глупо прашање ако имаш талент надоградувај го и учи актерство ако немаш талент што мајка бараш на тој иди на правен. проста логика. Греота е талентот да не си го цениш, а адвокати има со лопата да ги собираш 70 % се на правен
Не можеш така да гледаш на тоа. Ако имаш талет оди на глума, ако немаш што бараш. Веројатно не сакаш на крај од тебе да испадне ефтиина, пропадната глумица која добива цел живот едвај споредни улоги... Ако немаш талент, а те влече правниот, оди, иако адвокати има на секој ќош.
ама професииве ти се скроз различни за да бидеш актерка би требало да имаш талент како инаку или можеби тие само желба. Треба да избереш она што сакаш да го учиш и работиш. Прашањево малку тие само колку да прашаш нешто
се двоумам мн во изборот за факултетот... би сакала да го видам и вашето мислење..да одам на туризам или на социјална работа и социјална политика?
Подобар? Менаџмент и претприемништво vs Меѓународна економијa ми треба ваше мислење се двоумам мегу нив па според вас кој е подобар?
Што мислите за земјоделски факултет,поточно институтот за храна ? Делува интересно според мене, но сакам да прочитам и ваши мислења ...
Јас мислам дека земјоделски факултет (кој и да било смер) е добар и перспективен факултет. Посебно во земја како нашава. Ако ти е по волја запиши се.
Феит или Финки????....Не сум многу по физиката,но ниту по програмирањето...а математиката си ја сакам.
Значи јас си планирав да си одам на Филолошки - англиски јазик а втор италијански.Но некој ми кажа дека имало втор јазик шпански па сега планирам за втор да го одберам него.Но почнав да се двоумам дали за прв да го одберам англискиот или италијанскиот.Англискиот ми оди и се но исто така имам голема желба да учам италијански иако не го познавам и не сум го учела порано.Според вас кој е полесен? И кој би требала да го одберам ?
Сакам да прашам, што мислите за универзитетот Свети Апостол Павле во Охрид? Дали годинава некоја се запиша таму? Другата година треба да се запишувам на факултет, па овој ми изгледа интересно. Што мислите? Посебно за овие 3: *Факултет за Информатички Системи, Визуелизација, Дигитална Мултимедијална и Анимациска Техника *Факултет за Информациони Теории и Анализи *Факултет за Комуникациски Мрежи и Безбедност Интересни факултети, а и се учи на англиски јазик, затоа што има и студенти од други држави.
неодлучност-;/ Девојки ова моево навистина го сметам за проблем,незнам како да ви објаснам значи сите мои другарки имат одберено некој факултет за кој се спремаат,што ќе полагаат каде ќе одат,а јас незнам за мене сум многу чуден тип, секој месец се нешто ново ќе ми текне за кое ќе сакам да го пробам страв ми е вака дека нема ни да се запишам на нешто.Отсекогаш сум имала голема желба за психологија но не сум доволно информирана на кому ќе спомна ееееееејјјјјјј тоа е многу тешко-промашај ке ти биде и јас ајде барам нешто дрyго а сега сум четврта година средно време ми е за одлучност незнам што да правам незнам дали е правилно ова што барам помош од вас???Незнам навистина.....ајде ве молам ако може некој да ме подучи јас повеќе не можам со себе да се консултирам (а инаку многу добра ученичка сум ниеден предмет не ми е проблем освен математика)
Сонце, секој факултет си има своја тежина. Машински, Архитектура или Медицина полесни да не се? Но ако го учиш / работиш тоа што го сакаш, ке ти биде полесно да ги совладаш предизвиците. Ете знаеш дека математика нема да студираш Доколку сакаш психологија - студирај психологија. Доколку си неодлучна и понатака а треба да се решиш, биди практична па одбери нешто што има широка примена. Од моето искуство, со јазици нема утка. Со среќа
Јас пред 5 години завршив психологија и да ти кажам и јас за малку немаше да се запишам бидејки истото како и на тебе и мене ми го збореа. Ама јас сепак се запишав и да ти кажам го завршив пред време, сите предмети ми беа лесни бидејки ги учев со мерак. Така да ако тоа ти е желба слободно запишисе нема да згрешиш.