Медицинска сестра сега примат повеќе со средно, мислам дека џабе три години учење е тоа. Дефектологија според мене е подобро
Што е најперспективно од медицински науки (освен доктор и сестра) ? Дали лаборсториски инженер, молекуларен биолог, биохемичар?
И двете ти се добра опција ако гледаш сппред тоа што е поперспективно. За молекуларни биолози и биохемичари кај нас нема многу опции. За во странство ти е супер, ама тука не ми се чини дека се ценети.
Зависи како каде, некаде бараат со средно, некаде предност даваат на тие со факултет. Со факултет платата се покачува. Можеш прво да почнеш да работиш, па вонредно да учиш. Секој ќе ти каже различно, еве членката вика дефектолог. Според мене медицинска сестра е многу подобро и работата повеќе ми се допаѓа и поголеми можности за работа имаш. Замисли си се во двете улоги и прашувај луѓе што ја работат таа работа, така мислам најдобро ќе одлучиш. @Идемејако
Незнам викаат како дефектолог и нема работа,пример во школо само седат додека за сестра има повеќе да работиш.И за сестра пример викаат само го трошиш времето 3год колку да се има завршено,кој сака си дозима испити.Стварно незнам од др страна незнам колку работни места има за дефектолог.
Медицинска сестра. Веќе има премногу дефектолози кои не можат да најдат работа. Освен ако си спремна да си работиш приватно или ако имаш врски да влезеш по училиштата. Медицинака сестра имаш мислам повеќе опции како што бегаат сега сите странство, а имаш и опција и за заминување исто. Ама сепак ти си знаеш.
Сестри има со лопата да ги ринеш. Во приватните ординации слабо се платени. Во приватните болници не знам како е. Плус приватни болници во другите градови освен Скопје и Битола,не знам кај има. А во државно тешко да се примаш без партиска книшка. А за во странство бараат сестри.
И за медицински сестри и за дефектолози има дефицит, проблемот кај нас е што не се ниту платени ниту распоредени добро.
Тешкотијата зависи од тоа колку си поткован математика и програмирање од средно, и колку си спремен од твоето време да жртвуваш и социјален живот за да ги завршуваш твојте обврски на време.. Не е тешко за сите, ама не е ни за сите лесно, индивидуално е.. Многу зависи од тоа дали сакаш да бркаш просек за стипендија, дали ти е само колку за да положиш, дали учиш со разбирање или површно..
@Идемејако Јас мислам дека со дефектологија си “поограничен” во однос на вработување. Јас не живеам во Скопје, од помало место сум. Мислам дека во цела општина, има вкупно само 2 специјални паралелки, во кои работат 4-5 дефектолози максимум. Има уште една установа за лица со посебни потреби, еве и тука нека има неколку и толку. Ајде ќе заокружам 10-15 нека се само вработени во цела општина. И не е дека нема дипломирани, туку едноставно толку се работните места, и истите се веќе исполнети. Затоа, ако си од помал град, и не планираш да живееш во Скопје на пример (каде претпоставувам дека има повеќе шанси за вработување) добро размисли, и распрашај се дали се бараат дефектолози во твојот град. Медицински сестри е факт дека се бараат, ако не овде - дипломата по тебе и во странство, без работа нема да останеш. Дефектолози дали се дефицитарни во странство искрено не знам, нека каже некој поинформиран. Со среќа што и да се запишеш, ова е само мое мислење, двете професии се хумани, на тебе е да си одлучиш што повеќе те влече.
Јас мислам дека дефектолог е професија кога во наредниве 10 - 15 години ќе биде многу барана, со оглед дека се повеќе и повеќе деца се со говорни маани, се повеќе деца се со посебни потреби, ќе се бара дефектолог плус секаде затоа што скоро и да ќе нема паралелка каде нема дете кое има потреба од дефектолог во редовно училиште..
Добро,чим ти така викаш. Точно.. Еве пример во нашата болница, акушерки со средно ги ставаат на хирургија,а сестри со средно ги ставаат на акушерско и ги обучуват за пораѓат. Покомплицирано здравје
Аха, епа тогаш кој и да го одбереш смер од тие што си ги набројала нема да згрешиш. Битно да ти е убаво и да те интересира тоа што го учиш, за работа никој не може со сигурност да каже за 4-5 години од сега што и како ќе се бара и како ти лично ќе се снајдеш и каде ќе работиш. Ако не тука, во странство сигурно се бараат тие струки. Најважно е да ја сакаш професијата пред се.