Оди на предавања. Ќе ти биде и досадно, ама, тоа што е на предавање, тоа ќе ти биде и на испит. Фаќај белешки, колку и да е "старомодно". Внимавај на што обрнува внимание професорот, тоа му е најважно да го знаеш. Нема ненаучливо нешто, ако не си спремен за испит, не пријавувај, пријави кога ќе бидеш спремен. На "среќа" со неколку паѓања, само ќе се демотивираш. Не учи на памет, разбери го тоа што учиш. Нека не ти е срам да побараш помош од професор, асистент, друг студент.
Магистер по безбедност, Додипломски политички и факултет за безбедност. Ниту еден факултет не е лесен. Ако учиш за мочана 6ка колку за да положиш, скоро секаде ќе ја добиеш. Тоа најчесто не е целосно знаење.. Знаење Е, ама со дупки. А некои професори се толку отидени со паметот што и за 6ка бараат како за 10ка..Само ете не ми се свиѓаш, па повели 6ка Ама ако учиш за себе, за да научиш, е сосема друга приказна.
Еј па за година и пол ако имаш опција 13 пати да полагаш еден предмет, тоа се богами многу шанси. Мислам дека тоа се некои работи што диференцираат каде се поминува полесно, а каде потешко...каде што има помалку конкуренција, помалку пречки за да положиш еден предмет, повеќе опции да преполагаш, полагања на колоквиуми, бирање професори, еден куп рокови и дополнителни сесии итн...не дека има лесни факултети, туку дека стандардите за положување и обемот на материјалот се на различни нивоа на различни факултети и тука нема ништо за лутење. А областа која што се учи, секогаш ќе ти биде најтешка онаа која што не ја разбираш и не те интересира.
Многу валидно, јас имам еден професор што сите ги спрема за полагање со “Десетката кај мене е уметност, не може секој да ја добие“ и скоро никој не ја добива. Сум имал професорки во сред корона што ме ребраа усно по саат ипол, два, за на крај, ај не беше лош, еве ти осмица...жено божја, два саати ме испраша цела книга ти ја раскажав. Сум имал и професори што ме исфрлале од кабинет, затоа што едно зошто прашање им било многу за нивното его (бев стигнат до болнички престој, а како редовен мора да имаш 90% присуство или паѓаш по автоматизам) и јас прашав зошто и мене мораат да ми го настегаат, кога отсуството ми беше ем оправдано, а материјалот го знаев однапред... Види вака кај сите факултети има досадни предмети, кај мене има многу што се уби боже досадни, ама голем ефект и има како е напишан учебникот/материјалите. Ако е некој ненадарен за пишење, и 300 страни се ко 3000 пошто не се дочитуваат. Најдобар пример за ова ми е Педологија од Ѓорги Филиповски, мислам дека оригиналот е околу 1100, иако има повеќе верзии, ама ефективно се чита за 15-20 дена. Цвеќарство па на пример, иако е слична големина со 800, јас учев 3 предмети од таа книга, и мака е за читање, многу информации, многу кондензирано знаење. А за полагањето имаме 3 редовни, 8 вонредни сесии. Ама професорката кај што полагаше колегава ги влече скоро сите. Ентомологија за општите смерови имаме 4 книги и 3 полагања, т.е. Општа, Специјална и Интегрална заштита. Еве годинава од не знам 40 души што го полагале, ми кажаа дека комисиски положиле 25. Што можеш денес, не оставај за утре, учи континуирано, секој ден, не навика, исто ко дишење да ти е, симни си апликација за следење на времето, би ти препорачал до максимум 3 саати дневно ако збориме за читање, ако работиш вежби и задачи можеш и до 5 ама не форсирај премногу саати за сметка на квалитетот на тие 5 саати. Мене најдобро спремените испити ми се спремени со 1 саат дневно, пошто по тој 1 саат мојот мозок е у аут. Доте тимер ти е бесплатна иако јас си ја платив еднаш и сега ја користам континуирано. Клокифај исто така ти е бесплатна со добар интерфејс на компјутер ама не и на телефон. Социјализирај се со колегите, и не тропај глупости, биди одмерен и примерен, пола од оцената ти зависи од тоа што мисли/како те перцепира професорот. Има многу врскаџии, навикни се на нив. И тоа отприлика, ако ми текне ќе направам тема за тоа.
