Економски сум. И ме влече економски и се се тоа. Ама проблемот е што во последно време т.е оваа година претходнава, се повеќе доаѓам до заклучокот дека има пре пре многу економисти. Знам дека има и многу што работат како “економисти„ а уствари имаат завршено некој друг факултет или средно а дипломирани економисти чистат ходници. Исто знам и дека во животот постои СРЕЌА и дека можеби јас ќе ја имам таа шанса да бидам дел од некоја реномирана фирма...ама тоа е 1'% наспроти 99% врски, што јас не ги поседувам нити пак моите. Е тоа е проблемот... затоа ми е преку глава од оваа држава и се каам зашто на време не ми текна да се освестам и да почнам да се занимавам со тоа да излезам од државава уште во средно...
Јас најискрено и најдобронамерно (без да навредам други) ти викам да не одиш на економски факултет. Најмногу од причина што прееееемногу се запишани на овој факултет и ќе имаш големи тешкотии да најдеш работа освен ако имаш врски. Близок пријател кој да го опишам верувај се како што се имаш опишано и за него истото важи (лојален, комуникативен, привлечен, креативен, искрен, вреден) па дури и него го интересираш програмирање па и беше многу добар во тоа,но и тој не се гледаше како програмер па одлучи да оди на економки факултет. Има завршено пред долго време и се труди и бара и сеуште не може да најде работа. Срцево ме здоболува кога ќе видам дека таков неверојатен потенцијал и интелегенција останаа неискористени. Кој знае можеби кај тебе ќе биде сосема друга приказна,а и кај него можеби среќата ќе му се насмевне,но јас ни тебе,а ни на никој друг поради ова не би му го препорачала овој факултет.
^ Епа баш затоа сум збунета околу прашањето што понатака...Сакам предлози од ваша страна според дадените карактеристики...Инаку имам способност да учам брзо, сите години сум скроз одлична ама немам идеја стварно...Единствено не сакам нешто со тие предмети поврзано да е. Се друго е ок...Се мислев за ФИНКИ ама и таму во последно време сите се запишуваат.
Карактеристиките на твојата личност немаат ама баш никаква допирна точка со тоа што ти самата сакаш да станеш и со твоите желби и замисли за иднината. Не знам, прво направи си една листа на професии или факултети кои те влечат, па потоа од тие извади ги оние кои ги сметаш за перспективни за самата себе, па на крај одлучи на кој факултет ќе падне финалниот избор. Никогаш немојте да се ориентирате по тоа кој факултет гарантира сигурно работно место, затоа што факт е дека тоа не го нуди никој, туку зависи стриктно од самите нас. Никогаш не знаеш кога ќе те послужи среќата во животот. ФИНКИ не е толку лесен факултет, иако многу студенти се запишуваат таму. Си мислам, ко на ждрепка - каде да одам ... ај на ФИНКИ. Не се запишувај таму ако немаш минимално познавање од програмерството или барем некаква желба за некоја од тие професии. Не се ни малку едноставни како што на многумина им изгледа. Идните студенти за жал, се доста лесно-манипулирачка маса. Жално е што некој се дрзнува некому да му соли памет и да алудира на не знам, техничките или природните науки. Зборам за рекламите и рекла-казала муабетите поврзани со оваа тема. Веќе факт е дека има доволно, дури и премногу кадар и во овие струки - електраши, архитекти, градежници, лекари, технолози на секој чекор. Така да, моментално тотално сеедно е дали факултетот е перспективен или не, подобро запишете се на нешто во кое барем малку се пронаоѓате, отколку да одите на правен да речеме, затоа што секоја фирма има потреба од правник.
Конкретно за ФИНКИ, да точно е тоа дека во последно се запишуваат многу. На сите факултети се запишуваат многу. Но, си се запрашала колку од тие 600-700 што се запишале на ФИНКИ се откажале уште во 1ва година? Колку заглавиле во 2ра? Колку дипломирале во предвиден рок? Никогаш не го земај предвид бројот на тие што се запишале, поготово не на факултети како што се ФИНКИ, електро и сл. Од друга страна никој од тука не може да ти каже што да избереш. Горе долу ако ги разгледаш факултетиве на сите маани ќе им најдеш. На некој многу се запишуваат, друг не е перспективен, на трет малку се запишуваат ама не ја сакаш таа струка итн итн до утре. Најдобро ти е да разислиш што навистина те влече без многу да се оптоваруваш со тоа колку се запишуваат и дали е перспективно или не. Ако се запишеш нешто што ти е желба колку и да е тешко нема да заглавиш и колку и да не е перспективно нема да се покаеш. Од искуство ова. Поздрав и со среќа.
Девојки ве молам за мислење сакам да се запишам економски имам завршено средно економски но на моите дома не и се допаѓа тоа ми викаат туризам да сум одела што мислите со што послесно можам да дојдам до работа ??
Абе добро не е финтата само за полесно да се дојде до работа, лично јас не би се запишала на некој факултет шо не сакам да го учам затоа што нема смисла на шо ќе личи тоа со која воља ќе учам?! со никоја ! затоа запиши си се на тој факултет што го сакаш и према којшто имаш наклонетост ! А другото ќе си дојде само, што е твое неможе никој да ти го земе !
Абе добро не е финтата само за полесно да се дојде до работа, лично јас не би се запишала на некој факултет шо не сакам да го учам затоа што нема смисла на шо ќе личи тоа со која воља ќе учам?! со никоја ! затоа запиши си се на тој факултет што го сакаш и према којшто имаш наклонетост ! А другото ќе си дојде само, што е твое неможе никој да ти го земе !
Здраво, да ве прашам, кои се шансите некој со 88 поени да влезе во државна квота на правен факултет на УКИМ ? Лани, од 300 во државна квота, од 97 до 145 апликант што влегле биле со 88 поени, но тоа не мора да значи дека ќе биде вака и оваа година. Како што знам, за правен оваа година 250 се предвидени места за државна квота. Според вас, големи ли се шансите да се влезе ?
Znaete li na koja data e priemniot I Vo kolku casot? Ve molam itno mi e, na stranata na fakultetot nema obajeveno novo informacii.
Девојки планирам да се запишам на ФЕИТ, но се двоумам помеѓу два смера: електроенергетски системи(ЕЕС) или електроенергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија(ЕАОИЕ). Би можела ли некоја од вас да ми каже нешто повеќе за смеровиве? Ве молаам
Na arhitektonski zapisuvanjeto e na 27 i 29 taka?? Da bidam sigurna. I Dali treba da se uplati adkinistrativna taksa 50 den, zatoa sto na informatorot ne pisuva
Pa rekov zapisuvanjeto a ne vtor upisen rok. Na drugite fakulteti e na 25 i 26 a na arhitektonski e 27 i 29 dali Dobro sum razbrala?