1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кој факултет да го одберам?

Дискусија во 'Образование' започната од elenapfp, 7 февруари 2010.

  1. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Ама проблемот е што никаде не се наоѓа работа со тие факултети. Тогаш што е целта на завршувањето факултет? За лична сатисфакција? Може, ама за тоа можам и сама да учам, а професијата треба да ми овозможи работа. А не преквалификација.
    ЕДИТ: тоа што си пишувала за ископувањата имало толку ретко не е зошто нема кадар, туку зошто Македонија нема буџет за да плати. Е тоа е разликата. Кадар може да има колку и да треба, ако државата не инвестира во ископувања, џабе е.
     
    Последна измена: 15 јули 2024
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    996
    Допаѓања:
    2.294
    Пол:
    Женски
    Ама не е тоа проблемот. Ете кога се преплави пазарот со економисти како „најпросперитетен факултет“ пак снема работа за најголем дел од нив. Значи не можеш да знаеш. Твоето индивидуално искуство е само тоа - твие искуство. Малку не е во ред да кажуваш на сите да не се запишуваат на нешто смао затоа што ти така мислиш.

    Да, затоа што нема достоен кадар е. Не може сите партиски потрчковци да ги оставиме да ја запустат државата. Затоа албанците на кои не им е важна македонската историја ќе ја рушат Скопската Чаршија и нема да даваат буџет за зачувување на македонската култура. Ете затоа ни се потребни нови кадри во секој поглед. Кадри кои ги охрабрувам да не за разочаруваат. Ќе биде тешко, ќе има навидум невозможни моменти ама вие како идни студенти сте и минатото и иднината на Македонија. Затоа, запишете се она што вие мислите дека е најдобро, а не што мислат другите.
     
    На CameliaMiller и Matilda-Tilly им се допаѓа ова.
  3. FlowerMarija

    FlowerMarija Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2024
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    Во нашата земја има многу убави места, но ние не знаеме да си ги чуваме. Што ќе видам таму е типично балканско рамислување, а туристите се воодушевуваат со овие места.
     
    На CameliaMiller, NoirSerpentine, Matilda-Tilly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.253
    Допаѓања:
    21.630
    Пол:
    Женски
    Епа баш од шо државата не ги чува, затоа и нема атракција за тие места. А чим нема атракција, нема ни работа, чим нема работа нема ни заработувачка од тоа.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Државата треба да овозможи услови и ти како што кажуваш зачувување на културата. Студентите не можат ништо да направат ако законите се заебани. И исто така зачувувањето на културата и сличните професии не носат пари.
     
  6. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Кои ние?
    Што направи државата за археолошките локалитети?
    Си посетила ли барем еден?
    Сите се потонати во трева до колена.
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    996
    Допаѓања:
    2.294
    Пол:
    Женски
    Студентите се идната држава. Насекаде низ светот студентите се поборници за подобро. Државата не е ништо должна ако сами не си обезбедиме. Многу погрешни перцепции има за одредени работи. Државата сме сите ние. Не можеме да се откажеме, да не правиме ништо за да се промени ситуацијата и да чекаме да ни падне од небо.
    Не е сѐ во парите.
    едит:
    Јас ги имам посетено повеќето. И за жал тоа е резултат на тоа што сите станавме пасивни и чекаме други да ни ги решат проблемите.
     
    На CameliaMiller и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  8. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Види ги политичарите дали се трудат да овозможат подобар живот. Со 2 евра за оброк, баш нормални услови им овозможуваат.
    Ако студентите се иднината, политичарите треба да се трудат да ги задржат, со нормални услови за живот. А овие само крадат и затоа сите се преселија.
    Да, не е се во парите. Ама без пари не се живее.
    ЕДИТ: археолошките локалитети се одговорност на државата. Никој не е должен да финансира од свој џеб археолошки локалитет. Тоа е должност на министерствата. Очигледно е дека тие не се замараат за ништо. Не се луѓето виновни.
    Кој треба да го реши проблемот со тоа што нема ископувања? Со тоа што нема посетители во археолошките локалитети и се запуштени?
     
  9. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    996
    Допаѓања:
    2.294
    Пол:
    Женски
    Многу забегуваме од темата ама ај ќе одговорам.

    А студентите каде се за да си ги бараат своите права? Каде се да излегнат на протест како пред неколку години? Како што пишав, студентите се и минатото и иднината на една држава. Не може да чекаат од државата да им ги реши проблемите или да им обвозможи подобри услови без да се потрудат зе иститие.
    Сите овие работи кои ги имаат сега се благодарение на претходните бунења и протести.

