1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кој факултет да го одберам?

Дискусија во 'Образование' започната од elenapfp, 7 февруари 2010.

  1. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Па она е сега втора година.. Што знам.. мене не ми изгледа многу тешко, али она учи сепак.. Само лошото е што треба сите лектири да ги прочита, и да ги знае главните ликови тоа.. Иако некои се многу мали, но има некои нови лектири, можеби не се нови, но јас иако сум осмо не сум ги читала..
    Баш сега во среда има испит со 9 лекции. х)
     
  2. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.370
    Допаѓања:
    5.315
    факултетот не е тежок бара активност и вложување на труд за изработка на ситници, за запишување ќе се запишеш лесно земајки во предвид дека педагошкиот стана факултет на кој почнаа да се запишуваат сите оние кој сакаат да имаат завршено факултет. Пред се е доста интересен затоа што работиш со жива материја- деца. Единствено што може човек да заглави на педагошки тоа е ако не знае математика т.е. има лоша и никаква професорка , ликовно и музичко е стварно треба колку толку да те бива за пеење и фаќање на такт :lol: :lol: друго колку толку се поминува
     
  3. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Е да, она одеше секој петок или незнам точно во некое школо на пракса. И многу и е интересно, зошто она многу сака деца. Знам некое девојче ја прашало: Сакаш да ми бидеш свекрва? Она рекла: Ама јас немам син.. и девојчето рекло: Па добро нема врска, ќе ми бидеш снаа тогаш.... Или така некако. :D
     
  4. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    секогаш бирај го она што те влече она што сакаш да го работиш утре
     
  5. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Мој совет -
    Не гледајте кај ви оди друштвото овој вака ми рече оној онака ..... Плус една многу битна работа која не знам дали сите и даваат акцент .... Колку ќе ви биде платена професијата ? ! :?: :!:
    Јас лично гледав и од тој аспект ,и мислам не погрешив нема потреба да напоменувам како би било да работите за ништо или да одберете професија т.е факултет кој не е перспективен .... Одлучете САМИ само ВИЕ и никој друг ... Тоа е работа која ќе ја работите цел живот . :!: Нема лесно се со своја тежина тоа да ви е јасно е сега некаде за нијанска потешко некаде полесно ама ако нешто навистина сакате вреди да се помачите зар не ? ! ;) Значи земете се во обзир немој да се покаете за одлуката што сте ја донеле без разлика на кои икс фактори ;)

    Ајт со среќа нека ви е :)
     
    На FotoLina3 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Francheska

    Francheska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Може ли некој да ми објасне нешто повеке за факултетот по археологија во скопје?? И што се може да се работи со овој факултет? :)
     
  7. solzuska

    solzuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    135
    аман луѓе толку ли немаме архитекти на форумов???? ајде кажете ни нешто на нас заинтересираните, што не сме запознаети....колкави се книгите, мора да се иде на приватни часови , во полза на приемниот....итн итн....се надевам има некој со инфо
    :hai:
     
    На Chocoholic.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Astrid

    Astrid Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    23
    Нема архитекти на форумот - немаат време, на архитектонски се :rofl: :rofl:

    Шала на страна, искерно имам многу другарки на архитектура и немаат време за ништо, нон стоп цртаат нешто, работат на некои си програми, имаат многу доооолги непроспиени ноќи, а според тоа што тие ми кажале - има многу мизерни професори, да не знаеш како да им погодиш. Еве пример: зошто во купатилото имало када, нејзе не и се допаѓале купатила со када :sweat: И исто така моите другарки многу се спремаа за приемен испит ( можеби затоа што гимназија завршија средно - не знам тоа), земаа приванти часови минимум месец дена и пак не им беше лесен приемниот. Сега се снаоѓаат таму, не велам не, ама они си знаат како им е.

    Но јас ќе кажам, на крај сè се сведува на тоа што ти сакаш да учиш, ако сакаш да си архитект, запиши се на архитектонски, тешко e, ама барем по желба ќе ти е и со мерак ќе си учиш, а до душа, ниеден факултет не е лесен.
     
  9. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Архитектура. На филолошки многу одат и што понатаму, не може сите да се толкувачи, преведувачи и да работат во амбасади, а не можат ни сите да работат професори/ки по некој јазик, па и во приватните училишта за странски јазици ретко се наоѓа место. На архитектура не одат многу како што знам јас, од моја генерација 10 души дали ќе одат а 300 деца сме пр. и тоа е добро. Е сега за работа, не знам ама знам дека во фирми каде е потребен архитект има големи шанси, а и приватно да работиш со недвижнини (иако приватните бизниси тешко успеваат според мене тука, мислам на мал бизнис) може да ти се посреќи, барем не е секој втор архитект :) А и да, математика обавезно особено геометрија, цртање т.е. ликовно и не толку.
    п.с. Како може споредба да се праи кога факултетиве допирна точка немаат еден со друг ? Ај да е Архитектонски и Геодезија ајде де, ама едното со другото врска нема. Сепак, прашувате се двоумите ама тоа се две различни насоки.
     