Е па гледаш 13 сесии во година и тоа како ја олеснува ситуацијата. Не можеш да тврдиш дека во 13 сесии не можеш да положиш некој предмет. На сите други факултети има само три сесии, ако не положиш во тие, го презапишуваш.
Секаде има вонредни сесии, и вонредните се за апсолвенти. И апсолутно не е полесно, пак истиот е материјалот, јас џабе имам 150 сесии кога не знам Ентомологија за да ја спремиш солидно треба барем 2 месеци. Фитопатологија и да сакаш одеднаш да полагаш, тешко, три дела првиот и вториот имаа по 150 прашања, заокружи 20%, дополни 50%, објасни 30%, третиот имаше 218. Тоа ти се 518 прашања за да положиш испит. Само првиот и вториот дел ги полагавме по 2 саати, за третиот останав 3.
Полесно е. Не е исто да имаш само 3 шанси за полагање и да имаш 13. И не на сите факултети има вонредни сесии. Ете на мојот додека јас студирав, имаше само 3.
Нема три сесии, има и вонредни, има и казнени (испит 1000 денари е тогаш). Кај мене па и си се договараат со професорите кога им одговара испитот, зависи од професорот тоа. А спаѓа факултетов меѓу најубертешките. И 90% не ги замараат за присуство освен вежби, што по мене не е ок, важни се предавањата.
Не зборам за приватни. На приватни плаќате, добивате диплома. А додека јас студирав имаше ТРИ сесии. Немаше вонредни.
Работам на УКИМ, 5 пати повторив. Важи дека плаќаме и добиваме диплома Леле комплекси чоек На славјански пази дека е казнена сесија 1000, 3000ки испит им е
Еј малце лично прашање, знам дека професориве туркаат добри плати, асистенти и остало и кај вас е на социјала? Не знам дали сакам академски да продолжам со студииве. Од една страна интересно ми е ама од друга неам намера да се тепам за грантови ко нашиве. Не за друго, интресно ми е работа со студенти, ама не знам колку ќе ми е интересно да ме заебаваат со плата јада и беда (демонстраторите кај нас ги малтретираат, а зимаат надоместок ко да не е за без ич).
Професор од професорска плата, тешко живее Ама секако додека станеш професор, имаш фурни леб за јадење ехеее... Живеат од проекти, колку си способен да најдеш примена во реален сектор/еу грантови, толку повеќе ќе имаш фајде. Инаку сами по себе искрено немаат некоја боли глава плата
Иста сум за ова. Ако не сум сигурна дека барем 90% знам, не ни пријавувам испит. Дали ќе добијам 8 или 10 веќе се други фактори во прашање, не ми се случило да одам со ненаучено. Ако не научам саглам, не пријавувам и готово.
Благодарам премногу ќе се потрудам даги применам сите советии,само уште нешто на пример во 1 семестар имаш 5 предмети,како знаеш дента за кој оредмет учиш или зависи од тоа што си имал час истата ден?
Еј моиве не се за жалење, деканот ни стига до 140. Не знам како се професориве ама не верувам да се под 60-70. Фала инаку, најверојатно нема да го фаќам академскиот пат, не за друго, не сум од тие што молат за грантови... ЛОЛ ќе искочам у минус на крај (како и секогаш). Најмногу ќе имаш 2 до 3 предмети во денот, јас бев непослушен студент па не учев порано секој ден, сега сум подобар. Си учиш прво тоа што ти е потешко, ако си ја исполниш квотата за денот 3 саати читање или 5 саати комбинирано, ќе си оставиш за наредниот ден или за слободните денови во неделата. Сабота и Недела, ќе учиш исто ко да е секој ден. Учењето е навика како секоја друга, дури и кога е предосадно, ако си навикнат ќе го истераш. И имај редовна физичка активност, помага ептен да ти се разбистри главата.
Па деканот има мандат, не е засекогаш декан Инаку да, од 45-60 (од возраст зависи, и тоа редовни професори). Ама колку треба да вложиш да стигнеш до оваа плата, ехе Не живеат од плата они, ништо без проекти