sakam nekoj fakultet sto ne e visoko rangiran kade ima pomalku za ucenje i da vidam nekoj smer sto bi me zainteresiral..
Здраво девојки, дали знаете некој што студира Инженерство на материјали и нанотехнологии на Технолошко-металуршки факултет во Скопје?
ЗдравоМоментално сум средно училиште и учам во Гимназија,за факултет се двоумам помеѓу ФИНКИ и Архитектонски факултет.Кој би ми го препорачале и какво мислење имате за нив?
Имаше за овие два дискусии мислам неколку страници наназад. Разгледај ја темата, како и поединечните теми за двата (мислам дека има за двата) и ќе си создадеш подобра слика
Искрено ќе ти кажам на ФИНКИ одат многу скап е факултетот и напорен а има мн интерес од страна на сегасните средношколци... Но со текот на времето и оваа гранка за програмери информатицари итн ќе се засити и тие што завршиле ќе бидат технолошки вишок... за жал Здраво! Јас сакам да поставам прашање. Учам во Борис 4 година сум правен смер, јас сакам да се запишам на правен па после да полпзам правосуден испит и да се запишам на академија за судии и јавни обвинители знам дека е долг и макотрпен процес и дека требаат врски, јас немам никој во суд и на видна функција и поради тоа одам сама на патов и сама ќе се борам... но кога ќе го кажам планот на некој ми велат дека е пропала инвестиција правен и затоа... се мислам меѓу правен (како што објаснив погоре) и за сметководител да се запишам тоа ми е како план б ама не знам што да правам а ако ниш друго ќе си заминам од МК... Дајте ми совет што да правам математика имавне 2 години а јас ја владеан со малце повеќе тупење мозок
Слушај може после тие 4 години воопшто да не ни сакаш да се запишеш на академија. Ако ти се запишува тогаш запиши се, ако имаш морална и финансиска подршка од твоите тогаш ништо друго не те спречува. А за тоа дека има корупција во системот и самата си знаеш, но не значи дека треба да спречи да си ја исполнеш желбата. А за сметководтство, ако сакаш, не ти треба факултет, треба на курс да се запишеш специјализоран за тоа.
Ако планот ти е да бегаш од Македонија, идејата за правен ми е малку глупа. Секоја држава различно право има, и твојата диплома нема да значи ништо у странство. Нели, освен ако не одбереш меѓународно право. Сепак води се по твоите интереси и твоите соништа. Секој пат е тежок и нема ни да е интересно, ако се беше лесно. Плодот од труд, е многу посладок.
Здраво. Учам во спортска гимназија "М.М. Брицо" - Скопје. (средно фискултурно).Сите години сум одличен (5.00) и навистина учам, без разлика што некои не го мислат школото за добро. Со тоа што некои мислат така за школото, почнав да мислам и јас, веќе долго време се мислам... Дали би имало некое влијание врз моето понатамошно обазование, при упис на факс и сл., бидејќи стварно учам и сакам да се запишам на некој добар и перспективен факултет. Затоа ви пишам тука, да слушнам ваше мислење, бидејќи сепак школото е гимназија и како што велат професорите имаме отворени врати кон сите факултети.Ви благодарам однапред.
Се троумам за следните смерови: биохемија, биотехнологија и микробиологија. Би сакала да работам во лабораторија од аспект на генетски болести (клиничка генетика). Мислење?
Можеш кај сакаш да се запишеш, нема никаква врска. Со тој успех секаде ќе те примат. Важно е да избереш факултет што ќе те привлекува и што ќе сакаш да го учиш. Имаш нешто во план?
И јас така размислував, но не сум човек што се пронаоѓа во општа медицина. Интересно ми е, ама не можам да гледам некои работи. Пример до скоро се плашев и од капка крв.
Можеш со соодветни предмети на матура и убави резултати на кој сакаш факултет ќе си примен/а. Според мене тоа не би требало да ти е пречка, додека студираш може ќе гледаш „погадливи“ работи, потоа ќе си работиш тоа што го сакаш и од што не ти е гадно. Ако се трудиш да го постигнеш тоа што го сакаш ќе ја надминеш гадливоста. Верувај дека секогаш има запишани кои не можат се да гледаат, па ете ззавршуваат и потоа си се насочуваат кон тоа што го сакаат.
Најпрво, фала ти многу за одговорот, бидејќи премногу бев загрижен, постојано само на тоа мислев... Инаку за факултет, како што пишав сакам на некој добар факултет. Можеби ќе изгледа чудно, но сакам 2 различни страни, односно имам 2 различни опции. -Стоматологија-многу сакам и учам биологија, и хемија не сум лош. Тоа е едната опција. -ФИНКИ-математика е еден од предметите што најмногу ми иде, ја разбирам и сакам да ја учам, единствено ме загрижива информатиката, бидејќи може да се каже дека немам некоја значајна основа. Но од друга страна се охрабрувам со тоа дека знам математика, а многу студенти на ФИНКИ, пишуваат дека со програмирање се се почнува од 0(почеток). Ваше мислење?[
Па ако ти е страв од капка крв, како во лаб ќе се пронајдеш? Не треба да размислуваш така. Имавме пример на прв ден анатомија вежби по некој кој ќе му се слошеше од лешовите, па завршија медицина без проблем. Јас сум на стаж, и не велам дека секогаш ми е сеедно кога ќе видам нешто, ниту на докторите не им. Некогаш може и солза да ми потече, или да се скврчам целата, ама тоа нема никакво влијание на тоа дали јас можам или неможам да учам медицина/бидам доктор.
И двата факултети се доста просперитетни. За тоа како ти ќе се пронајдеш во својот избор не би сакала да коментирам, мислам дека најдобро е да се посоветуваш со некој што студира еден од двете опции, бидејќи од страна делува многу поразлично од што е. ФИНКИ мене ми делува како голем ризик, ама сепак тоа е твој избор. Се надевам дека што и да избереш нема да погрешиш.
Здраво дечки,веќе неколку месеци размислувам за мојата иднина,и морам да кажам дека ме фаќаат кризи... 4та година сум,и за многу кратко време ќе треба да се запишам на факултет. Се размислувам помеѓу фармацевски факултелт,биохемија на пмф и лаборант. Значи не можам да се одвучам,би се запишал на сите три факултети ако можев.Што мислите вие.кој по вас е повеќе преспективен,со кој би можел да успеам да се вработам во Германија (желба ми е таму да живеам):?
Одбери фармација. Го сметам за еден од најпреспективните факултети, вооедно и најтежок. Ама ко што гледам сите избори ти е со хемија.
Фармација. Биохемија е исто добра одлука ако планираш да си идеш, меѓутоа ја би ти препорачала фармација зашто ако останеш имаш далеку поише опции со фармација.