

    swettyd Нов член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    дали би можеле да споделите повеќе информации за предметот ликовно изразување,што е присутен само во прва година?
     
  20. Jasee

    Jasee Активен член

    Се зачлени на:
    30 август 2013
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    1
    мхм...а дефектологија спаѓа под медицински факултет или ? колку години се учи? :)