Здраво девојки Јас сум матурантка и размислувам да се запишам на архитектонски факултет. Уште од мала тоа ме влече, убаво цртам и ми оди математика, но не знам дали понатаму има работа кај нас за тоа. Од друга страна ме влечат и јазиците и би можела тоа да студирам, но поголема желба имам за студирање архитектура. Дали некоја од вас студира архитектура или познава некој друг што студира? Како сте задоволни од факултетот и настават? Дали има работа за архитекти кај нас? Што е поперспективно архитектура или јазици? Секое споделено искуство би ми помогнало многу при изборот за факултет. Фала многу однапред
Економски или машински Така е,машински не е до толку знам доста луге отидоа без никаква основа еве ги тераат без да заглават критериумот е толку спуштен, запрепастувачки а машински едно време беше баш поим ен беше за секој..
Економски или машински Плавуша, стварно зборуваш напамет, не се расправај кога не си ни студент уште. Јас сум на машински. Да, полесно е од порано има и помалку испити и помалку материјал, ама вистинската причина поради која што добар дел не заглавуваат се асистентите и професорите. Втора година сум и до сега овие 4 семестри сите професори, а особени асистенти ми биле прекрасни.Часот не завршувал додека не им се разјасни на сите (заинтересирани), толку детално, полека и убаво објаснувале што мислам ни во прво одделение учителката не ме учела така.Ако не ти е јасно, ако треба од собирање и одземање ќе почнат да ти објаснуваат се додека не сфатиш.Во приемен термин секогаш ти биле на располагање, дополнителни часови ни држеле и број дури некои ни давале ако треба нешто да им се јавиме. Не знам какви биле порано, ама новиве млади асистенти се за секоја пофалба и секој денар од платата го заслужуваат.Тоа што на други факултети работата е само да се истакнат професорите колку знаат и им е гајле кој колку разбрал, не го прави факултетот тежок во вистинска смисла, туку нив ги прави идиоти.
Економски или машински Машински ако те влече секако.економисти има премногу иако не сум против оваа професија...башка сега машинскиот е многу полесен ,дечко ми кога го студираше по стара програма многу учење имаше...остануваше до сабајле да прави проекти,немаше колоквиуми по се,прашањата им беа баш логички-тој што има кажувано,имало и да раскажуваш ама имало и кликер да употребиш,плус и задачи-ако напишеш све а немаш решено задачи-не пуштаа,или обратно,или ќе те врати само на задачи,или само на теорија... И искрено-ми се допаѓа звањето-дипломиран машински инженер
Економски или машински Па не само на машински па веќе сите факултети се направени многу полесно од тоа што биле некогаш. Па и нормално е со оглед на тоа што веќе во секој град има факултет и се ствара конкуренција помеѓу факултетите. Браво за плавуша сеуште нема осетено што е тоа колоквиум а за сите факултети знае што како е еј па немора да се запишеш на факултет дирекно на работа во студентски прашања.
Економски или машински Јас само реков дека критериумот е спуштен и многу гураат без основа што ја да сум на твое место би ми пречело тоа 1 а 2 и ти самата потврдуваш дека е тоа така..Знам девојче што одлично знае математика но не можеше да заврши 1 година електро ја зезнаа 1-2испити.. поминуваше едвај со 6 на електро и сега е на машински бидејки на електро падна година сеа е пак 1 и со 9 и 10 поминува и сама ја кажува разликата.Јас барем слушам разлики а ги има многу не за џабе се се зголемува бројката на машински инженери економски,правен и машински се пунат ненормално затоа и го почитувам електро јас,затоа што иако е спуштен критериумот не е до толку како на другите факултети а јас еве искрено планирам за економски.Значи не го бранам електро само викам дека е за почит,стварно ептен
Економски или машински Плавуша, да се разбереме, го почитуваш електро зашто татко ти таму бил на постдипломски или како и да беше. А ако сакаш да ти кажам зашто на машински послесно поминуваат, со задоволство ќе го направам тоа. Наспроти професорите што ти ги објаснив погоре на машински, на електро баш им е гајле кој колку знае и им е мерак да бутнат што повеќе студенти.Втора многу битна причина е што машински има помалку студенти и една група на машински има околу 20 души, а на електро во прва година беа 120.Па сега ти спореди си. Не ме убедувај што си слушнала, зашто 80% од мојата генерација се запиша таму и ги гледам како им е.Тие што си ги биваше за компјутери, за програмирање и што им работеше кликерот ама ич немаат проблем со ниеден предмет.А една другарка, што сето тоа го учеше со сила, на истиот смер е, секоја недела, ама буквално секоја оди по секој предмет на приватни часови, па нема повисока оценка од 7ца.
Економски или машински Јас пак имам мислење дека машински е тежок. И знам дека да сум се запишала на факултет машински ќе ми е било ептен тешко. Како бе нема да ми е па немам нитуедна додирна точка со машинскиот. За да се запишеш на нешто тоа треба да те влечи. Јас завршив средно економски и сега сум на посдипломски економски и ми е лесно. Тоа ме интересира тоа ме влечи. Имам другарка која од средно медицина се запиша на економски факилтет и и беше ептен тешко.
