Здраво на сите. Се думам помеѓу факултетот за информатика во Скопје и факултетот за информатика во Битола. Според вас кој би бил подобар избор и зошто? Би сакала да знам кој се предностите и мааните и на едниот и на другиот факултет? ( доколку некој е запишан на факултетот за информатика во Битола би сакала доколку не е проблем да ми каже кој смерови ги има и што се учи на истите) Ви благодарам.
Размисли добро за дефектолог, иако треба во многу институции да се застапени, ретко во која ги има, ниту во градинки, ниту во школи… знам многу кои завршија дефектологија и голем дел не работат воопшто по струка. медицинска сестра дефинитивно имаш поширок спектар
Не, воопшто. За сметководител со средно си зимаат лиценца, маркетинг бараат дарба а не диплома, менаџмент нема кај нас - газдата си е и цео и лидер и менаџер. Во штедилници, брзи кредити и комерција со средно или сосем друг факс. Освен некој со врски ако ти гарантира за професор или за во банка, тогаш ти треба диплома.
Па и во банка зависи што позиција, на шалтер за никоја сума не би работела, ги жалам секое влегување, не знаеш веќе ни дали дишат позади монитор од толку работа. така да и од мене едно големо НЕ за економски фах
Лично познавам дечко со градежен што работи на шалтер во банка. Така да, факултетот не ја одредува иднината на професијата и кариерата воопшто. И не гледам поперспективен или помалку перспективен факултет, се е до човек како ќе се снајде.
Тој Брајанот имал талент а школото му е плус, во сите нормални држави фирмите ги земаат студентите кои се при крај со студии и ги вработуваат, а да не збориме за оние со висок просек… Само кај нас можеш да сретнеш луѓе со градежен што работат на шалтер, фризерка што работи контрола на квалитет и да не ги редам сеа сите со ред, а како се примени и со какви врски тоа и кучињата скитници знаат
Ги земаат, ако се асолни. Шо ти се чини, секој што ќе заврши колеџ во САД, право работа го чека, уште од врата?
Во САД и другите развиени држави работат на струка додека студираат, морално е 1 година да имаат internship и тоа платено! Кај нас освен келнер и продавач не можеш ништо друго додека студираш. Секаде бараат искуство, практиканти не примаат никаде. Во Латвија, Германија, САД, Франција, Шпанија и Луксембург имам пријатели преку факс кои работеа на струка 2-3 години додека студираа и потоа веднаш се вработија во добри фирми. За Шведска, Холандија и Финска не коментирам бидејќи веднаш им наоѓа работа факс уште после прва година. Најјако ми е што за лиценца за сметководител бараат 2 години искуство да имаш, а за да работиш ти треба лиценца.
Не реков дека кај нас е поарно, туку дека секаде можеш да завршиш едно, а да работиш друго. Не само во Македонија. Всушност, се надоврзував на тоа што ти го рече
Ама споредбава ти е… ептен на место. Градежникот НЕ СМЕЕ, а воедно и не можи да работи како шалтерски работник во БАНКА. Едноставно не е квалификуван за таа позиција, а тоа шо кај нас го има, не значи дека е во ред.
Кој факултет без разлика приватен државен се студира на англиски јазик во Скопје.освен американскиот и балканскиот ?