Завршив 4та година гимназиско образование и бев на смерот јазично-уметничко Б. Јас сум креативна личност и сум заинтересирана за секаков вид на дизајн, уметност, музика, филм, пишување и психологија. Најпрво сакав да се запишам на графички дизајн, но скоро сите факултети за тоа се приватни Се мислев за Универзитетот во Охрид, но гледам дека е повеќе насочен на математика, физика, кодирање и некако не ме привлекува толку многу. Во слободно време пишувам песни, книги и сценарија. Во план сум да го научам FL Studio. Исто така дизајнирам интериори, логоа, облека и сл. Не знам што да запишам, а и не можам да најдам соодветен факултет. Помош!
Ако имаш просек, мој совет е да не се ограничуваш само на факултетите во Македонија. Има стипендии низ цел свет.
Размисли за архитектура, малку е напорен, доста време ќе поминеш на часови исто ќе имаш многу изработки за дома.. Само треба да знаеш дека и покрај тоа што е државен е скап факултет бара многу работи да купуваш за да можеш да извршиш задача дадена од факултетот. Има математика, и предмети поврзани со физика ама не се на некое екстремно тешко ниво.. Има и приемен испит, сите уметнички на УКИМ мислам дека имаат приемен испит (барем така беше јас кога завршив средно) така што за што и да се одлучиш следи кога има приемен и подготовка за да не закасниш со уписите. Друго можеш да размислиш за ликовна уметност, музичка уметност, драмска...
Јас би го разгледала Американ Колеџ ако ти паѓа во некоја опција бидејќи е приватен факултет, меѓутоа братучетка ми со истиве квалификации и интереси како тебе се запиша на внатрешен дизјан, преинтересно и е, сега и мастер запиша таму, така што мислам дека би ти се допаднало. https://www.uacs.edu.mk/programs/undergraduate/school-of-architecture-and-design
Истото сакав да го пишам. Разгледај надвор од Македонија, не ти се добри универзитетите тука а повеќето не се ни признаени и тешко се нострифицираат ако во иднина сакаш да заминеш од земјава. Србија има многу подобри универзитети.
Од 1ва до 4та година ми се сите 5. Земам школарина бидејќи сум со еден родител и незнам дали би било проблем доколку не студирам во државава.
Здраво, искуство со смерот Меѓународни и интеркултурни студии, какви се полагањата, дали повеќе се полага усно или писмено (дали е многу строго)? (може и лп да ми пишете)