Здраво Оваа година ќе бидам матурантка во средно медицинско училиште (фармацевтски смер) па се двоумам дали да се запишам на медицина или на аналитичка биохемија. Повеќе сакам медицина но финансиите се тие којшто ме кочат.. секој совет би ми бил добредојден. Благодарам од напред.
Мој совет е да се одлучиш за она кое навистина го сакаш и те влече. Тоа ќе биде твојата идна професија која ќе треба да ја работиш со години до пензионирање. Верувај дека нема ништо полошо од тоа да работиш работа која не ја сакаш. Ако немаш доволно финансиски средства подобро запиши се година-две подоцна а за тоа време работи нешто и тргај по некој денар на страна.
Здраво дечки Во голема дилема сум Незнам што да се запишам на факултет. Сите предмети ги владеам (освен спорт ). Најмногу природните науки но подеднакво и јазиците и уметноста (освен музиката). Општествените науки ми се маку послаба страна но немам проблеми. Ми велат можеш да се запишеш што сакаш но јас незнам што сакам Можете да ми предложете неколку факултети за оние со искуство?
дечки сега сум 4та година гимназија, Општествено-Хуманистички смер и не знам шо понатаму. Ми оди англискиот и сите општествени предмети, а многу сакам и книжевност. Накратко, појма немам. Би сакала некои комуникациски студии или нешто такво во кое можам да применам и говорни способности и општествени науки. Гледав институти на филозофски но во главо ми велат дека ништо нема работа. Каде има најдобра перспектива за иднина? Исто така да прашам за библиотекари има некој институт или нешто, ми спомнаа нешто такво, но не најдов.
не најдов друга посоодветна тема за ова прашање па тука ќе пишам. по кој принцип се пресметуваат поени за запишување на факултет?
Дечки да ве прашам, сестра ми е 4 година средно и се двоуми помеѓу два факутети, градежен и електро, ако може да ми каже некој од вас што е запишан на некој од овие факутети како му е и што се учи, за градежен е прилично информирана, но се двоуми на кој смер би се запишала доколку одбере електро, не сака да биде на информатика не ја привлекува толку многу.
Ако учи во гимназија сега не би препорачал да оди електро. Бидејќи доколку нема основа тешко ќе и биде. За градежен зависи на која насока сака да студира.
Луѓенца,елајте кај мене на славјански! Иате неколку факсој,изберете еден и ќе сме колеги http://www.fakulteti.mk/mobile/news...elektualna_igra_za_tandem_stipendii_derzhawin
Здраво дечки оваа година ќе сум матурантка во средното угостителско туристичко училиште и ако учам туризам не ме привлекува многу. Можете да ми предложете неколку факултети ?
Здраво на сите. Оваа година и јас сум матурнтка и незнам на кој факултет да се запишам. Многу ме влече глума а и сакам да бидам модел. Но овие две рабити ќе ги оставарам во странство. А овде во Македонија што би можела? Исто така сакам Англиски јазик, имам основно познавање од англискиот а имам и голема желба да го научам. Друго ништо не ме влече освен овие 3 работи глума, модел и англиски. Ве молам помогнете ми!
ПМА подрачје е не знам дали е доволно тоа. За градежниот не сака геодезија или геотехника, само градежен. Други подрачја мислам и дека нема или се лажам?
ПМА е природно-математичко А подрачје. Што значи дека е баш за овие факултети. Инаку, треба сама да си одлучи. Како што се гледа во иднина, тоа нека избере.
Ако е смер ПМА, и ако стварно ја бива математика, информатика, физика слободно нека го избере електро. Секако и доколку ја интересираат тие предмети. Имам колеги и од гимназија и од стручно електро и можам слободно да кажам дека тие од гимназија многу подобри резултати вадат отколку тие од стручните
Нека вежба летово програмирање од време на време, макар што може и од предавања да научи ако стварно се посвети. Ако не ја влечат компјутери и програмирања има смерови што се повеќе насочени кон физика и електротехника
Што е работата со 3кава? Може да се аплицира само на 3 факултети во нашата држава? Само на 3 надвор? Или само на 3 факултети и во странство и на нашите заедно?