    Не се преселија заради тоа, туку заради лоши услови на факултетите, а тоа не зависи од тоа на кој факултет ќе се запишат бидејќи сите факултети се со исти проблеми. А зошто е така? Бидејќи никој од студентите не се буни и сите чекаат од друг да им ги реши проблемите, а со молчење не се постигнуваат промени.

    Археолошките локалитети се под државата која пак вработува луѓе кои пак го избрале да го работат тоа бидејќи се запишале на таков факултет заради тоа што сакале и заради тоа што сакале да ја зачуваат историјата. Ама ако нема кој да ги побара тие пари, ако нема иницијативи од народот, ако сите сме пасивни - ќе продолжи да биде онака како што е. Луѓето се исто толку виновни колку што се виновни од министерствата.
    Не се сите локалитети запуштени. На многу од нив активно се работи и постојано има посетители.

    едит: ти пиша „повеќе пари“, јас само се надоврзав дека не е сѐ во пари. Пари секако ќе има.
     
    На CameliaMiller, Matilda-Tilly и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  10. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Заради лошите услови на факултет?
    Луѓето се селат заради финансиската состојба во државата.
    Колку би се сменило ако излезат на протест?
    Колку има надеж во банана држава дека може да биде нормална држава?
    Зошто политичарите велеа нема пари, и им даваа минимални плати на луѓето, за по 2 месеци тие истите кретени да си ги зголемат нивните плати за 70%? Е па немаме по 2 животи. Не сака секој да се расправа со дебили. Колку и да сакаш да смениш нешто во таа држава, пак ќе немаат пари луѓето.
    Како ќе има пари? Ете ако има, зошто не се вложуваат во нешто, примеров со локалитетите? Зошто минималната плата е 350 евра? Кај има пари?
    Знаеш како го добиваат финансирањето од министерствата? Мислам дека јасно е. Дебели врски требаат, како и за се во таа банана држава.
     
  11. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    996
    Допаѓања:
    2.294
    Пол:
    Женски
    Чекај малку, мешаш работи и теми. Темава е за студентите, не за луѓето. Студентите си заминуваат заради тоа. А подобра иднина нема да има ако сите си заминат. Не знам зошто овој концепт е толку стран и не може да се разбере. Не може цело време да зависиме од партиски потрчковци, да не менуваме ништо и да очекуваме промени.
    Промените не доаѓаат наеднаш, на нив треба да се работи долго и макотрпно. Ако сите кукавички напуштаат, нема да има промени.
    Знам што пишувам, знам низ што имам поминато, знам каде живеам и знам низ што уште поминувам и затоа и го пишувам сево ова.

    Многу би сменило, немаш поим колку би сменило ако излезат сите студенти на протест. Се сеќаваш на последниот протест колку излегоа и какви сѐ промени потегнаа студентите? Огромни! Со нив почнаа многу работи, се изборија за многу работи и ако не беа тие студенти тогаш, немаше ништо да имаат од ова што го имаат сегашните студенти.

    И што направивме ние откако си ги покачија платите? МОЛЧЕВМЕ! Очекуваше нешто да се промени кога сите си го прифативме тоа? Се пиша по некој статус, се промрче на ТВ и толку. Зарем очекуваш да се променат работите ако сите кои треба да бидат учесници во оваа држава си молчат?
    Кога им се случија блокирањата на фармерите во Холандија, што се случи? Сите излегоа на улица. Кај нас кога ќе протестираат земјоделците што прават другите? Се бунат зошто им ги блокирале патиштата наместо да излезат и да им се придружат во протестите.
    Само од молчење сме дојдени до ова.

    За останатото не сакам да коментирам повеќе, мислам дека јасно се изјаснив, а и премногу забегавме од темата.
    Пак ќе повторам: студентите се и минатото и иднината. Ако новите генерации не се грижат за минатото за да го спроведат кон иднината, ќе исчезнеме како народ. Само храбро и нека се запишуваат на неатрактивните факултети.
     
    На CameliaMiller и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  12. Strawberyyy

    Strawberyyy Активен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2023
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки, дали некој знае од колку работат студентска служба на ФИНКИ и ФЕИТ или дали работат воопшто преку лето?

    ви благодарам однапред
     
  13. Matilda-Tilly

    Matilda-Tilly Активен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2024
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Скоро ги посетив Хераклеа и Стоби , па како што видов не беа потонати во трева , и скоро на еден од другите локалитети имаше ископување.:)
    Поради луѓето како вас кои ниту малку не го поддржуваат овој факултет нема ископувања , не затоа што државата не може да овозможи , за толку може , туку затоа што нема стручен кадар.Не можеме јас или ти да одиме да ископуваме или некој од улица. А плус работа има можат да работат како професори , наставници , туристички водичи , археолози и сл. За наставниот кадар што беше спомнала дека има по 2 професори тоа е точно но сите се веќе стари и за во пензија и еве во училиштето во мојот град не можат да најдат професор по историја затоа што ги нема.Така да секако дека ќе најдат работа и плус на археолозите им се пружат многу прилики да одат на ископувања во различни држави од светот.Лично познавам девојче кое беше дел од еден тим на едно ископување во Јордан.
     
