Еве кај мене нема вонредни и казнени сесии. Исто така од две декади во сесија најчесто ја кратат едната и немаш ни избор кога ќе полагаш. Не ми беше поентата дека нема големи книги на земјоделски или каде и да е, поентата е дека има факултети каде што навистина е олеснето да стигнеш да положиш еден предмет и факултети кај што имаш ненормално големи барања за сите предмети и се бара натчовечки напор само да се организираш а не па да стигнеш сѐ да положиш на време. Нормално дека не потценувам ни еден факултет затоа што секоја струка е битна и си има своја тежина ама објективно, во склоп на УКИМ ни блиску не важат истите стандарди од факултет до факултет. Мислам, во рамките на еден факултет не важат истите стандарди при оценување од професор до професор, па што останува кога гледаме на повисоко скалило.
Зависи на кој факултет. Секој за себе си одлучува. И јас учам на факултет на УКИМ и немаме никакви дополнителни и казнени сесии. Три сесии имаш шанси да го положиш предметот, ако не го презапишуваш. И да еден од најтешките е според лично мислење.
Голем проблем е што полагањата не ни се стандардизирани, да знаеш што значи усно или писмено полагање. Бази на прашања и слично, ни се мисловна именка, а моите колеги од по универзитетиве низ сФето имаат и такви олеснувања, имаат и дел од предметите кои ги полагаат со open-book пристап, затоа што нон-сенс е во земјоделие не знам да седнеш да учиш константи или препораки како не знам колку кг азот изнесува 100кг пченка. Друг голем проблем е и тоа што оцената ти зависи во голем дел од еден испит, присуството се вреднува ко 5 поени од 200, вежби онака, ама немам јас да речеме слобода да пишувам или истражувам во тематиката и некој тоа да го награди со бод повеќе. Наместо да наградуваме проактивно истражување, ние сме уште заглавени на системот бубај дур не ти свири ушето. И најлошата работа, професорското его... Имам професорки кои си ги побивале книгите свои кога ме испрашувале и тоа е толку пресмешно, као госпоЖА ти ја имаш пишувано книгава, не јас. Жалам што немате вонредни сесии, тоа е тапа.
Тоа и го кажав поназад УКИМ е широк поим, овој важи за еден од најтешките факултети, но зависно од професор, некогаш испит по договор имаат. А во Македонија немаме ниту еден баш асален факултет, на Шангајска листа ни УКИМ, ни еден друг не е воопшто во првите 1000. Така што, останува на секој студент да учи зависно од што му е визијата за понатаму, дипломата сама по себе не е гаранција за успех.
Нормално. Секаде на подобрите факултети се знае што е полагање, како се барањата, како се оценува, кај нас уште се живее во некое друго време каде што најмногу зависиш од добрата волја и моменталното расположение на професорот. Еве ние за сите предмети имаме задолжителен краен усен испит, колоквиумите се само еден дел и поради тоа таа необјективност многу се чувствува па кога ќе видиш, две исти оценки на крај можат да бидат како небо и земја. Скроз џабе е муабетов кој факултет е потежок кога на цел уким му требаат длабоки реформи. Нема поента натпревар кој повеќе се мачи кога реално нема никаква добивка од тие маки.
Баш тоа ми е муабетот. Не треба учењето да е мачење, туку учиш затоа што сакаш и треба да научиш. Едно е да е тешко и да ти е предизвик, сосема друга работа - и тоа на приватен ова мене ми се случи, не на државен (а секаде го има) - да се изживува некој со тебе поради свои измислени правила.
