Ми треба помош околу изборот на факултет. Како и да е сакам да студирам во Србија но се мислем помеѓу ФДУ (филмска и телевизиска продукција сакам) ме влече глумата многу имам снимено филм имам искуство до9ста околу тоа запознаена сум со мн работи но не би актерска игра просто од причина што денес секој втор е актер и без диплома сметак дека продукцијата ми е подобро. Или пак се мислам за психологија како план б затоа што и тоа ме интересира многу уште како мала. Ваше мислење што би ми препорачале повеќе. Со кој факултет повеќе би можела да опстанувам
Тешко, не знам што да советувам. Доколку глумата е нешто што те привлекува, доколку имаш талент за тоа(+ имаш искуство), би те советувала тоа да одиш. Можеби секој втор учи глума, можеби секој втор добива диплома, ама не секој втор ја добива работата. Психологијата е убава наука, и мене едно време ми се допаѓаше но се откажав на време. Доколку планот ти е да работиш во Македонија, не троши си го времето бадијала на години учење. Кај нас е 'срамота' да се посоветуваш со психолог, народот ќе 'каже' луда си(реченицава ја пишав само да го доловам гледиштето на поединци и на нивниот менталитет). Нема многу работа во таа област, единствено во некое училиште или слично. Во странство е попризнаена психолохијата, па ако планираш да заминеш натаму, можеш и тоа да го учиш. Сепак, ние не ја знаеме твојата точка на гледање, не можеме ние да ти одлучиме, но еве мал совет од мене, може не толку корисен, ама можеби ќе биде од некаква корист.
Јас мислам да си се запишеш на психологија, да си земеш диплома, а за глума ете и самата кажа дека денес секој втор е актер така што ако те бива ќе можеш да глумиш кога сакаш или кога ќе ти испадне прилика. Психологијата нека ти е работа, а глумата повеќе како хоби.
Одбери го тоа што те влече повеќе. Работа нема скоро со сите факултети во нашата чудесна земја ама никогаш не се знае што носи животот. Може баш тебе ќе ти се поклопат коцките и ќе го работиш тоа што си го учела/тоа што го сакаш, ако не тука може негде во странство.
Би те советувала да запишеш продукција / глума. Пробај си ја среќата надвор на тоа поле, сега додека си млада да се пробиеш, за подоцна да не ти биде жал зошто не си се обидела. Незнаеш која врата ќе ти се отвори. А за психологијата секогаш ќе има време, никогаш нема да биде доцна да запишеш или се преориентираш.
Се интересирам во областа за инвитро и ививо , би сакала и понатаму да се занимавам со тоа дали некој знае кој факултет оди за тоа? Треба Фармацевтски или општа медицина па потоа се специјализира за тоа , дали има некој смер ?
Нее. Биолози работат на оплодување кај инвитро постапка. Не треба медицински факултет, специјализација па ич
Конкретно оплодувањето на јк со сперматозоид го прави биолог. Он одлучува која метода ќе се користи за оплодување, он одлучува до кој ден ќе се чекаат ембрионите, он одлучува кога ќе се трансферираат во матката, он дава оценки на генетскиот материјал.... Др спец гинеколог си ја тера самата постапка на аспирација на јк, трансфер во матка итд итд...
hi, medicina vo tetovo so transfer vo sk ili farmacija vo sk? *dali moze da se napravi transfer od prv semestar tetovo vo vtor skopje ili vo vtora godina samo?