    Последна измена: 10 август 2024
    На Bitter-Sweet, CameliaMiller, NoirSerpentine и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. FlowerMarija

    FlowerMarija Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2024
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    Браво девојче :D. ,,Странскиве државјани многу се мешаат во наши теми"
     
    Последна измена: 10 август 2024
    На Matilda-Tilly му/ѝ се допаѓа ова.
  15. eda_22

    eda_22 Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2024
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки, јас минатата година се запишав на факултет но запишав само прв семестар, втор семестар не го запишав бидејќи планирам да се запишам на друг факултет, дали некој знае како можам да си ги земам документите од факултетот?
     
  16. Strawberyyy

    Strawberyyy Активен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2023
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво, ми треба помош/мислење
    1. Јас сакам да учам информатика (да бидам искрена не дека ми се учи ама гледам дека во тоа е иднината)
    2. Дали да се запишам на приватен факултет или да се запишам на академија?
    3. Дали имате препораки/ мислења за приватни факултети/академии за информатика?
     
  17. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.848
    Допаѓања:
    6.880
    Пол:
    Машки
    Веќе си го одговорила сама прашањето со првата реченица.
    Ако не те влечи и не сакаш - не се запишувај воопшто. Најчесто интересот е најголем за ИТ, Финки, се запишуваат ама на крајот колку од нив завршуваат? Учи тебе тоа што те влечи, ништо нее гаранција дека нешто е иднина. Иднина е само медицината. Медицина и по милијарда години ќе има зошто болести имало има и ќе има. Не дека ИТ ќе згасни, ама сакам да ти кажам воопшто да не одиш само заради тоа што мораш, оди за тоа што тебе те влечи.

    Ако веќе се одлучиш за ИТ, како да ти кажам сеа.. Братучеди мои се занимаат со веб дизајн итн, не запишаа факс туку академија од една година, Сивус во Аеродром мсм беше. Завршија, моментално работат и имаат доста работа и земаат убави пари, фирма си регистрираа сами, имаат некој поволности дека млади, работат од дома, ама работат и по 15 саати кога има баш работа. Е сега предност е тоа шо за една година го учиш само она шо тие потребно ама друго, па немаат факс, немаат диплома, утре пример тоа шо го работат тргни надолу, немаат црно на бело дека завршиле за нешто, за разлика од Факсот каде добиваш признание дека си Информатички инжинер, па некои земји признаваат диплома, имаш поголеми можности и за Индустрија не само пред ПЦ итн. пошто си инжинер. Е сеа 4 години учиш и тоа шо треба и тоа шо не треба, 4 години под стресови, паники итн. А знам на Финки предавања и до 8 навечер му држат, и во сабота имаат нешто и воопшто нее лесен факс. И на приватен да учиш факс, пак нее лесно и таму се бара многу.
     
    На mKdevojce и NoirSerpentine им се допаѓа ова.
  18. Just_a_kid

    Just_a_kid Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2021
    Пораки:
    464
    Допаѓања:
    1.412
    Пол:
    Женски
    Ако не ти се учи факултет, а сакаш да работиш нешто во ИТ најдобро запиши курс или сама од дома учи. Најчесто за да работиш во ИТ не ти бараат диплома од факултет, има нешто како испит и ако го положиш те земаат за работа, не им е важно кај си научил. Имам многу студенти што оделе само 1-2г на финки и лесно наоѓаат работа.
     
  19. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    996
    Допаѓања:
    2.294
    Пол:
    Женски
    Се уплаќа одредена сума (ќе прашаш на студентски колку е) за испис и откако ќе ја уплатиш, треба одобрение од декан и откако ќе помине таа процедура ќе ти ги дадат документите.
     
  20. Маричеееее123

    Маричеееее123 Активен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2024
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки се мислам помеѓу славјански, економски и угд
    Конкретно на славјански би одбрала менаџмент, на економски - маркетинг (или менаџмент или е- бизнис), а на угд - бизнис администрација. До некаде ми се слични и затоа се двоумам.
    Некој ако сака да сподели мислење што би било подобро и покорисно за наоѓање работа во иднина или ако е некој на овие смерови да сподели искуство:D