1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кој факултет да го одберам?

Дискусија во 'Образование' започната од elenapfp, 7 февруари 2010.

  1. Cycloastra

    Cycloastra Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2023
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    250
    Пол:
    Машки
    За некои да за некои не зависи што сакаш. Зависи што сакаш од животот и каков поглед имаш. Труд, креативност фантазија и храброст и се е можно...
     
    Последна измена од модератор: 15 април 2023
  2. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    996
    Допаѓања:
    2.294
    Пол:
    Женски
    Апсолутно се согласувам со тебе. Мора да има земјоделци, мора да има сточари, мора да има занаетчии. За тоа не мора високо образование но сепак се оди како чирак, како аргат и останато за да се научи занаетот. Така да, факултет не треба, ама време за учење - да. Зошто ако не научиш, нема да знаеш што правиш.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Cycloastra

    Cycloastra Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2023
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    250
    Пол:
    Машки
    На друго мислев ама нема врска. И ти си во право, само од друга перспектива.
     
    На NoirSerpentine му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Одлично се разбираме, бидејќи животот е многу, премногу перспективи.
     
    На NoirSerpentine му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Немаме работни места кои захтеваат академско образование. Немој да ми кажеш дека факултет за администрација е потребен, или за кадровско или ЧР, добар дел од работата се учи преку пракса. Доказ се на пример сите шалетрски службеници по банкиве кои имаат не само факултети, туку и магистратури и пак додека не "научат уз пракса" нивната титула односно знаење е бескорисно. Ситни пари не би рекла, јас како преведувач заработувам на пример помалку од мојот електричар, од молерот ич па да не си скоривам јадови. Едноставно затоа што електричарите се дефицитарни и може колку сака да ти наплати бидејќи му се може, а академски граѓани преведувачи има да ги ринеш со лопата и тоа третина седи без работа, третина работи по разно-разни фирми или се преквалификува, а тие што работат по струка генерално заработуват помалку од горенаведените занаети. Тоа е проблемот со нашиот образовен систем. Штанцање непотребни кадри кои нема каде да се вработат. Еве во Италија на пример каде што сум живеела, во моето професионално опкружување јас сум била једина со титула, сосема непотребна за конкретната струка.
     
  6. Gornn

    Gornn Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2019
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    1.442
    Дечко ти си премногу млад и неискусен во животот. Кога ќе набилдаш години како некои од нас овде ќе сфатиш дека животот не е толку лесен и едноставен за живеење. Али се во свое време.
     
  7. Cycloastra

    Cycloastra Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2023
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    250
    Пол:
    Машки
    Би ти кажал колку години имам ама нема поента да зборувам за мене со непознати.
     
  8. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.582
    Допаѓања:
    40.011
    Пол:
    Женски
    Многу седиш на интернет, се гледа дека си претерал.
    Ако научин преку тутуторијали и направиш робот кој ќе ни прави сериозна на пример кардиолошка операција, тогаш ќе ти честитаме на муабетов.

    Како бе не се потребни факултети, што зборувате?
    Дека не е за секого факултет да заврши, тоа да.
    Но, има луѓе кои ги бива за одредени струки.
    Не може секој да биде доктор, правник, програмер...
     
    На cresa-jagoda, Ana2411 и sino.o.oka им се допаѓа ова.
  9. Cycloastra

    Cycloastra Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2023
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    250
    Пол:
    Машки
    Ок студирај...не дека ќе имаш фајде од учењето пак уште ќе треба да учиш за да работиш. Поентата е дека не ги бива факултетите посебно не кај нас. Чисто губење време.
     
  10. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.582
    Допаѓања:
    40.011
    Пол:
    Женски
    Сум студирала и никогаш нема да кажам дека сум изгубила време. Сум станала стручна во областа, а праксата донела и до поголемо знаење. Образованието наше има многу недостатоци, но дека е губење време не е точно.
     
    На Cosmic Girl, cresa-jagoda и Angie1432 им се допаѓа ова.
  11. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    996
    Допаѓања:
    2.294
    Пол:
    Женски
    Дури и да е така, никаде не примаат некој без завршено високо образование. Како во Македонија, така и во странство. Не те ни разгледуваат ако немаш завршено високо образование.
    Како ти би го решил/а ова?
     
  12. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    3.965
    Пол:
    Женски
    Мисли си дека не примаат.
    Имам двајца другари што имаат само средно вработени се во странската компанија Slice тука во Скопје и си зимаат плата по 120.000.
    Другарка си заврши само курс некој за програмирање 6 месеци траеше факултет нема си работи исто во солидна комапнија со плата 60.000 мкд.
    Исто Другарка нема факултет си отвори студио прави фризури,шминка ,депилација си има месечно доста солидни примања.
    Така да факултет не е мерило за ништо .
    А и во странство. Познаници во Шведска работат како медицински сестри без факултет отидени тука од Мкд .
     