Економски или машински Вака,татко ми не бил на овој електро тука туку во Белград на факултет има дипломирано на српско-хрватски јазик па тоа е дупло потешко отколку тука,а потоа постдипломски тука.За професорите дека се такви точно е, но ако ти знаеш и те бива никој ништо не ти вика ти викаат само Повели, покажи си го знаењето нема проблем.А тоа дека не се толку фини ко на машински точно е ама барем знаат да разликуваат некој што вистински знае и некој што пробува да го заврши факултетот без многу мачење како што има случаи на машински барем на електро нема циле-миле шо се вика утре нема да имаш колега шо појма немал на факс и да се фрустрираш дека ке ти го земе работното место! Барем на електро знаеш, знаел-поминал!
Економски или машински Татко ти предпоставувам дека е дипломирал во Југославија па така да и српско-хрватскиот па и не и е бил тежок. Ај плавуша што продолжуваш па така и така ти се знаеш за секој факултет се
Економски или машински Плавуша, за жал не ми ја сфати поентата.На машински и да немаш основа професорите се такви што и цело средно ќе ти го објаснат за да го сфатиш тоа што треба по предметот, така што никој не ти поклонува и ако знаеш ќе завршиш.Освен тоа, не ги знаеш какви се предметите.Има доста предмети со задачи, ама има и без-па учиш за секој можен материјал, за секоја можна постапка, за работењето на секоја можна машина, проектираш. Мала си, па уште не ти е јасно дека и да докторираш на според тебе најтешкиот факултет-електро, работата може ќе ти ја земе некој со едвај завршено средно.
Економски или машински Абе тоа да,за работата дека секој може да ти ја земе а да си стопати постручен од него за професорите стварно,пишав и погоре супер ако се такви реков јас дека на електро воопшто не се фини и се тоа..ама средно си е средно нели факултет си е факултет што има да се навракаат на стари работи објаснување кој си знае си знае тоа ми е мене целта.Зошто ти на предавање на слушаш работи што ги знаеш и ти се смешни за некој што не ги знае наместо да го учиш тоа што ти следува? Тоа е глупоро и после сите се машинци.. инаку против факултетот немам ништо само тоа што многу луге што не би рекла дека можат да го завршат еве го тераат без проблем дури им е и нив смешно а трагично е..
Економски или машински Извинете што не ве исчитав . Само ме чуди како можете да се двоумите? Ако ви иде математика одете машински, ако ви иде бубање одете економски. Сигурно нема да се запишам на електро ако си немам благе везе. Што ве влече и што ви иде тоа се пишајте.
Економски или машински А инаку да,факултетиве се многу различни еден со друг не може да се споредуваат
Економски или машински Два различни факултети, сосема 2 различни поими. Не знам за на машински како е, јас сум на економски и можам да ти кажам дека и не е така лесно како што прочитав во некои од коментариве! Бубање? Хмм па не знам баш, посебно не можеш да набубаш математика кај јанев, или статистика кај ристевски. А да не зборам за економија, финансиски менаџмент, финансиски пазари, јавни финансии, различните типови на сметководство и уште ред други предмети каде што исто така имаш задачи. Не викам дека нема лесни предмети, има ама тоа е 1 во една цела година. На моменти го проколнувам денот коа се запишав тамо! Но коа ке завршам, посебно со мојот смер знам дека ке имам големи шанси да го работам тоа што го сакам! Сепак голема улога игра твоето средно образование, ако си била запишана во економско училиште на машински има да бидеш изгубен германец, додека вамо нема да имаш големи потешкотии, а ако си гимназија и ако имаш добра основа математика физика и што уште и да треба за на машински немаш гајле. Не сакам да те плашам, одлуката си е твоја! Среќно!
Економски или машински Хехехе изгледаат различни факултети..ДА! Ама работата беше за слични смерови, тоа може да се спореди нели? или можеби сум забегала xD Знам луѓе од медицина на машински што отидоа па не им е претешко.. Машински-математика, економски-математика...? Или имало еден предмет математика и толку? епа не, има мн предмети поврзани со математиката.. Инаку си избрав економски, машиснкиот си го чувам за после овој :Р :Р
Економски или машински женски, ко некоја будала , да ве прашам , еве што би можело да се работи со машински факултет??
Архитектонски факултет vs Филолошки факултет Не сум матурантка оваа година, меѓутоа и мене ме интересира каков факултет е, всушност какви се професорите, предметите - што се учи отприлика, што е вклучено од математиките и некои други информации, било какви искуства кои ги имаат студентките на арх. на форумов, ако ги има
Архитектонски факултет vs Филолошки факултет Оди архитектура ! Ако знаеш и некој јазик супер, ова ти е добитна комбинација