Здраво, годинава сум матурантка и тотално незнам кај да се запишам. Тоа што јас сакам е поврзано со мода, со цртање, дизајн, сакам да бидам фешн блогер и слично. Но, секако ја знаете прикаската од дома, заврши нешто за да имаш пари еден ден. При изборот за средно ја направив најголемата грешка, се запишав гимназија (математичка) а ТОТАЛНО требаше да си учам уметничко. И сега, нормално, се мислам да идам на Финки но има еден интересен смер на технолошко металуршки, моден дизајн и инжињеринг на облека, ме интересира дали некој учи таму или знае повеке за овој смер?
Градежен или архитектонски? Поголема желба имам за на архитектонски.. Знам математика, а за цртање незнам колку ме бива
Пробај се на демо тестирањата ако толку имаш желба, ќе видиш според освоените поени дали си отприлика за таму или не.
Секоја чест значи за мислењава (без разлика колку се стари), ме издемотивираа за сите пари и за кусурот... Конечно станав поангажирана во врска со запишувањето на факултет, се одлучив за архитектонски и на крајот ја отворив темава...
Запишани/незапишани на смеров, секое мислење е добредојдено! Односи со јавност на Правен / Универзитетот за туризам и менаџмент, ИЛИ менаџмент на човечки ресурси на истиов Универзитет за туризам и менаџмент ??
На 16ти септември почнува новиот зимски семестар, а некои уште не се завршени, ќе завршат до крајот на оваа недела.
ФИНКИ-Скопје Vs. UIST-Охрид Се мислам на кој факултет да се запишам дали на ФИНКИ или на UIST. Ве молам кажете го вашето мислење за овие два факултети за да ми помогнете во изборот
inspektor/detektiv Здраво, јас се мислам на кој факултет да се запишам, па сакав да прашам има ли многу физички вежби на овие два инспектор/детектив? Пошто не ме бидува баш за физичко.
На почетокот од јули, по обичај. А за повеќе информации прашајте на студентски прашања, сигурно веќе се знаат термините.
Имате ли некаква информација за подготвителните часови? Постојано отварам на страната на Архитектура ама ништо ново нема.
Оди на ФИНКИ. Ќе се помачиш ама ќе ти се исплати. Има и полесни смерови и потешки. Со сите истото можеш да го работиш и со сите ќе бидеш инженер.
Девојки јас сега ќе бидам втора година на ТМФ. Гледам дека сте заинтересирани, па ако сакате нешто конкретно да прашате, повелете