Дипломираш амаа условно, вистинското дипломирање е откако ќе завршиш со стажот од 6тс. дипломата како диплома документ ќе ја добиеш со лиценцата заедно. А да можеш да работиш ама пак ќе е настрана од тоа што го учиш, пошто ретко која амбуланта прима платени практиканти. Колегите и јас работиме во бутици, кафичи итн.
Дипломите се само реклама за знање. Инаку не вредат сами по себе факултетите и студирањето. Неформално образование е подобро. Тоа е моето искуство.
Здраво. Сакам да прашам мислење за смерот Пејсажно дизајнирање на Шумарски факултет. Дали има некои предмети кои се полагаат усно? Слободно можете да ми пишете и во приватна порака.
Ни еден од наведениве. Економски и правен не ти вршат многу работа во странство. А за Штулов е малку смешно да збориме.
Не би рекла...напротив еден од најперспективните факултети признати во странство...и општо сите технички факултети се во тој куп
Здраво дечки, сакам да прашам дали некој знае на кој јазик се следат предавањата на (IBU) Интернационалниот Балкански Унивррзитет? Има ли македонски? Ви благодарам однапред
Ako sakas geografija ako ti lezi, why not? samo znam deka ima mnogu mal interes, taka da veruvam i za rabota kje bide deficiten toj kadar, ne ucat denesnive toa, programeri kje bidat “site” So srekja
Здраво на сите Сакам да прашам доколку некој студира на технолошко-металуршкиот факултет смер хемиско контролно инженерство да ми каже како е, сакам тоа да се запишам но се мислам и за општа хемија на пмф или биохемија Благодарам❤️
Со оглед дека сум у комшии на земјоделски и имаме релативно слични предмети, може да се случи пола курикулум да ти е со усни испити. Мене ми се 80% усни, 10% писмени и усни и 10% целосно писмени, така што спреми се да одговараш усно, првите 5 пати ќе те изеде трема ама после е лагано, рецимо јас многу пофино си поминувам усно иако дддддткам кога сум под стрес.
Искрено секој факултет е чиста коцка. Никој не знае како ќе биде пазарот за 30 години. Некои што учеа атрактивен факултет пред 30 години сега се речиси бескорисни а некои кои учеа неатрактивни сега цепаат пари. Јас би рекол секогаш треба предукација и флексибилност. Ниеден факултет не е гаранција за ништо.
Сакам да продолжам на факултет историја и археологија , затоа што навистина ми лежи историјата и многу ми е интересна , а археологијата ја обожавам уште од мала.И сега кој и да ме праша што планирам да продолжам понатаму кога ќе кажам историја одма право со што ќе ти е историја ? Што ќе работиш со историја ? Кој ќе те "ферма" и сл. И сега навистина не знам што да правам. Дали некој од овде студирал историја и археологија па ако може да сподели некое искуство?