1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кој факултет да го одберам?

Дискусија во 'Образование' започната од elenapfp, 7 февруари 2010.

  1. ivi.ptt

    ivi.ptt Нов член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2016
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Ајде ќе се обидам да ти одговорам во пократки црти. Јас сум при крај со студиите, во Скопје студирам.
    За предметите не се секирај толку што ќе одбереш, битни се оценките зашто конкуренцијата е многу силна т.e. се пријавуваат скроз одлични и тоа има големо влијание дали ќе влезеш во државна или приватна квота. Поените за влез се собираат од приемниот + успех од средно. Јас кога бев 60% беа од приемниот а 40%од успех од средно, сега незнам како е. Приемниот испит може да го спремаш на факултет, односно тие даваат подготвителни часови и демо тестови за да видиш како отприлика ќе изгледа приемниот. Часовите чинат 6000ден а тестовите мислам 2000ден ,плус можеш да идеш и на часови кај приватни професори.
    Задачите на приемен со сегашното ми знаење се боза, ама тогаш со тогашното знаење...не баш. Мора да имаш изострен осет за перцепција на просторот, за димензионирање, за претпоставки и замислување за да ја решиш точно задачата. Една заборавена линија и задачата е неточна. Како и да е, да не те исплашам сега ако имаш осет во тебе лесно ќе го поминеш приемниот.
    Е сега да ти кажам во одност на тоа што сите го зборуваат за математиката и цртањето. Математика се учи во прва година и не е условен предмет, значи не влече други предмети, ама е тежок предметот. Ако немаш учено интеграли, изводи, лимеси, низи треба да одиш на дополнителни часови зашто со години ќе го влечкаш предметот. Потребно ти е претходно знаење,зашто на предавањата неможеш да сфатиш што предава професорот (предава на ПМФ и дава многу напредни задачи .т.е. очекува сите веќе да имаат предзнаење. - Исто тежок предмет од прва година е статика, кој е условен и ако не го положиш неможеш да ги запишеш последователните предмети. Се работи за пресметки за носивост и цврстина на градбата. Нацрта геометрија е исто многу тежок предмет, најголем дел од колегите одеа на приватни часови за да го поминат.
    -За цртањето на рака не се замарај со тоа дали знаеш или не...овде се црта најмногу во autocad, archicad, sketchup и сл. не на рака. На рака се цртаат само технички цртежи конструкции и проектирање во прва година. после и тие се цртаат на компјутер.
    -За тоа што си слушнала дека е скап факултет- точно е. Очекувај принтање секојдневно, програми, цртежи, вежби...некои вежби и програми чинат и по 800/900ден...а се принта по сите предмети. Џепарлакот се троши на принтање, картони за макети, хамери, скицови, моливи, приватни часови...
    -Слободно време ќе немаш, се разбира доколку сакаш да бидеш добра студентка. Секојдневно си имаш вежби кои мораш да ги предадеш наредниот ден па очекувај после факултет целовечерни цртања.
    -Во семестар ќе имаш по 9 предмети, се полагаат во колоквиумска недела, значи 5 работни дена.
    Се на се ова е она што ќе те очекува во прва година...времето за дружење и излегување ќе го сведеш на минимум за да успееш на факултетот.

    Доколку те интересира нешто повеќе пиши ми порака ќе ти објаснам.
     
  2. Freja.Stella

    Freja.Stella Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2014
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    51
    Каде можам да најдам список на студенти примени на архитектонски во 2013 ?
     
  3. nina.m18

    nina.m18 Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2016
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Оваа година сум матурантка и неможам никако да се одлучам постојано се предомислувам...
    Се довумам меѓу 3факултета на прво место ми е
    -протетика
    -правен
    -радиолог
    Дали некој студира на некој од овие факултетите, според мене протетика го ставив на прво зашто тоа е занает и мислам дека интересно ќе ми биди ама ме плаши малку хемијата...
    За правен повеќе ми го предложувале демек иако имало многу завршени сепак се барало секаде..
    А радиолог и тоа е интересно но имало мн.зрачење и тоа ме плаши да го работам..
    Совети?
     
  4. TheFallenAngel

    TheFallenAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2014
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Сега треба да се запишам за на факултет и мојот избор е ФИНКИ, меѓутоа не сум сигурна дали на КНИ или на ПЕТ. Имам слушнато дека КНИ е доста тежок, дека на ПЕТ било полесно, но и дека не им обрнуваат толкаво внимание на студентите кои не се од КНИ. Дали има некој тука што би можел да ми потврди дали ова е точно или пак да ме советува за понатамошната одлука.
     