  10. solzuska

    solzuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    135
    хаха абе девојчето шо ја направило темава си се двоумело, па си прашало :) ја сипрашав конкретно за факултетот, дека немам блиски кои се таму и немам доволно информации
    може темава да се преименува, да остане само за архитектонски, дека за филолошки има веке тема ако не се лажам, а и повекето мислења (овде) се за архитектонски
     
    На Chocoholic.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    За преименување како сакаат нема врска, и да биде вака нека е ама секогаш е поубаво кога се двоумиш меѓу два блиски факултети, а не вака два различни краја и лошо е. А најубаво е кога си знаеш и си имаш зацртано цел кај ќе одиш и готово. Со среќа, прво гледајте си ја желбата што сакате да бидете, тоа е најважно, а потоа гледајте да влезете на факултетот. После како што кажаа погоре ниеден не е лесен, учење само и тоа е. :hai:
     
  12. GreenEyes

    GreenEyes Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    44
    лелел и јас оваа година ја имам оваа дилема. уште одамна сакав и запнав за економски али како што поминува времето сфаќам дека не знам кај сакам. според мене економски е супер факултет и све али конкуренција боли глава малку е потешко да се истакнеш.све правници и економисти :| шо да се праи коа тоа ме интересира.. и на двата факултети има за учење само на економски е потеоретички. а машински е исто супер факултет и полесно е да се истакнеш и се е подобро направено од порано. и таму и ваму има математики учење размислување али кај е подобро :?:
     
  13. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Неспоредлива е математиката на економски и на машински.
    Ако си навикнала на обични пресметки на камати и такви работи оди си на економски да не се мачиш вамо со изводи, интеграли, функции и чуда...
     
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Ни едниот,ни другиот.Електро...потешко е,ама дипломчето ти вреди квалитетно,убави парички се заработуваат само со него,а ако имаш акал плус и знаеш да се снаоѓаш,поседуваш и други вештини,имаш бинго.
    Машински...без да се навреди некој,ти е...што знам,полесна верзија од електро,не дека не вреди,ама...секогаш нешто му фали.Обично тие што го заглавуваат електро,одат на машински.
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. pinkgirl92

    pinkgirl92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    2
    Ќе може ли да ми кажеш што смер си?
    Јас завршив општа гимназија (јазично подрачје А) И сега сакам економски, значи моето средно си нема никаква допирна точка со факултетот. Незнам како ќе е, ме фаќа страв. Ама нешто такво ме влече иако си немам појма. :?:
     
  16. GreenEyes

    GreenEyes Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    44
    е да различни се али битно е математика.. на пр кај мене проф како ќе му текнеше си предаваше, за камати и пресметки многу малку предаваше се сеќавам поише графици фукнции изводи логаритми бла бла глупости. а у трета не ни предаваше ни за комбинации варијации тоа треба за на економски така? и у четврта беше финалето коа предаваше последниов месец за веројатност... беше на slow motion да ти се одмили да го слушаш и на крај нишо да не сфатиш пошо чоекот да не сакал да предава веројатност пошо ич не ја сакал темата.. и коа ќе ми треба ќе се сликам...
     
  17. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Абе можеш да се снајдеш и на машински со математиката, не е некој голем проблем. Башка асистентите и професорите обраќаат големо внимани и на поединци, и помагаат многу. Многу е ублажена состојбата на машински, не е толку строго како порано. Има голема соработка меѓу студентите и професорите и асистентите се стварно од голема помош :)
     
  18. GreenEyes

    GreenEyes Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    44
    даааа и тоа многу ми се свиѓа :) алал да им е :) се супер функционирало само штета шо се има лоша слика за факултетот може е полабаво али асистентите се за пофалба хаха ама и групите се помали и многу е полесно за соработка ... еее за на економски тоа сакав да прашам :) стварно у анфитеатар во прва година се предавало на 600 души? некои ми викаат се слуша ако сакашш други не се слуша стоиме да запишувамее више нз на кој да верувам :|
     
  19. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    За точна бројка незнам, ама секогаш е фул таму, сакам да ти кажам дека неможе да ти обрати внимание колку што може на машински.
    Ако на економски со амфитеатар се 600, рачунај дека на машински се 60 :lol:
     
  20. GreenEyes

    GreenEyes Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    44
    ххххх тоа е трагикомичното... на едново фул на другово едвај се собираат... епа така е коа сакаат сите економисти да видат ќе се гура :D
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.