1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кој факултет да го одберам?

Дискусија во 'Образование' започната од elenapfp, 7 февруари 2010.

  1. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    996
    Допаѓања:
    2.294
    Пол:
    Женски
    Има секакви примери ама тоа се поединци. Јас пак знам цели генерации кои работат по маркети и обезбедувања само затоа што се запишале на „просперитетен факултет“. Ништо не е гаранција. Гаранција е само како ќе се избориш и што ќе направиш со тоа што го имаш.
    Гарантирам дека не е исто ако некој учи со ќеиф и некој учи од што мора. Ако е така за учењето, бетер ќе биде и за работата.
    За државата...тоа за жал знаеме како е.
     
    На CameliaMiller, Pixi5, Антигон Досон и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.257
    Допаѓања:
    21.637
    Пол:
    Женски
    Епа тоа е. Битно е како ќе се снајдеш. За жал таа е вистината, или ти требаат врски или да имаш среќа во газот за да го учиш тоа шо го сакаш а потоа и да го работиш тоа. Има луѓе шо викаш шо имаат учено просперитетен факултет ама џабе кога незнаат да се снајдат. На нивно место се вработени луѓе со средно само. Ако е човек снаодлив и без факултет ќе се снајде и ќе работи добра работа.
    Кај нас факултетот за жал не е мерило за тоа дали некој е успешен или паметен.
    И не сите имаат пари да фрлат за факултети за хоби, оти многу планираат и да заработуваат од тие факултети. Ако имаат пари или ако се снаодливи, нека учат шо сакаат, ќе се снајдат после некако. Ама да треба од устата да двоиш за непреспективен факултет за накрај да ти го земе работното место некој со партиска книшка а ти да неможеш да се снајдеш, тогаш поарно ич немој да фрлаш пари.
     
    На NoirSerpentine му/ѝ се допаѓа ова.
  3. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    996
    Допаѓања:
    2.294
    Пол:
    Женски
    Тоа ми е поентата, дека од сега не може никој да знае како ќе биде во иднина. Цврсто стојам на став дека треба да се учи она што се сака, а не што мислат другите дека е просперитетно бидејќи тоа нивно мислење е субјективно. Од таа субјективност излегоа кадри кои ги симнаа платите бидејќи пазарот беше презаситен со нив. Извештаите кои ги прави државата за тоа што е просперитетно се оскудни и дури и да сакаме да се водиме според тоа - не можеме.
    Точно е дека многумина немаат пари за фрлање ниту пак услови ама ако не може да се снајде со факултет, ќе поработи нешто друго во меѓувреме, ќе заработи и пак може да се пренасочи кон нешто друго. Многу е поедноставно така отколку да заглават во нешто што не го сакаат и да не го ни завршат како што е случај со многу.
     
    На CameliaMiller и Adidas888 им се допаѓа ова.
  4. truffles

    truffles Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2017
    Пораки:
    347
    Допаѓања:
    490
    Пол:
    Женски
    Лажги со опашки.
    Не Ели позната изрека ова?
     
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.590
    Допаѓања:
    79.157
    Пол:
    Женски
    При бирање факултет, најважно е да го одбереш тоа што ти го сакаш. Да учиш со волја, после сам ќе си се избориш за работа, колку што ти значи струката и титулата. Каде што има волја и љубов за нешто, таму има просперитет. Следење на својата желба, а не некој друг што кажал.
     
    На CameliaMiller и NoirSerpentine им се допаѓа ова.
  6. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Има примери некој со медицински или технички да работи како продавач?
    Јас не сум слушнала за тоа.
    Па баш дека се може да се учи како хоби, попаметно е да се избере перспективен факултет и како хоби да се учи тоа што го сака.
     
  7. FlowerMarija

    FlowerMarija Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2024
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    Оди и учи го тоа што го сакаш, зошто да немаш работа, можеш да работиш повеќе професии. Пример професор по историја земаат убава плата и немаш работа 8 часа како секоја друга професија, плус ќе имаш летен и зимски одмор.
    Во настава, археолог, ако тоа не ти е доволно.
    Девојчето никаде не спомна дека сака да оди во Германија, вака ги напаѓате сите што сакаат да учат ретки факултети и ни бегаат младите. Можеби сака да биде професор. Сите ја фаворизирате Германија кај нас ништо не бидува, а сите таму работите во Mcd, а тука во сендвичара ви е понижување.
     
    На CameliaMiller, Bitter-Sweet и NoirSerpentine им се допаѓа ова.
  8. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Археолог НЕ РАБОТИ ВО НАСТАВА.
    Нормално дека ќе сакаат да се преселат. Никој не работи за без пари.
    Ти каде ќе најдеш работа со историја? Единствено ако си политички потрчко, па може ќе те напикаат во некое школо каде што ќе земаш незаслужена плата.
     
  9. FlowerMarija

    FlowerMarija Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2024
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    Запирка ставив значи различни професии се. Немој да бидеш сигурна во тоа, сите не го сакаат странство.
    Зошто за без пари баш убава плата имаат за нашиот стандард. Ќе најдеш работа веднаш бидејќи нема кадар и нема да влезеш преку партии бидејќи имаат потреба од кадар.
     
