Па ако се запишам таму јасно е дека тоа така ќе биде, а не само таму секаде има така дури и не во конкретно за факултетиве, навикнат сум на такви работи. А тоа јасно е дека мораш да имаш партиска определба за државна работа. Фала за мислењето ❤️ Значи фактички сега јас најубаво да не се запишувам на факултет затоа што од никој факултет после нема работа
Треба да ги следиш желбите, но треба и да гледаш што е перспективно. Навистина глупо е да те советуваме, иди тоа што сакаш, а за тоа да нема работа. Пример, историја, археологија, нема никаква, н и к а к в а перспектива. Правен, исто. Со правен нема да можеш ни во странство да идеш. Психологија, евентуално да запишеш едукација за психотерапија, па со тоа да се занимаваш.
Има работа зависи што факултет само технички, електро, информатика, медицина на овие струки нема промаш плус дипломата призната ти е и во странство и имаш многу повеќе можности за разлика од другите факултети
Еве јас сум медицина и од тоа што гледам и со медицина немаш баш некоја среќна иднина ако не си со партиски врски или "нечиј"
Па општ доктор не гледам некоја иднина. Ќе работиш кај нелој за 25 макс еве 35 илјади? И? Ќе отвориш своја ординација и ќе имаш колку 2.000 евра. Не вреди таа плата за трудот и годините, според мене
Па добро ако тоа подразбираш под иднина. И тоа не е нит без пари, нит без повторно учење и јазик и полагање. Споредбено со курсеви што иста плата ќе зимаш затоа реков дека не е некоја среќна иднина ако гледаш веќе плата. Меидицнски факс без врски во државава не ми е некој добар избор Дали пак да треба да упишам факс би одбрала медицински?да. Дали мислам е со перспектива добра? Не. Ама јбг љубов сум бирала и бирам
Може се малку работните места за психолозите и за оние со природни науки кај нас, но сепак не се слабо платени. Отвори во другите теми каде што кажуваат колку наплаќа денес приватен психолог за една сесија или колку заработува некој во приватна болница на пример во лабораторија. На запад се дефицитарни вакви кадри. Ако планираш да продолжиш во странство во ваква струка, шансите за уште подобра заработка надвор или во земјата се уште поголеми. Мое мислење е дека овие професии допрва ќе се бараат и во земјава. Особено на лица кои не завршиле со врски и мито, туку си ја знаат работата.
Треба да си ја слушаш желбата,ама мој совет како студент на Правен,да се вратам назад не би се запишала на овој факултет.Сепак доколку е нешто што ти е пасија,тогаш запиши се.
На славјански ќе си поминеш полесно тоа е факт, и таму има психологија. Знам доста примери дека од славјански доста побрзо влегле на работа итоа во образование него ли лд државен ама тука е фактот дека постојат и партии и врски... Иначе учи тоа што најмногу те влечи, за другото се ќе си дојде.
Прашањето е двосмислено поставено. Сакаш да се запишеш надвор на факултет? Ако е така, зависи во која земја. Ако идеш во земја кадешто англиски е официјален, имај предвид дека на тие што им е мајчин јазик, секогаш ќе се пред тебе. Ове не го зборувам во смисла на вработување, туку во смисла на стручност. Не е исто кога зборува некој кој му е мајчин јазик и некој кој го има учено на факултет. Ако се запишеш во Македонија англиски, не гледам никаква перспектива. Сите веќе знаат англиски и само ќе можеш да бидеш преведувач или ако си активна во партија, да бидеш наставничка. Ако сакаш јазици, подобро запиши се на друг јазик. Англиски не.
Здраво девојки, јас сум 4та година собраќајно транспорт и шпедиција и имам желба за царина, шпедиција и осигурување па да ми дадете мислење и совет
Германски, италијански, пример. Англиски сите знаат. Не знам колку си известена, но за да бидеш преведувач не мора да имаш завршено соодветен факултет. Само полагаш испит. Со оглед на тоа што сите знаат англиски, попросперитетни се други јазици.