  5. AngelSоul43

    AngelSоul43 Нов член

    Се зачлени на:
    9 август 2016
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите, уште малце и во тек ке бидат уписиве на факултетиве, а јас уште неможам да се одлучам што ке се запишам па и се зачленив вчера за само да ја започнам темава за избор на факултети ако може некој што студира од искуство или сигурни извори да ми каже повеќе информации. Мислам дека сите јасно викаме кај нас приватниве се за да се земе диплома, а државниве се тоа тоа, меѓутоа веке помина и некое време од ова општоприфатено размислување и како што скоро се информирав за Американ Колеџ, располага со модел на настава според американскиот, а само оваа диплома е призната во странство вклучувајќи и Америка, јас сум силен ученик и сакам да учам, меѓутоа сакам и студиите да ги продолжам во странство па и за професија, и само ако се запишам на Американ Колеџ ке ми биде признаена дипломата, но и би се запишала поради тоа што мислам дека начинот на настава е поисполнет со пракса и е подобар, веќе знаеме дека нашиов образовен систем не чини, само ми треба некој од искуство да ми потврди дека стварно е така и вреди да се запише на Американ Колеџ дека има добар начин на настава, е сега има и такви што не учат што си ја плаќаат дипломата али јас стварно сакам да учам. Стварно ве молам ако може некој да ми каже за наставниот материјал дали вреди или е све реклама и дали и колку е возможно да се продолжи со студии во Америка, затоа и што е скапо па добро треба да размислам дали на овој приватен што го имам во предвид, или па Факултет за безбедност во Идризово ако знае некој колку е тој акредитиран во странство и дали е подобар од факултетите за безбедност и детективство на Фон или Европски- предности и мани ако знае некој за уште овие факултети. Ве молам значи кој може да ми помогне фала многу.
     
  6. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    18.126
    Пол:
    Женски
    Вака сега, јас не сум студент на ниеден од наведениве, само бидејќи си пишала дека само дипломата од Американ Колеџ е признаена во странство сакав да се надоврзам за да ти кажам не е само таа. Се признаваат и дипломите од УКИМ бидејќи се студира по Болоњскиот ЕКТС систем.
     
  7. AngelSоul43

    AngelSоul43 Нов член

    Се зачлени на:
    9 август 2016
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Да да знам и пошироко дека и УКИМ и други универзитети се признаени, ама мене ми беше збор за Америка дека само Американ Колеџ мислам дека е признат според она што сум слушала :)
     
  8. Beaty

    Beaty Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    294
    Дали има стоматолошка протетика на уким? На сајтот прочитав дека има забни техничари и доктори, јас сакам забна протетика потоа специјализација ортодонт или ќе мора во штип на гоце делчев?
     
  9. Nina95

    Nina95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2015
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки :) другарка ми сака да се запише на архитектонски поточно за проектирање екстериер, но го пропушти првиот уписен рок дали знаете дали има втор и кога е, и каква е конкуренцијата, има ли шанси да ја примат? Благодарам :)
     
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.583
    Допаѓања:
    80.666
    Пол:
    Женски
    На архитектонски нема втор уписен рок.
     
  11. SmilerGirl

    SmilerGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2011
    Пораки:
    400
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Е-бизнис или менаџмент? :worried::worried:
     
  12. Anusska

    Anusska Нов член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2016
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Профилов на фемина го отворив за да ја искажам макава што ја имам.Четврта година сум гимназија ПМА смер треба да се одлучам на кој факултет ќе одам но сеуште не знам.Математиката ја сакам многу и ми оди, имам основа.Немам никаков проблем со неа.Секако планирам на некој од техничките факултети.Но тука е проблемот, физиката ја запоставив уште во прва година и многу малку учев и вежбав задачи, може да се каже и воопшто дека не учев тоа а огромна ми е желбата да се запишам на феит. Мислам дека ќе заглавам заради физиката, не сакам да погрешам во изборот да одам на факс и да се чудам какви задачи даваат(бидејќи нели се бара да имаш основа од средно)и да лупам глава у ѕид после. Ве молам за совет
     
  13. Nise <3

    Nise <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2016
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    30
    Кoј предмети требa дa се пoлaгaaт oд среднo медицинскo(медицинскa сестрa) зa фaкултет - oднoси сo јaвнoстa?
     
  14. Red Rose

    Red Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2016
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Здраво, оваа година сум матуранка и никако неможам да се одлучам за што да продолжам понатаму. Се мислам помеѓу правен и економски. Дали некој студирал на овие факултети? Може мал совет?
     
  15. Nise <3

    Nise <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2016
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    30
    Јас не сум стасан до факултет,:o но според што читам низ форумот тие два факултета се најбарани,:wasntme: но има многу студенти што се запишани и невработени. Според мене економските, правните и техничките факултети се најпотребни денес, но тоа е мое мислење. 8)
     
  16. Freja.Stella

    Freja.Stella Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2014
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    51
    Има ли на уким смер за графички дизајн или нешто слично ?
     
  17. Red Rose

    Red Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2016
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Финансиски менаџмент или надворешна трговија ??
     
  18. Nise <3

    Nise <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2016
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    30
    Финaнсиски менaџмент ДЕФИНИТИВНO!
     
  19. jolo

    jolo Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2013
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    378
    Ме интересира дали подготвителната настава која ја нуди факултетот е задолжителна за да може да се полага приемниот испит или може и со приватни часови да се полага приемниот? И за демо тестирањето (дека има едно во јуни, а второто е во јули) дали треба да се оди на двете? И секако, ако може нешто подетално околу приемниот испит..
     
  20. honey95

    honey95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2012
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    56
    Пол:
    Женски
    Подготвителната настава не е задолжителна. Исто така и демо тестирањата не се задолжителни ама таму даваат од прилика какви вежби се паѓаат на испит.
    Можеш и без никакви подготовки да одиш да си полагаш приемен па пак да положиш ако си доволно спремна.