Можеш да аплицираш за постдипломски, ако имаш просек би требало да те примат иако немам слушнато досега за ваков случај што дошол од УГД, ама јас не ти ја препорачувам таа опција затоа што програмите на двата Универзитети се различни како ден и ноќ и ќе ти биде многу тешко да влезеш во шема затоа што ќе имаш огромни дупки во знаењето. Без навреда или што и да е, ама програмата на УГД е толку прочистена од инженерски предмети, што нема врска со таа архитектура што се учи на УКИМ. УКИМ се осврнува кон архитектурата од инженерски аспект и го надоврзува дизајнот, а УГД насочуваат внимание само на дизајн и тоа внатрешен или пејсажно уредување. Конструкции, статика, јакост и најважниот проектантски предмет (Архитектонско проектирање)...ништо од тоа не се учи на УГД онолку колку што се учи на УКИМ. Подобро пробај си ја среќата на УКИМ од почеток или ако веќе те влече дизајн, запиши се на ФДТМЕ.
Здраво! Имам 16 години и сум 2 година гимназија.Сега најактуелно прашање помеѓу моите врсници е ,,Каде после средно?".За мене прв избор е Факултетот за драмски уметности во Скопје.Но сепак ми треба некој совет од некој кој веќе бил на мое место.
Сите сме биле на твое место и има две фази на прашањето "Што после средно?". За почеток отриј што те влечи, дали тоа било технологија, уметност, наука. Откако ќе ја одредиш категоријата, гледаш подетално. Доколку си насочена дека сакаш уметност и конкретизирано за драмски уметности, тогаш и немаш потреба од втората фаза. Втората фаза ја правеле многу, јас лично не. Тоа е кога разгледуваш можности, табела на добри и лоши страни на сите факултети кои ти се во интерес, и мало советување со најблиските. Имав пријателка која рачунаше и колку средства дава за факултетот и колку потенцијално добива доколку се вработи по факултет и кои се шансите да се вработи по одбраната професија. Реално имаш време добро да размислиш. Само не избрзувај и не носи одлука за која ќе се каеш подоцна. Се најдобро.
Не е во соодветна тема ама не најдов друга а сакам да прашам нешто. Јас сум на пмф математика и сакам да прашам за изборен предмет, може и од други факултети само да биде полесен и професорите да бидат океј. Некој предлог?
Дали некој знае професор по хемија кој дава приватни часови? Ми треба за да спремам испит по органска и неорганска хемија на фармацевтси факултет. Пишете ве молам!!
Се мислам помеѓу факултет за безбедност иии филолошки факултет катедра за анг. Според ваас кој е подобар, мислам по ќе има шанси за работа и слично?
Јас би одбрала филолошки, ако не се снајдеш со ставилна работа би можела дома приватни часови, постојат повеќе алтернативи. Генерацијата што се запишаа на безбедност ретко кој се вработи по струка. Што и да одлучиш, среќно
Ве молам за совет .. 4та година сум, и сеуште незнам што да се запишам на факултет. Реално само сум запознаета со правниот факултет и Филолошкиот. Немам кој да прашам да ме запознае со факлутетите, кој за што е и што како.. Влечат ме само јазиците, друго ништо.. Но кога ќе кажам на некој дека можеби на филолошки ќе одам пробуваат да ме разубедат дека немам иднина, и дека нема да можам да си најдам работа.. А сакам после факултет веднаш да се вработам според факултетот што го имам завршено.. Математиката никако не ми одии.. Може ли малку да споделите искуства, и кој факултет е добар и со кој лесно може да се најде работа..
Прво треба сама да одредиш што те влече, за што имаш желба и интерес да учиш. Ако средното училиште ти е стручно најдобро и најлесно ти е да си продолжиш во таа насока. И да не те натажувам, секој сака да си се вработи на струката многу логично, но никој нема да те чека со фотелја одма по завршувањето. Гледај и други алтернативи, и да не те вработат одма, самата струка која ќе ја одбереш да ти дава повеќе можности. Расчистисти си ги дилемите имаш време и погледни во иднината... Каде се гледаш себеси...? Мене не мора да ми одговараш, дај си го сама одговорот, тоа ќе биде твоја одлука.
Спојлер Прaшaњевo мoжеби не е зa вo темaвa, aмa нaвистинa не знaев кaј дa гo стaвaм. Четврттa гoдинa сум и дoстa ми oди мaтемaтикa, нo физикa реткo учев, кoгa ми беше интереснo. Немaм пoимa нa кoј фaкултет ќе се зaпишaм, нo знaм декa ќе биде технички, мoжеби ФЕИТ или мaшински. Денескa бирaвме предмети зa мaтурa и јaс зa екстерни пoкрaј мaкедoнски ги избрaв мaтемaтикa и филoзoфијa, a интерен физикa. И други штo сaкaa дa се зaпишaт нa вaкви фaкултети oдбрaa кaкo мене, нo мене пoчнувa дa ме кoпкa дa не сум пoгрешилa сo тoa штo избрaв филoзoфијa, дa не ми прaвaт прoблеми зa зaпишувaње. Имa ли некoј сличнo искуствo сo oвие двa фaкултети или мoжеби некoј штo пoлaгaл физикa екстерен? Се мислaм дa се префрлaм нo ми делувa кaкo мнoгу мaтеријaл..
Филозофија ти е секако соодветен избор за упис на речиси сите факултети. Не си погрешила, напротив. И јас ја имав истата комбинација кога полагав (мојата генерација имаше два екстерни и два интерни предмети), се запишав на еден од Техничките факултети.
да ве прашам што мислите кој факултет е поперспективен за иднина за работа ФИНКИ или архитектура,се мислам многу помегу тие два факултета математика ми оде многу и добро цртам.Единствено ме плаши приемниот на архитектура што е