Длабок не е. Давам пример за тројца. Едниот зема 1.500, другиот 2.700, третиот 4.300 евра. Едниот работи во домашна компанија, другите двајца не. Овде нели, зборуваме за плата, т.е. дали се исплати да учиш надвор, и да се вратиш да работиш дома. Ова се три примери, кои учеле надвор и работат во/од Скопје. Просечна плата спомнав бидејќи рече дека фина и добра плата е релативно. Прашањето е дали се исплати со квалификации стекнати надвор да работиш дома.
Но, од овие три примера само еден работи "дома", другите само живеат тука. Тоа не е исто. И платата навистина зависи од професијата, а потоа и од искуството. Сметководител со 4 илјади евра плата малку потешко, и кај нас и било каде на друго место, додека пак сметководител со 1500 евра плата кој има искуство не е баш реткост дури и за наш стандард. Се сведува на професија, среќни околности и искуство, малку на образование.
Здраво, не знам дали прашањето е за оваа тема но кој факултет треба да го завршам за да работам со имотно правни работи? На правен не видов такви предмети
Ако е со право поврзано значи правен. На какви предмети поточно мислиш? Првите три години се учи општо, може затоа не си видела. После на мастер се определуваш за конкретно.
На повеќето факултет прво ја учиш основата, т.е општиот дел па после се определуваш за одредено поле од таа сфера. За ова што те интересира прво треба да завршиш правни студии(3 год.) па да запишеш мастер граѓанско право(2 год.).
Dali ima nekoj info kade moze da se proveri dali fakuktetot ili srednoto e priznaeno vo holandija strikno kako zemja i kokku e priznaeno ako e ustvari priznaena Ima nekkj website ili treba da se ide po ambasadi
Дали некој може да направи некаква паралела помеѓу студирање англиски во Скопје и во Штип? Сите викаат дека во Штип било полесно, но како поточно? Помали скрипти, помалку домашни, полецни тестови, полабави професори? Што е работата? Исто така, дали некој бил од друг град а учел вонредно во Штип?
Подобар избор ако ја влече и сака тоа да го учи, а потоа и да го работи, истото важи и за медицина. Ако бира само кој е перспективен, а ни едното ни другото ја влече, тогаш ќе заглави. Факултет се бира според тоа што има желба да учи, а не каде полесно би се вработила. Зашто ни ќе го заврши, а и да го заврши со сила хорор ќе и биде да работи нешто што не го сака.
Мислењето беше за познаничка. Јас студирам на медицина и дефинитивно беше вистинскиот избор за мене. Со оглед на условите во кои студираме, а и после ќе треба да работиме, разбирам како некој што не е вљубен во медицината би се чувствувал за неправдите и проблемите со кои ќе се соочи во текот на студиите и понатаму. Мислењето го побарав за иден студент што и двете области ги сака, без разлика на просперитетот. Проблемот е што во медицина е потешко да се запише, освен ако матурата не ѝ е >90‰, па и тогаш не се гарантира дека ќе биде во државна квота. И знае колку услови и неправди имав јас овие неколку години во текот на студирањето. Затоа прашав, некој да каже од перспектива на финки, дали е задоволен од условите за студирање. Перспективни се и двата факултети, а за некој што има желба и за двата е тешко да се одлучи.
Океј е финки според мене. Буквално и да нема некое големо познавање од информатиката со поголем труд ако има желба може да научи затоа што голем дел од предметите се почнува од нула. Е сега како на секој факултет има професори кои навистина даваат многу од себе, а и има кои не се замараат многу ама генерално повеќето се достапни и особено во време на испитна или колоквиуми во секое време може да ти објаснат, консултации и слично. Во главно се трудат. Факт е дека има многу студенти, секоја година се повеќе се запишуваат ама голем дел од нив и не го завршуваат. Така да убаво нека размисли, ако медицината и е прв избор и не ја примат на финки во втор рок нема место, или пак само на некој смер кој што го запишуваат многу малку студенти, а на прв би требало да ја примат ако не во државна тогаш приватна квота.
Здраво, сакам да прашам дали со средно фармација може да се оди на било кој друг факултет освен на медицинските? Како на пример(Финки, електро, економски, педагошки, филозофски,.....) се надевам ќе знае некој од матурантите да ми каже