Сакам да прашам...? Сакам да прашам, бидејќи сум 4та год средно и за брзо треба да се запишувам на факс..дали да одам фармација( учам средно фармација) или да продолжам ликовно(ги имам цртежите мои во тема Ваши цртежи)...бидејќи јасно ми е дека фармацијата и сиот тој труд не е добро платен тука во мк, а од др страна што понатаму со ликовно.Многу ми треба совет ама гледајте да биде корисен.+ ми е проблем местото на студирање, ликовно има само скопје, а фарм има и во штип,каде финансиски можам подобро да студирам и многу да не ги грижам дома моите
Сакам да прашам...? Во Штип учеш? Аптеки нема да се отвараат наредните 3 години колку што знам. Инаку убаво е фармација, ама не е којзнае колку платена професијата. За ова првото не знам што би ти кажала, ликовната уметност не е експонирана кај нас, незнам колку се платени. Но, сепак би ја ставила пред фармацијата. Јас да сум на твое место би одбрала нешто трето.
Сакам да прашам...? Хм... Фармацевтка - не сакам, јас лично. Мислам, ништо чудно средно да сум тоа, ама нема шанси тоа да одам и на факултет. Но, подобро ти е од ликовно. Уметниците, пари даваат само за бои, платна, а после едвај 2-3 слики дали ќе продадат. Да, разбирам дека е талент, ама тука во нашава држава, уметниците не се доволно платени, освен ако одиш ликовно, ама педагошки (не знам како ги делат овие смеровите) за во некое школо да бидеш професор/наставник по ликовно.
Сакам да прашам...? Кога би морала да бирам, јас би одбрала фармација, зашто мене лично повеќе ми одговара тоа, а и има малку повеќе перспектива во тоа.Инаку, мислам дека ни едното, ни другото не се добри за професија.Средното и факултетот ќе ти бидат интересни,ама после многу тешко се наоѓа работа во тие две области.А и веројатно самата знаеш, парите не се големи ни ако бидеш сликарка, ни ако бидеш аптекарка...
Сакам да прашам...? Добро млада дамо а може ли да ми кажеш каде се парите??? Значи аптекарка не е поим за фармација. Си видела некогаш апчиња, кремови, масти оние работи кои спречуваат да умреме? Е тие драга моја се направени благодарение на фармацијата. Тоа ти е бизнисче каде што на поштен начин си се богатиш ( нормално ако те бива) Фармацијата е област која што никогаш нема да замре, и не е точно дека тешко се наоѓа работа со фармација(мислам поголема глупост здравје). Отвори на "најди работа" на пример и читкај. Проблемот е што е могу TEШKO, нема дремење и забанции туку со книжулето во рака... А ликовно според мене е многу убава професија, лајт, само треба да си стварно специал за да те бидне( не може секој да слика квалитетно-да се разбереме). Соу CharmedGirl седни си дома и размисли си: дали би се откажала од некои средношколски сладости и да бидеш спремна да УЧИШ или сакаш да ти биде ЛАЈТ во животот...
Сакам да прашам...? ^ Да бе, лајт у животот ако секогаш има изложби,ако сликите и се продаваат секогаш добро,а сите знаеме дека тоа често не е така,уметноста не е многу добро развиена кај нас. А вака со диплома,колку толку ќе има некоја шанса. Сега и со дипломи седат дома,ама подобро така отколку ништо да нема па да не најде никаква работа. Јас би идела со фармацијата,а мислам дека и тебе повеќе би ти одговарало.
Сакам да прашам...? Обично не дообјаснувам, ама ке направам исклучок. Значи ако не ме разбра убаво ја под поимот ЛАЈТ подразбирам дека нема многу за учење, дека треба претежно талент, ама во Мкадонија може да си седи дома со прстот во уста (од едната рака) и четката за сликање (во другата), а фармацијата е бизнис кој не умира и верувај-има пари Многу едноставно Пoзз
Сакам да прашам...? ^ И јас сепак фармација мислам дека е подобро. Не дека сум затрескана во медицинава, само стварно мислам дека подобро е и за работа и се. Има смерови да одбере, па ќе си одбере тоа што најмногу ја привлекува, а со цртањето и тие работи може да си се бави во слободно време, да и биде хоби. Таман така две во едно А за учење на фармација има бааги, ама ако добро си го организира времето ништо нема да и биде тешко.
Сакам да прашам...? За се ти треба труд денес. ЗА СЕ! И да не и треба учење,ќе и требаат техники,методи некои што ти ја знам.Ќе треба да цркне од сликање за добри слики,иако има талент.Па тек за изложби...не се прави тоа така,шкрапни неколку слики и ајт изложба. Ем ќе седи со четката во раце,ем тоа време што го трошела на цртежи,можела во учење да го помине. Така да,за ниедна работа во живот не се поминува лајт.
