Значи некои поими не ви се јасни. Со ТМФ секако дека си инженер (инженер-технолог), секако како што кажува и самото име на некои насоки( пр. Дизајн и инженеринг на облека, Инженерство на материјали и нанотехнологии и сл.)
Ја мислам да си идеш директно таму, сигурно уште не се почнати ама иди види си на лице место Утната ти е темата, геодезија е на градежен
Ако може некој од студентиве на архитектура да ми каже дали доколку се посетуваат само подготвителните часеви на факултетот, помали се шансите за да те примат, т.е. ако ги посетуваш часевите кај проф.Бети можеш да бидеш сигурен дека ќе те примат?? и кога се всушност тие, приватните часеви? и дали поените од демо-тестирањето имаат некоја улога и за приемниот, или се чисто онака да видиш сам до каде си? фала многу
Сигурен си дека ќе те примат кога ќе направиш добар приемен, а не ти се сигурност ни часови кај Бети ни подготвителна, ако не те бива само со дебели врски ќе те примат. Демо тестирањето нема никаква улога, туку да видиш како ќе изгледа се, јас не бев ни на подготвителна, ни на часови, ни на Демо, ама ја завршив уметничко и мене цртањето не ми претставуваше никаква мака
Поените од демо-тестирањето немаат никаква улога за понатаму, тоа е само за секој да си види каде е и да видите колку би можеле да се снајдете со тестот. А тоа со часовите нема никаква врска, ако си расположена да даваш дополнителни средства и да одиш кај Бети, оди. Доволно може да се поднаучи и од подготвителните часови, а после тоа ќе си ги вежбате истите примери по дома. Јас познавам и некои кои се убија од одење кај неа и пак не го поминаа приемниот, така да, не се во прашање часовите туку колку ги сфаќате нештата кои ќе бидат дадени таму. Тоа не се учи баш така лекцијашки, или го сфаќаш или не си за таму.
А што точно има на демо тестирањето, односно на приемниот. ни на демо тестирањето не сакам да отидам така како од небо падната, да знам барем што има? математика ми оди, цртање-па онака.
Mатематика одамна ја укинаа на приемниот, а на демо тестирањето вежбите се менуваат секоја година и се воведува нешто ново. Само цртање има и задачите се воглавно во допирни точки со геометрија, пропорции, визуелна перцепција, логика, претстава за просторот. Никоја од нас не може да ти каже што отприлика би имало затоа што ... кажав, секоја година се воведува и менува нешто ново.
А тоа што ќе го има на демо тестирањето, воглавно тоа е и на приемниот, така? не е нешто многу поразлично
Да, отприлика е тоа, плус додаваат уште некоја трик вежба која носи нешто повеќе поени и претставува клучна при селекцијата за тоа кој е, а кој не е за таму. Сите задачи ќе ги вежбате таму, а промените во трик-задачите се малку, но можат да те зезнат, не велам не. Барем така беше за нас.
Да прашам нешто, се пријавив за подготвителните часови за приемен и пишува дека Демо тестот е пред подготвителните часови.. Дали знае кој што отприлика има на тој демо тест? и дали треба нешто да се спремувам или што..
Истото што ќе го има и на приемниот, со мали измени. А што ќе има ќе видите, секој година менуваат некои работи. Нема потреба да се спремаш за овој тест, тој е само за да видиш колку ги разбираш работите и да си процениш на што треба да обрнеш внимание за понатаму. Нема никакво влијание ниту во бодовите, ниту пак за подоцна за приемниот.
Здраво девојки, Дали може да ми препорачате некој што одржува приватни часови за приемниот испит на архитектонски факултет? Однапред ви благодарам
Какво мислење имате за смерот Забен техничар...Што ќе можам да работам со тоа и дали ке има работа...? И дали има нешто врска тоа што е со 3 години? Фалаа
Братучедка ми сега ќе биде 4та година, а сака да се запише на "Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер" но,не е баш добра со математиката па сакав да прашам некој што знае,дали има многу математика и што отприлика на тој факултет,па ако не и се погоди,за друго да размислува..
Неколку пати веќе пишав во темава за факултетот, пролистај и ќе најдеш.Математика има само во 1 семестар, нацртна геометрија има во сите предмети кај што има техничко цртање, така да не треба да и е проблем тоа.
Poveke informacii za Telekomunikacii smer na elektro. Tezina na fakultetot i sto koga ke se zavrsi, kade moze da se raboti?
Луѓе, луѓе, луѓе! Ми треба помош, голема-огромна! Ќе пробам да се опишам себе си...а потоа ми требаат предлози за факс. Некој со кој што барем можам да се надевам на посветла иднина... Значи тотално сум ЗБУНЕТА. Не знам што сакам, ништо не знам. Колку и да се мислам пак на 0 се сведува. Добри карактеристики: Комуникативни, оригинални, отворени за нови работи, фер, привлечни, пријателски настроени, алтруисти, интелигентни, лојални, независни, толерантни, забавни, сакаат да им помагаат на другите Омилени работи: Компјутерско програмирање(не сум се занимавала нешто многу многу ама интересно ми е до некој степен иако не се гледам себе си како програмер... или нез можеби и се гледам хх ) -.0 , тимски спортови, сè што има некаква цел. Работи кои ги мразат: Неправда, „кралици на драмата“, да се чувствуваат изолирани, да должат пари или услуги, кога мораат да изберат само едно нешто. Можете да ги најдете: Како предлагаат иновации на работното место, како планинарат, како држат спортски предавања. Од хороскоп ми е, ама скоро се е погодено. Инаку сум 4 год економско и сега следи прашањето што понатаму? Епа не знам. Навистина не знам. Сите што ги прашав ми викаат има време, избери си ти што сакаш. ПРОБЛЕМОТ Е ШТО НЕ ЗНАМ ШТО САКАМ. НЕ ЗНАМ КОЈА МИ Е ЦЕЛ. ЗБУНЕТА СУМ, ПРЕМНОГУ. Ме интересираат многу работи, се ми е интересно ама ништо толку многу за да ме привлече. Само знам дека не сакам баш хемија, физика, биологија, географија и историја. Ако има некој слободен, може и ЛП да пише.
. Си учела економско,сега не знам кој смер (правен или економски?).Ако ти било интересно со економијата,оди на економски,но ако не ја сакаш неправдата,тогаш правен.Но,конкуренција на правен имаш колку душа ти сака.По програмирањето не си или си,стварно не знам Ако сакаш јазици,оди на филолошки,ако пак таму не се гледаш ,пробај си сите факултети,па куд пукло пукло. Не ве разбирам,како тоа немате цел,па за што живеете? Не ви ја разбирам неодлучноста. Јас сум сега четврта,но точно знам што сакам,за вакви работи треба на време да се размислува. Немој да ме сфатиш погрешно,но ситуацијава твоја ич не ми се свиѓа.Или немаш мерак за натамошно образование,или имаш друг план.