Трет пат го пишуваш ова. Те прочитавме и првиот пат. Добро што ова упалило за тебе ама за другите нема да биде најдобар избор. Темата е за избор на факултет. Ако можеш сподели што те одвратило од сакањето на факултет. Низ светот веќе на големо се шири агендата на „немај ништо сопствено“, затоа милијардерите им ги купуваат имотите на оние кои „го сфатиле тоа што си го сфатил ти“. Ама не е тоа темата, да не одиме за џабе офтопик.
Според тебе, сите факултети освен оние поврзани со ИТ се пропадната инвестиција. И ИТ може да биде заменет, ама патувањето никогаш и со ништо не може да се замени така да туризам секогаш ќе биде перспективна опција.
Користам etf на nyse. Нема везе ок оди се живее од нив. Само корисни работи ако се учат речиси без труд се живее и се оди порано во пензија. Факултет не е потребен. Пари од фриленс и продажба на физички имот ставав во етф и ок е. Освен облека и компјутер немам никаков друг физички имот. Малку работа и рана пензија ништо од ова не учев на факс. Толку ај одам на друга тема.
Каде прочита само ИТ? Туризам во Македонија, смешки. Збориш како да сме некоја светска туристичка атракција, па може да се живее со туризам факултет. Во странство да, Македонија, којашто никој не ја знае и никој не е заинтересиран, не баш.
Тоа е умешноста, да информираш и донесеш странски туристи и да привлечеш македонски кон одредени дестинации, а ги има многу. Ако не те бидува за нешто тоа е друг проблем, не на факултетот.
Знаеш дека многу луѓе во странство не знаат за Македонија? И знаеш дека кога ќе идеш во други држави од кои си воодушевен, Македонија е буквално ништо?! Ништо, нема ништо, ниту пак нешто за воодушевување.
Го објаснив ова: Ако не знаеш што има низ Македонија и не си информирана, подобро да премолчиш вакви коментари.
Што има? Ете една работа со која може Македонија да привлече туристи? Баш дека сум добро информирана го кажувам ова.
Темава не е за тоа. Ако толку сакаш да ти испишам „една работа“ од многуте, цитирај ме во соодветна тема и ќе ти одговорам таму. На факултет за туризам нема само вакви работи туку и гастрономија, царина, логистика и повеќе други смерови. Гастрономија е умешност сама по себе и не може секој да успее, макар ги имал најдобрите околности. Факултетот не е за занемарување или според твоите зборови „пропадната инвестиција“.
Колку од тие што се дипломирани на туризам и слични пропаднати инвестиции, работат по струка? Да, со гастрономија, царина и логистика, вработувањето е сигурно (заборавив важен детал, со партиска книшка, се е можно).
Здраво на сите, дали некој знае дали оваа година ќе има уписи на логопедија (слушнав дека нема секоја година)? Исто така, какво мислење имате и дали некој студирал на криминологија?
За логопед прашај на студенски (ако мислиш за смерот логопедија на медицински во Скопје). Бидејќи не сум сигурна, како да спомнаа нешто дека ќе ја сменат програмата или нешто такво. Ама најдобро оди прашај, ќе ти кажат. А за дали е просперитетно, тоа поим неам