    На CameliaMiller и NoirSerpentine им се допаѓа ова.
  10. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.257
    Допаѓања:
    21.637
    Пол:
    Женски
    Каков археолог ќе биде во Мк? Кој ќе плаќа за нејзините/неговите археолошки истражувања?

    А за во школо? Наставник? Незнам дали да се смеам или да плачам. Во помалите градови дали има едно две школи во кој има по еден професор по историја и тој тамо си седи до пензија. Така да не очекувај во наредните 40години дека ќе го сменат.
    А во Ск? Аман бе, колку школи и професори има по историја? Мер во едно школо по 20 прпфесори по историја се вртат? И тамо е исто, еден човек кога ќе квакне и нема излагање се додека не му побеле косата.

    Убаво е да учиш тоа шо сакаш, ама да имаш друг приход. Оти со историјава, ќе имаш шипки.
     
    На ElenaOfRivendell и Just.do.it им се допаѓа ова.
  11. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Девојко каде живееш ти?
    За наставниците нема работа.
     
  12. FlowerMarija

    FlowerMarija Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2024
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    Може да работи во археолошки локалитет пример. Колку се мали градови во нашава земја 10, јас познавам личност што заврши историја и веднаш се вработи без партии, зошто немаше кадар.
    Како нема работа за наставниците, знаеш колку малку учат за наставници сега и колку нови места има не само во школи и во приватни едукативни центри. Хахаххаа не воопшто јас со политика. Не може сите да бидат програмери и техничари, некои сакаат јазици, други медецина, трети право, четврти настава и друго. Во Германија се е во ред така ? Тие што се таму се повеќето без признати дипломи и работат како чистачки, во старски домови и во Mcd, тука тоа не би го работеле никогаш. Ти каде живееш и што работиш ?
     
    На CameliaMiller и NoirSerpentine им се допаѓа ова.
  13. Антигон Досон

    Антигон Досон Активен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2023
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Машки
    Историја и Археологија се два различни институти.
     
  14. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    ДАЛИ АРХЕОЛОШКИ ЛОКАЛИТЕТ ГО НАВЕДЕ КАКО ПРИМЕР ??? ХАХАХАХА
    Девојко, се гледа дека врска немаш.
    Ископувања во археолошките локалитети има еднаш на сто години. А ако мислиш за стражар во археолошки локалитет, тоа можеш и без археологија.
    Не ми збори за приватни едукативни центри. Очигледно е дека само теорија знаеш. Во приватните едукативни центри ќе работиш за мизерни 350 евра, 10 саати.
     
    На ElenaOfRivendell и Adidas888 им се допаѓа ова.
  15. FlowerMarija

    FlowerMarija Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2024
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    Разговоров е започнат без вреѓања и расправии, но гледам не го почитуваш тоа, нека реагираат модераторите на ова. Да во археолошки локалитет како водич да носи лица низ локалитетот и да им објаснува. Не си доволно информирана за приватните центри јас имам другарка што работи таму и океј е.
     
    На Matilda-Tilly му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Како водич ако работи некој, и да очекува дека од тоа леб да вади, тешко дека ќе преживее.
    Ти кажуваш од твоја другарка што ти кажала. Јас кажувам од мое искуство. Јас работев во едукативен центар. И не фала.
     
  17. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    996
    Допаѓања:
    2.294
    Пол:
    Женски
    одговор:
    Да и тоа луѓе што ги знам работеа како продавачи низ различни маркети. Еден заврши општа медицина, една заврши на ПМФ, како дел од примерите.
    Не е попаметно, освен ако не сака цел живот да се кае заради тоа што некој друг го направил изборот.

    Има на толку години затоа што нема кадар и нема луѓе кои сакаат да се замараат да ги сменат законите и да бараат поддршка, како внатрешна така и надворешна.
     
    На CameliaMiller, Matilda-Tilly, Bitter-Sweet и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.257
    Допаѓања:
    21.637
    Пол:
    Женски
    Кои археолошки локалитети ги имаме ние?? Шо се стварно за да одиш да ги видиш и да си кажиш уау, кај се наоѓам?
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Македонија не е никаков репер за да се прави споредба. Но, со технички, медицински се наоѓа работа во нормална држава. Е сега со ваквите историја и слични, се наоѓа и со тоа, ама во McD.
     
  20. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    996
    Допаѓања:
    2.294
    Пол:
    Женски
    Пак пишуваш за странсво. Репер или не и нашите одлуки придонесуваат кон ова што се случува така да...
    Јас ако почнам да пишувам за различните искуства, треба цела книга да напишам. Не е целта сите да се иселат. Ќе те лечи после тој што завршил на финки ако ги праќаш сите на медицински заради Германија.
    Буквално прашуваат за јазик, а ти им пишуваш математика. Дијаметрално спротивни. И сите одговори ти се такви, само тоа ти што мислиш. Твоето искуство е индивидуално и колку и да е тешко, не го делат сите истото мислење. Како им пишуваш на сите
    за сите факултети, човек ќе помисли дека се иммаш запишано на сите можни факултети па затоа знаеш.
     
    На CameliaMiller, Matilda-Tilly, FlowerMarija и 1 друга личност им се допаѓа ова.