Сакам да прашам...? Точно, се согласувам со тебе. Ама уметноста и науката се сосема различни работи. Уметниците се уметници пошто за тоа се родени, со уметноста човек може да се испразни себеси, да се изрази, да создаде естетика. Нервозите со оваа професија доаѓаат одпосле, недостиг на пари, неможност за изложби итн, а уметноста не е напната професија, тоа го правиш од љубов, се изразуваш и се олеснуваш. Науката е нешто што мораш да се испотиш асално, МОРА да сватиш,да учиш и да го надоградуваш тоа и само тоа. На науката не и е гајле како ти се чувствуваш, дали ти лежи мртва природа или портрети, треба да ти лежи СЕ.Еве конкретно за фармацијата треба да ти лежи и хемија и физика и анатомија и физиологија и патофизиологија и патологија...Значи нема место за пукнатини пошто све е поврзано. Еден пропуст и готово - не свакаш ништо. Двете кружиме околу истово, ама мислам дека се разбираме
Сакам да прашам...? Да но ако гледаме од таа перспектиова(пари) тогаш многу подобро би било да си сликарка за тие пари, бидејќи фармација не е воопшто лесна школа, и сето тоа учење ти оди упм за да седиш зад каса и да се расправаш со секоја будала шо ќе дојди. A, BeLLaDona23 за да те вработат алкалоид или јака во ова време не треба да бидеш обичен фармацевт со 5 години школа, треба да имаш уште 5 специјализација.Па со тие години учење јас би одела за министер по здравство сепак фала за ваше мислење има време уште цела година да се размислува
Сакам да прашам...? одбери го она за кое имаш мерак да го работиш, кое те исполнува итн, со сила убавина не бидува. еве еден пример...имам братучед кој одлично црта и кога требаше да се запишува во средно многу му викаа да не се запишува во уметничко оти е промашена инвестиција,немало пари и шо ти знам, али ете за среќа тој се запиша на уметничко и од лани почна да работи на скулптуриве шо се низ скопјево и верувајте зима добар хонорар што ретко кој ги зима тие пари на неполни 18
Сакам да прашам...? Се запалија сите и расправаат за црно и бело, а може да биде и сиво, нели? Ако си имаш талент за ументост, па не е само ликовната академија опција. Можеш да студираш и нешто друго каде ке дојде до издраз твојата дарба. Размисли околу графички дизајн, веб дизајн, архитектура и сл. Мислам дека одличен уметник може да заработи подобро од фармацевт кој станал тоа од зор. Не е важно што ке одбереш, важно е да го сакаш тоа што го работиш. Do what you like and you won't work a single day in your life.
Сакам да прашам...? Да но ако гледаме од таа перспектиова(пари) тогаш многу подобро би било да си сликарка за тие пари, бидејќи фармација не е воопшто лесна школа, и сето тоа учење ти оди упм за да седиш зад каса и да се расправаш со секоја будала шо ќе дојди. A, BeLLaDona23 за да те вработат алкалоид или јака во ова време не треба да бидеш обичен фармацевт со 5 години школа, треба да имаш уште 5 специјализација.Па со тие години учење јас би одела за министер по здравство сепак фала за ваше мислење има време уште цела година да се размислува [/quote] Јака веќе не постои, Еурофарм ги купија. Абе срцево ме боли кога вака гледате на работиве. Со 5 години школа не си обичен фармацевт, туку си Магистер по фармација, сега имаат и нова програма со 3 години. А за да работиш во производство не мораш да имаш 10 години школо, се земаат во предвид и други работи Еве за 1-2 години ке биде готова и руската фабрика. Точно е тоа дека за тоа учење требаат повеќе пари, ама ко за у Македонија се доволно. Инаку мене ми се чини дека ти веќе имаш направено избор , во секој случај јас само сакав да ти пренесам некои искуства и мое мислење. Секоја професија си има свои доблести и маани, само битното е за што те бива и што вистински сакаш да работиш во животот
Во Македонија џабе ви е да размислувате од која професија може да се профитира затоа што таква нема. Единствено сигурни пари (колку-толку) имате од земјоделие, да бидеме реални Македонија е земјоделска земја, а не административна и така и ќе си остане. Плус кај нас наука не успева, во тоа пари не се вложуваат, ама тоа не значи ако сакаш да бидеш физичар да не бидеш. Затоа учи тоа што сакаш, за еден ден ако не дај боже останеш без работа да не ти биде криво што си учела нешто 10 год само за профит, а не ти успеало. Така и ретко се успева да знаете. И најтешко нешто е да учиш факултет кој не те привлекува. И тука успеваат само тие со врски или е*ено многу среќа и со ОГРОМНА упорност.
ве молам за совет 4та година сум и не знам што понатака..се наближува ноември треба да ги пријавам интерните испити но не знам на што факултет да одам..Се мислам помеѓу економски или филолошки(француски јазик)..?? Според вас Кој факултет е подобар(услови,стипендии за во странство итн ред др работи професори ова она..) а кој попреспективен (се сомневам дека во Мк има таков) но сепак ми треба совет.плссс
пред се може сум кажала но пак ќе кажам што те влече што имаш ти желба тоа учи. Колку и некој да ти кажува тешко лесно запиши се ваму или таму ако немаш желба да го учиш тоа што го сакаш тогаш не правиш ништо. Така да она што ќе си го одбереш на крај ќе ти биде она за кое ќе се залагаш цел живот и ќе постигнуваш успеси затоа добро разгледај кој што нуди и сама ќе процениш за што си способна
Јас сакам да студирам Германски јазик. Е, сега прашање ми е: Се учи само граматиката на јазикот, или и книжевност-таму Гетевци, Хесевци треба читање?
^Па по логика треба да се учи целиот јазик, сите елементи вклучувајќи ги и книгите, сепак факултет е тоа, во средно германски се читаат текстови, се учат зборови, се слуша на касетофон, не е само граматиката не па на Филолошки. Сеа ова е моја логика, не е сигурна информација