Архитектонски факултет vs Филолошки факултет што ве очекува на архитектура еве јас ќе пробам да ви ја доловам сликата за тоа што има на архитектура. Како прво, многу малку математика не очекувајте дека ќе е се математика, али затоа ќе имате дооооолги ноќи непреспиени. Зошто? Ќе се утепувате цртајќи програми по цели ноќи и откривајќи што сака професорот од вас. Ќе бубате 1 000 000 куќи, цркви, фрески и што ти уште не за да се спремите за колоквиум или испит и потоа ништо нема да паметите. Среќна околност што се црта на компј. а не како порано рачно така да корекциите од проф. полесно се надминуваат. Детално ќе ја проучувате архитектурата, ќе видите, кули, вили, центри...и ќе научите, и ќе дипломирате после 5 год. под услов да сите програми ги откачите на време а што потоа? Ке цртате за некого добри 2 год. за да се здобиете со искуство и земете лиценца која нормално сами ќе си ја платите - али ај за среќа не е скапа многу од 6000ден па нагоре зависи која ја сакате и кое овластување ке може да земете. И така вие амбициозни со сите нишани наоѓате работа. Ииии се паѓа во вода затоа што ќе ви дојде клиент и ќе ви каже што сака, а вие ќе му кажете дека неможе и на крај пак ќе се сведе на тоа што сака он, а вие ќе го тупите да го измислите или прилагодите на тоа што го сака он. Од прва ќе заглавите со документацијата од еден имотен лист до извод од дуп, протокол....али, ако имате внатрешен човек од катастар или општина кој ќе ве гура, е тогаш ќе немате никаков проблем.... Да не ве плашам факултетот си е ок, професијата фантастична е сега нашата корумпираност и урбаната мафија длабокоооо пуштила корени во овој сектор, али тоа вас сега не ве интригира. Епа среќно!
Архитектонски факултет vs Филолошки факултет Мене искрено највеќе ме плаши математиката, не дека не ми оди, ама понекогаш знам асално да утнам све живо и диво
Архитектонски факултет vs Филолошки факултет и јас сум заразена за архитектура, се мислам сеуште дали да одам на тоа или... за цртање не сум нешто посебно, но кога сакам го правам онака како што сум замислила, а и со математика не стојам лошо...па ке видиме, ‘има време‘
Економски или Електро Што мислите кој е подобар факултет? Дали електро е толку тежок? Прашувам за моја блиска другарка која се двоуми помеѓу овие 2 факултети
Економски или Електро и јас се двоумев до пред некој месец меѓу тие два факултети и се одлучив за електро, бидејќи сите кои што студирале на електро скопје, повеќето се веќе вработени(не партиски), бидејќи навистина е потребен квалитетн кадар. а од економски ќерката на една пријатлека на мајка ми , кога магистрираше, а мислам и дека докторираше меѓународна економија или така нешто, не е вработена кај што навистина треба да работи и работи кај нејзин близок роднина како сметководите. сепак имај на ум дека електро скопе е најквалитетен другите факултети што се низ макдеонија не се воопшто квалитетни. и на електро никој не ми има кажано ека налетал на корумпиран професор, додека сите што ме советуваа да не се запишам на економски ми кажаа дека повеќе пати налетале на корумпирани професори. сега сама одлучи.
И јас сум во истио проблем, само се двоумам меѓу менаџмент и претприемаштво или информатика... за економски сум си решена ама осеќам дека последен момент ќе си идам на информатика оти сепак тоа го сакам и ме влече а и јазик сум си ок... п.с ме интересира колку е застапена математиката, или се зависи од смерот, исто и кои смерови ги има годинава на информатика (на гоцета делчев конкретно). Некои викаат све е таму математика и многу се откажувале, некои спротивно и сеа не знам затоа највеќе и се двоумам хелп пипл
За да не се двоумиш многу би ти предложила Е-бизнис, економски со доста информатика и англиски,повеќето предмети ти се на англиски јазик, е сега проблем е што овој смер го има на Кирил и Методиј во Скопје.
Мене се уште не ми е време, но да си прашам. За правен факултет за да се влезе во државна квота, оценките во сведителсство треба се 5 да ми бидат?
