Мноогу се двоумам меѓу Финки и економски. Маркетинг ми е баш некако примамлива опција но што знам, цел живот финки го зборев.
ЗдравоСе двоумам за да се запишам на факултет сакам лаборант или германаки јазик па незнам кој да го одберам исто така имам бебче една годинка и се плашам како ке биде.Па дали може некоја членка што студира/ла да сподели како оди за лаборант гледам многу хемии има а средно имам гимназија завршено па ме фаќа страв малку и како е со работа дали се наоѓа или слабоСопругот не ме подржува на оваа тема бидејки сум 98генерација а јас наумив и сакам да завршам па ме интересираат вашите искуства
За работа ако се одлучиш за лаборант ти треба факултет а ако се одлучиш за германски не ти треба. Можеш на Гете да се запишеш курс и да го научиш многу добро јазикот и да бараш добро платена работа со германски. Многу е потешко кога се нема поддршка пробај да разговараш со него ама прво ти одлучи се што сакаш.
Како и останатите опшествени. Полесно ќе ти е за разлика од пмф, финки, мд, машински, па и правен ај. Филозофски е гола вода факултет. Лабави предавања, испити, со малку труд ќе завршиш во рок. Е сеа после дипломирањето, треба да се запрашаш каде со овај факултет?
Па нема голем избор. Обично во некои установи државни за кои ќе треба да чекаш да отиде некој во пензија и да се ослободи место, да бидиш партиски определена, итн. Тоа е. Иначе како и за сите останати факултети исто е вонредно студирање. При упис поднесуваш молба и приложуваш таму документи. Потоа си имаш консултативни предавања шо да учиш за испит и полагаш.
Не знам која е најдобра опција од семејни,педагогија и социјална работа И со колку поени примаат,дали мн се запишуваат на овие насоки Не одлучна сум а описите од утре почнуваат
Не се поднесува молба. Аплицираш како вонреден студент со плус документ образец М1/М2 нотарски заверен, или лекарско уверение за причините наведени во точка 1 став 2 (издадено од З.У. Студентска поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје)
На цел филозофски значи ништо буквално НИШТО НЕ СЕ УЧИ, потешко е во средно. А за смеровие кои ти ги наброја претпоставувам дека нема ни работа. Така што се сведува на изгубено време, ништо научено и невработени после дипломирање.