    Последна измена: 28 април 2023
  13. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    996
    Допаѓања:
    2.294
    Пол:
    Женски
    Можеби, ама дел од овие работи што ги спомна во странство не ни можеш да ги почнеш ако немаш завршено соодветно образование. Ете спомна студио, пример во Германија не можеш ниту да помислиш да работиш ако немаш посетено соодветено образование.
    А од примерите само IT ми наброја. Значи останатите слабо без факултет, барем во Македонија.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    3.965
    Пол:
    Женски
    Slice не е IT компанија.
     
  15. Cycloastra

    Cycloastra Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2023
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    250
    Пол:
    Машки
    Јас работам фриленс за тоа што имам факултет земам 150 евра месечно а од други тезги за што немам никакво формално образование дури ни курс земам 1500 евра. Толку вреди факултетот. 10%. Моето искуство е дека не вреди да се студира. Вреди да се учи тоа што се бара. Дури ни курсеви не земам. Што направив. Работев државно за плата од 35000 денари и имав кредит од 15000 денари за стан 5000 денари за кола. Дадов отказ и го продадов станот и колата. 2 Години дена седев дома учев, спортував и дејтав потрошив 20000 евра. Најдов тезги од кои земам 1600-1800 евра за 4 часа работа од дома плус и се оженив. Да останав на работа ќе живеев со 15000 денари ќе бев дебел и без жена. Мајка ми сакаш да ме носи во болница зошто давам отказ без друго работно место и продавам стан и кола во кој живеам и одам под кирија. Најдобра одлука во мојот живот е што дадов отказ од сигурно работно место и го продадов станот и колата во кој живеам за да одам под кирија и да не работам. Спротивно на совет на секој родител. Разлика за 5 години плата од 35000 20000 денари кредити работно време 8 часа во канцеларија дебел без врска и со ужасна исхрана. Сега 1750 евра плата од дома 4 часа слаб со здрава исхрана, редовен секс и дете под крија од 250 евра и на одмор одам 5 пати годишно по 10 дена. Се поради тоа што не слушав бумерски родители. Јас излегов од класичниот rat-race. Мој совет не купувајте стан и кола и не студирајте. Никој родител нема да ви го кажи ова и 99% мислат дека не е добро но грешат.
     
    Последна измена: 6 мај 2023
  16. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    12.348
    Пол:
    Женски
    И кога ќе остареш и нема да имаш ни пенезија, ни стан/куќа, што ќе правиш? Ќе спиеш по паркови или ќе им се тупнеш на децата они да те издржаваат? Или ако имаш потреба од здравствено, имаш ли пари да си платиш?
    Извини, ама не се сложувам со тебе и со твојот живот од денес за утре.
     
    На NoirSerpentine и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  17. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    12.348
    Пол:
    Женски
    Иначе на темата, мене изборот на факултет ми беше една од подобрите одлуки кои ги имам донесено во животот, колку и да се мачев да го завршам, секоја минута вложена во него можам да кажам дека вреди и тоа на сам старт на кариерата сум..
     
    На Цобра му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Cycloastra

    Cycloastra Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2023
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    250
    Пол:
    Машки
    А да не плакај пензиско купи приватно здравствено и научи се да менаџираш инвестиционен фонд. Тоа учев тие 2 години. Учев и програмирање и математика. Инаку завршив градежен. Џабе факсот. Од мало го учам детето не студирај, не купувај стан, не купувај кола, научи финансии, не плаќај пензиско, спортувај, научи сам да учиш, дејтај, живеј здраво и гледај што треба сам да завршиш не чекај ништо од државата и формално. За 3 години со приватно инвестициње и пари од станот направив 100.000 евра има дивиденда од 500 евра месечно. Уште малку пензија а имам 36 години. Моите работат уште :)
     
    Последна измена: 6 мај 2023
    На Michaelalala му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Цобра

    Цобра Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    599
    Пол:
    Машки
    Кој факултет и да се одбере ако по личен избор нема да згрешите.
    Потоа може да работите и нешто различно од струката ама тоа ќе биде само бенефит плус ама не и промашување и разочарување.
     
  20. Cycloastra

    Cycloastra Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2023
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    250
    Пол:
    Машки
    Најбитно е да научиш да менаџираш свои финансии и сам да си направиш пензиски и инвестицион фонд. Стан и кола никако не купувај. Учи сам што бара пазарот никако личен избор и вкус. Не плаќај пензиско а здравствено или приватно или социјално. Остај ги бумерите мисли сам.
     
    Последна измена: 6 мај 2023