Се зависи кои предмети му лежат на човекот. Ако ти лежи право, економија или си гимназија подрачје ОА што си ги учела тие предмети одбери си тоа зависи што повеќе сакаш. Ако си лежи хемија, биологија има за тоа технолошки, ПМФ, фармација, медицина итн. Јазици филолошки дефинитивно, ако си добар математичар и физичар ПМФ, ете и машински, ако си стварно јак математичар и физичар Електро, иако ретко кој се осмелува повеќето одат на ПМФ. Информатика има исто на Електро ама мислам дека не се исплати да се учи што сум слушала па информатика не мора да си високообразован само треба да знаеш многу, колку со средно има во институцииве ама јаки информатичари учеле курс (ми кажуваа имало некој курс 2години ама стварно добра обука за информатичари иако е можеби половина и помалку од факултетот многу било квалитетно), отколку некои со електро учеле све и свашта и ништо. Ако си по уметностиве музика ликовна уметност итн. оди на тоа. Ако те интересира војска, полиција оди на таква академија. И да, ако сакаш да студираш архитектура нацрти, скици, математики итн оди си градежен
Сакам да прашам за да се запишам на педагошки треба скроз одлична да бидам??? Бев запишана на пмф ама се одкажав мн е тешко, па сега се мислам за педагошки, знае некој како е, што е??
Нема врска дали си одлична или не ти бараат тебе таму поени и да бидеш скрос одлична ако се бараат 20 стиденти за државна и 20 за приватна квота а сите тие да бидат одлични и ти да бидеш одлична можи и да не те примнат...значи нема врска тоа дали си одлична гледај од матурата нешто повисоко да извајш оти мисла дека од неа по два пати се бодираат поените....
А за педагошки во Штип си размислувала, мислам дека таму има поголеми шанси да влезеш и велат дека полесно било од Ск.
Не знам точно колку се сега оценките но кога беше проектната 5 поени оценките беа 60 поени ако си 5.00 значи под 50 поени сега сигурно не се значи многу се важни.Проектна максимум 12 бода, екстерните се максимум 10 основно ниво а напредно 12 иако ретко во кое средно има напредно ниво зависи од учениците, а екстерните се 7.5 или 8 поени мислам барем така беа. Значи за другиве градови индивидуално во секој е различно, ама ќе кажам посебно во Скопје како е, посебно на државниве факултети конкуренција има, кај некои не толку ама кај некои ВРИЕ и многу се битни оценките.Конкретен пример лани колку што разбрав последниот примен во државна квота на финансиски менаџмент на економскиов имал 96 поени, а во приватна 91. Од толку многу примени, па тоа е со други зборови тепачка.
И оваа година за уписите на факултет се земаат во обзир 60% од успехот што си го постигнал во изминатите 4 години, а 40% од државната матура (20% од училишна матура), така да според мене мислам дека со самото тоа поважен е успехот од 4 години што го имаш постигнато.
Сестра ми е на педагошки, за наставничка од прво до четврто. Али, она не беше одлична во средно. Не памтам баш, но знам дека имаше поминато година и со четворка и со тројка, незнам точно..
Па и мојте оценки се тука некаде.. На ПМФ ме примија бидејки не се запишуваа мн студенти останаа и слободни места, ама мислев дека на педагошки е како на правен или економски да неможеш да влезеш ни одлична ако си.. хахаха А на сестра ти како и оди??? Има мн за учење??? Тешко и е многу или??
Мајка ми има педагошки и верувајте многу напорна работа е. Од 1 до 4то деветолетка за 5то зависи, супер е 4саати работно време ама тие 4 душа ти излага. Особено со деветолеткава дечиња 5ипол 6 годишни што местото им е во градинка ти доаѓаат во училишни клупи. И додека се навикнат треба да ги воспиташ како да се однесуваат, да се однесуваш како негувателка + наставничка потоа откако ќе ги научиш на некаков минимален ред да почнеш да ги образуваш. + има многу работа дома, подготовки за секој час спремање цела страна, дневници пополнување, зависи ако те викнат понатаму на семинари, обуки итн. Повеќе пишува од мене, ученик цел живот. Инаку сега е многу полесно од порано. Гола вода што се вика е. Многу, многу спуштен критериум дури се смета за еден од најлесните факултети воопшто во државава.