Големо не. Учи си историја како хоби. Како професија не. Сите што ги знам никој не работи според струка.
Искрен муабет, пред некој месец ме возеше таксист накај факултет, и он бил на УКИМ, со мастерс студии на Археологија или нешто слично и работи чоекот такси. Во Македонија, сем ако немаш дебели врски, тешко. Ова важи скоро за се во култура, еден Милчо Манчевски не добива државни субвенции, ги добиваат деца на функционери, не па ти за археологија...
Учи го тоа што те интересира и го сакаш. Јас сакав исто историја, премногу, ама слушајќи ги другите, се запишав на друг факултет (има сличност со историја ама не многу, природна наука е повеќе). Така да, не слушај други, учи тоа што те влечи. Има работа за историчарите. И не само во образование туку и во приватен сектор. Еден другар се врабоги во туристичка агенција како водич нешто, зема поголема плата од образование и плус прошетан низ цела Европа. Така да, не се двоуми. Дека сите се запишуваат на ИТ како најголеми можности за после факс, не значи дека нема да работат друго.
Во право се шо ти викат не. Џабе ќе ти биде факултетот. Во мк нема да најдеш работа. Освен ако не планираш странство да одиш, ама незнам тамо колку се признаени нашите факултети.
Здраво Дали ќе може некој да сподели искуство. Се мислам меѓу ФОН и Европски,смер криминалистика .Гледам дека на ФОН има многу повеќе предмети во семестар.На европски се регуларно по 4 . Дали се исто признаени дипломите или има нешто што на ФОН има толку предмети?
Епа кој ќе предава тогаш историја ако сите го имаат ова мислење? Ок знам тој што има врски и е партиски
Можеби има некој кој планира да оди филолошки од октомври? Поконкретно за германски прашувам. Мислење дали е исплатливо за во иднина? Навистина не знам што факултет да одберам а немам уште многу време
Германски да, ама мислам дека покрај јазикот за вработување ќе ти треба и некоја друга вештина да знаеш. Размисли вака, идеш да живееш во Германија и имаш завршено само филолошки. Тоа значи дека само јазикот ќе го знаеш. А работа ќе најдеш ако знаеш и некоја друга вештина. Колку го научиле јазикот само со живеење во државата... Според мене, ако сакаш Германија, оди германски на курс и запиши некој технички, медицински факултет.
Одредени членови на форумот постојано пишуваат „не оди на тој и тој факултет“ освен ако не е нешто за што ТИЕ мислат дека е успешен. Да биде некој успешен има различни значења за секој. Никогаш нема да знаеш каде ќе те однесе патот. Ако се одлучиш за нешто што не го сакаш, можеби натаму тоа ќе те прави несреќна и ќе ти биде мака што не си се запишала на тоа што си сакала. Дури и да е вистина дека нема многу работа, преквалификации се многу полесни (сега многу повеќе од порано - курсеви, академии) отколку уште во старт да се саботираш себеси со нешто што не ти се допаѓа. Точно е дека побара мислење, но и јас кога прашав ги добив истите одговори, а потоа сфатив дека тоа се субјективни мислења на поединци зошто не може само еден факултет да биде добар, а сите други да се лоши. Со многу упорност, адаптирање кон условите на пазарот на труд, храброст и пред сѐ сакање на она што го учиш, сѐ се постигнува. На крај, одлуката останува на тебе. Ти посакувам успех, што и да одлучиш.
Јазик а посебно германски кој е еден од трите најбарани јазици секако дека нема да ти е за џабе.Но мое мислење и совет ти е да се запишеш на тоа што мислиш дека ти оди ,пример ако за јазици те бива германски,ако ти оди математика или физика на пмф,ако ти оди информатика на финки.Многу е битно да го сакаш тоа што го учиш а не само колку да се запишеш на факултет кој е ценет и баран,тој факултет ќе си бара вложување труд,ќе си бара учење 4 години.Затоа е битно да имаш желба да го учиш,да ја сакаш таа насока.
А зошто некој од старт би запишувал факултет со кој знае дека нема да може да најде работа (и во европските земји не се наоѓа работа со историја и археологија), па да се преквалификува? За што би служел факултетот тогаш, ако треба некој да се преквалификува? Историја може да се учи и како хоби.
Какво сфаќање.... Лажги за Цезар, за римското царство, праисторија, прва светска војна втора светска војна?! Историјата е наука и ги формира своите факти врз историски извори.
Да почнеме прво - лажги за македонската историја. Второ историјата не е наука туку збирштинљ на прикаски, мислења и лажги
Какви прикаски девојче? Историјата се темели врз историски факти и извори. Не знам колку си запозната со историските извори.
Буквално сѐ може да се учи како хоби. Ако некој е доволно упорен и навистина го сака она што го учи има поголеми шанси да најде работа отколку некој кој се запишал нешто што не му се допаѓа само затоа што се работело за „просперитетен факултет“ со кој „лесно се наоѓа работа“ и потоа ќе мизерува цел живот во тоа што не го сака. Од тоа настанаа генерации економисти и финкисти кои потоа мораа да се преквалификуваат зошто пазарот на труд стана презаситен од нив, а имаше недостаток од други кадри.
Се може да се учи како хоби, да. Ама ако планираш да заработуваш од тој факултет, треба убаво да размислиш. Иам двајца познаници, учеле некаков факултет во Ск, арт дизајн, така нешто, значи цртаа феноменално и портрети и луѓе и се. Со душа одеа на факултетот и кај се сега? Едниот работи како обезбедување а другиот во маркет. Ми викаа поарно ќе било да не одат на факултет оти тоа им било џабе фрлени пари. И не се само овие, ги има премногу. Ама не се луѓето криви, државата е крива шо не вложува во апсолутно ништо. Во Мк не се живее од хоби, да бидеме реални.