Кој факултет без разлика приватен државен се студира на англиски јазик во Скопје.освен американскиот и балканскиот ?
Нема врска, некој ако е толку паметен не му треба диплома. Едноставно економскиот факултет не е перспективен, секој 3 човек што се вели е дипломиран економист и нема работа, освен за бедни 18.000 некој комерцијалист или книговодител за што веќе не ни треба диплома од факултет.
Да повеќето се без работа затоа што чекаат некој да ги вработи, а за книговодител не е баш како што кажуваш, од лично искуство на моја најблиска роднина можам да ти кажам дека како книговодител многу добро заработува. Едната приватно а другата вработена во фирма. Исто така ако си добар сметководител ќе заработуваш многу. Така да се е до личноста и нејзините способности што ги поседува.
И да не мислам дека е којзнае колку перспективен, ама дека можеш и со него добро да заработуваш можеш. Што сестра повише да не зима? Доктор? Ќе учиш 6 години плус стажирање, за шо? За кои пари? Или тогаш пасошот во рака и друга држава
Кој факултет според вас е подобар и зошто, ФИНКИ или ФИКТ? Се уште немам одлучено кој да го одберам. Доколку е некој на ФИКТ би сакала да сподели мислење за студиите.
Отсекогаш сум била одличен ученик. Во основно само математика и физика не ми беа петки. Сега, не сум некоја бубалица, да сум цел ден пред книга, ама учам. Кога тргнав во гимназија малку секако страв, нова средина, а јас реално не сум многу јака кога е во прашање самодоверба и малку потпаднав, ама на крај сепак бев одлична. Тогаш пак се појави корона па втората половина од прва година и цела втора беа онлајн. Втора година ми беше катастрофална. Буквално сите си ги поправија оценките само јас ги намалив. Едноставно не можев да се вклопам во целиот тој нов концепт и завршив како многу добра. Трета година, конечно се вративме во училиште, но пак додека да се привикнам, па се случија некои работи баш кога не требаа и пак завршив многу добра. Ми се урна целиот сон. Имав во план да се запишам во Словенија, но по сѐ изгледа немам никави шанси. Сѐ уште немам одлучено за факултет морам убаво да размислам што точно ми лежи и што јас всушност сакам. Сакам да прашам, дали многу влијае успехот на нашиве факултети, дали можам да се запишам иако двеве години сум со многу добар успех?
Јас мислам дека и успехот игрс улога во запишувањето но секако дека можеш да се запишиш. Е сега зависи нормално и тоа на кој факултет сакаш да одиш и колку студенти се пријавени на истиот. Сепак можи само еден студент дс има подобар од тебе и поради тоа да не те примат. Зависи и матура и успех и како што реков избор на факултет и се. Но без гајле секако дека негде ќе се запишеш фала богу не се запишуваат само бубалици на факултет хаха.
Секако дека влијае успехот многу ако се запишуваш на факултети кои се моментално актуелни и има многу пријавени кандидати, но секогаш гледај да запишеш факултет кој ти се допаѓа и од кој ќе имаш економски бенефит. Да можеш да работиш во приватен сектор или зошто да не покренеш свој бизнис. Ако не можеш да го запишеш факултетот што го сакаш, тогаш запиши курсеви со кој ќе имаш директна пракса. Најважно на работа кога ќе те стават е да знаеш да работиш и да носиш профит. Ова е едно мое гледиште.
Секако дека можеш да се запишеш на факултет, освен можеби на факултетите со огромна конкуренција, како на ФИНКИ, или на општа медицина. На другите факултети не познавам некој што не бил примен, од мој клас и со послаб успех од тебе, се запишаа на различни факултети во Скопје, Штип и Охрид.
Можеш да се запишеш скоро секаде во приватна квота, па некаде дури и во државна квота ако се многу малку студенти. Освен на тие неколку факултети каде е огромна конкуренција, на пола факултети дури и во 3 уписен рок имаш места.
Иста тежина и двата држат. На крај пак ќе искочат добри информатичари од двата факултета. Ако ФИКТ ви е поблиску до дома тогаш тој запишете си го.
Искуства со Американ? Конкретно ме интересираат некои информации па некој доколку може да ми пише во лп, ми треба за блиска роднина. Фала однапред.
Здраво девојки. Последна година сум средно и планирам да се запишам на Македонски јазик и книжевност во Штип Па сакав да прашам Дали после можам да се вработам лесно? Дали ке ме примаат? Оти претходните 3 години завршувам со многу добар успех И дали воопшто има студенти на тој факс? Пошто слушам не одат МКД јазик и книжевност многу студенти
Не, не можеш да се вработиш лесно. Нема работа со македонски јазик. Само професор можеш да бидеш, но за да се вработиш државно треба да бидеш активна во партија. Сигурно би те примиле. Како што знам, нема интерес за тој факс. Доколку мене ме прашуваш, подобро избери друг јазик, така ќе можеш да преведуваш, а со македонски нема да можеш ни тоа.
Баш напротив, воопшто не се согласувам. Баш со македонски јазик можеш да најдеш работа во брз временски период. Јас студирам македонски јазик и книжевност и сме само 5 студентки. Во мојот град сите професори кои се македонисти се стари и нормално треба да одат во пензија, бараат македонисти, нема кој да работи, нема деца кои завршиле, бројот драстично е намален и јас земам стипендија поради дефицит на кадри. Катастрофа е ова што се случува. @Bezobrazna01 оди на македонски јазик но студирај и учи квалитетно, да можеш да предаваш во иднина, а дека ќе најдеш работа, ќе најдеш сигурно!