Здраво дечки, поради неможност да се запишам на првиот уписен рок за прв циклус студии решив да се запишам на вториот уписен рок, конкретно на економски, меѓутоа при најавување на iknow системот економски не ми го покажува како опција, на ранг листите од првиот рок местата се пополнети за редовните студенти но јас ќе се запишувам вонредно и има слободни места. Разгледував ранг листи од претходни години и видов дека има примено вонредни студенти на втор уписен рок. Ме интересира дали некој бил во слична ситуација и дали би знаеле каде да се обратам? Фала ви
Ооо викајте вие лесно било но не сте го право, цимерката и е на земјоделски предавања имала од 08-12/13;зависи кој ден, овие од 08-17 ч и Др денови 08-15/16ч , тоа е цел ден на предавања. Ја ја убедувам иако не е моја работа да бега од таму ,да се префрли на некој друг додека е време.. па и ја кога студирав до 13/14 најкасно сум била ,ова е премногу
Такви се глупави блоковите, од 8 и 15 до 12 и 15 и од 1 до 3 и ако се спојат губиш саат на седење на факс...
Не овие имаат предавање буквално цел ден, дури до 17ч, дупло повеќе предмети имале, бар така ја разбрав Кажуваше некое друго дете тек што почнале викало ке си оди, ја убедувам и јас да се префрли на друг додека е време , кога ке учи ? И плус предалеку , ја примија во Гоце , цел час се вози во еден правец. Јас лично не би издржала.
Напорно е ама па и не е, не знам, единствено проблем е за тоалетите, пошто се руина, а Гоце да, предалеку дури и повеќе од саат е за враќање... со 2ка.... колку пати се иам разболено од таа 2ка....
Може лошо се разбравме, јас за ветеринарен зборам, таму се запиша роднината а цимерката и била на земјоделски, е цимерка и имала по 4 предавања до 12/13ч а овие на ветерина дупло од нив тие се до 16/17ч и ко ке видиш и превоз до Гоце , а ти велиш и по 2ч многу е ова буквално цел ден, ке биде спиј, на факултет, вечера и спиење, и така во круг Јас навистина не би можела , коа јас студирав и јас до толку имав предавања до кај 13, понекогаш 14 ч потоа пак имаш време , ова е премногу За тоалетите ништо не спомна, но во собата има бев видов , мала е собата но во ред е, колку толку.
Ја па за земјоделски зборам, слично е и таму, во зависност од професорот. Има некои држат и по истек на време (Фитопатологија и слични). А инаку зборував за тоалетите на факултет, на земјоделски нема апсолутно никакви услови, освен ако не реновирале во последнава година-две. Имам во некоја дискусија пишано дека една зима ни фалеа и прозорци, па мочаш и те врне снег, ај бар не смрди... Ветерина најверојатно е поарна затоа што е понова зградата. Земјоделски зградата мислам дека е веднаш по земјотресот и дел од просториите се исти останати. Подрумот на пример ни беше мини депонија со сите глупости што не требаат, пун глувци, бубашваби и остали инсекти, а има и предавална под земја, која е поплавена и е мочуриште што никој не го интересира... Нека проба наредна година да најде сместување во Стив Бараките, или Стив ако успеат да го реновираат до наредна година. Стив бараките знам дека се солидни и тазе реновирани.
ни на земјоделски ни на ветеринарен не сум била , не знам како е внатре, јас за предавањата онака пишав од она што ми тече, цимерка и до пладне овие цел ден на факултет, бар засега за понатаму не знам За Стив и Кузман тешка работа, нешто збора неколку години ке трае реновирањето Тешко на децата, мислам дека во мое време пред 10 год полесно беше
Се согласувам, сега новиве кадри се погоди или промаши, има некои ептен неписмени станати професори, книгите кога ќе ги прочиташ....те пука на бед. Нека аплицираат во бараките Стив, тие не се реновираат, нека фатат врски и ако треба, ептен ќе им биде полесно ако се таму.
Здраво дечки! Јас се мислам помеѓу смеровите: Електронергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија на ФЕИТ и Индустриско инженерство и менаџмет на Машински. Кои од овие смерови е поперспективен? Каде е потешко? Што најчесто работат луѓето откако ќе се стекнат со титулата дипломиран инженер?
Јас сум сеа прва год феит на КТИ но во прва сите учите исто, професоритее сите се океј и топ освен ое таа е малку потешка на карактер ама убаво предава,сепак материјалот е мн тежок тк да зависи од кое средно доаѓаш и колку предзнаење имаш позз и се гледаме на ФЕИТ