Архитектура со јазици нема никаква врска. Јас мислам дека поперспективен е архитектонскиот. Но, треба да ти иде математика и да имаш талент за цртање.
Економски или Филолошки?? Многу се двоумам што факултет да изберам. Ми одат јазиците, ги сакам многу ,имам и награди добивано, но од друга страна економијава ме влече како демек поплатена работа а и ми оди и тоа го сакам (а многу економисти ги има знам) ..ве молам за совет..Кој од овие два е попреспективен и нуди подобри услови? (добредојдено е секое мислење и информација)
Економски или Филолошки?? па имаш посебни теми и за едниот и за другиот факултет каде што феминките споделуваат искуства околку истите факултети
Сакам да прашам, значи ми заинтересира за ортопедија, е сега тоа е дел од медицински науки, поточно на св кирил и методи во скопје на медицинскиот факултет има катедра за ортопедија, не сум информирана како оди тоа? дали треба прво медицина општо па после специјализација за ортопед или тоа е како смер ??? не сум информирана доволно ве молам да ми одговори некој.. фала однапред
Девојки ај ако може некој малку да ми ја разбистри главата сега сум матурантка и сакам да се запишам на факултет психологија многу го сакам знам дека со желба ќе учам,но проблем ми се малку оценките 4етириве години ми се со многу добар успех незнам дали ќе има шанси да ме примат, а и незнам кои предмети за полагање да ги изберам јас планирам да земам македонски,англиски,социологија и филозофија а проектна географија(велат дека немало некоја си улога проектнава,затоа тоа се решив). сега ако може некоја од вас да ме малку посоветува да ми каже дали треба нешто да променам и според вас мислите ли дека ќе имам шанси на факултетов?
За матура ти требаат македонски и математика, (барем основно ниво) од екстерниот дел и физика во комбинација со друг предмет, на пример филозофија, информатика, јазик од интерна матура - битно да има математика и физика во предметите кои ќе ги одбереш. Инаку, јас го повлекувам моето сигурно да од архитектонски, во уште поголеми дилеми сум сега, ми се мотаат и градежен и електро и машински и програмирање, а како капак на сето ова и архитектонски - биче весело додека се одлучам.
Оваа година сум матурантка, и значи дилемите почнуваат уште отсега, се двоумам помеѓу филолошки или економски, слушам од некои другарки дека филолошкиот бил многу неорганизиран, и то најискрено ме плаши, за економски незнам баш многу математика,сакам да одам на Менаџмент..шо мислите вие??
Па, види сега вака. Ти кажав и јас, а и секој што студира/студирал на Филолошки ќе ти го каже истото. Факт е дека факултетот е хаос, лудница на великоо. Да не се повторувам, кажав што има а што нема, повеќето работи ги нема. Е сега, не е само да не знаеш математика па да дојдеш тука. Ако одиш на ПИТ, ти мислам за тоа и ме прашуваше, најдобронамерно ти кажувам салам да се спремиш. Нивната поента моментално е да не ИСЧИСТАТ, значи од 180 студенти на ПИТ, во втора ќе останеме околу 80, гарантирам. Или знаеш, или паѓаш. Никој не се замара да ти објаснува, нит па го интересира многу, многу дали ти ќе научиш. Учење има, и што е најтрагично, учиш, учиш, учиш (никако на памет) и доаѓаш на испит, секогаш ќе има некој збор, фраза, глагол, било што, што нема да го знаеш. Јазикот не се научува лесно. За на Економски, имаат за учење, ама да, седнуваш, учиш, научуваш, одиш и полагаш. Ама знаеш дека тоа е тоа. На овој првиов колоквиум, сите се задоволни, учење има секаде, фала Богу, ама поминале. Математиката, не знам искрено што да ти кажам. Мораш да жртвуваш нешто, за да добиеш нешто друго. За лесно, ништо и никаде не е лесно. Секаде треба да се загрее столот. И јас можев да одам на Англиски и книжевност, па да прелетам 4 години без многу замарање, одбрав да одам на ПИТ. Жртвував, направив избор. Сега се дупнувам германски од учење, ама се надевам на крај ќе се исплати. И да знаеш дека додека дојде уписниот рок, уште петпати ќе се премислиш. А, да, уште нешто. Учи за матура и помини ја со што е можно подобри оцени, за да не си ја чукаш главата после, ме примија, не ме примија, државна, приватна...
Знам дека дур да дојди уписниот рок 100 пати ќе се премислам ..го знам јазикот стварно, отсекогаш сум се интересирала околу англискиот, сум посетувала курс 6 години, и знам дека јазикот не се учи одеднаш, за на економски знам само дека материјалот бил обемен, али без учење кај и да си ништо не прајш ..Фала Дузи за советот
Дузице, ептен се‘ ти поштовам што пишуваш за Филолошки. Факултетот е благо кажано башибозук Но... Крилја се‘ уште не ми пораснале. Велиш допрва?
Дарлинг, знаев дека некој од книжевност ќе изреагира. Немој да мислиш дека го потценувам смерот, таман работа, но дааалеку полесно ќе ми беше да бев таму. Зборувам за мене лично. Сега мака мачам со германскиот, сепак не е така лесно два јазика да ги изучуваш на тоа ниво кое нас ни го бараат. Плус го учиме и македонскиот, па да видиш колку само не си го знаеме мајчиниот јазик. Ги видов книгите по кои учат прва година на книжевност и се барем малку полеснички од нашите. Дека е исто, не е. Вие се остручувате за наставници, ние за преведувачи. Е сега, имаат поезија, драма.... Што знам, според мене, многу полесно ќе ми беше на книжевност. И со крилја и без.
Моја идна потенцијална колешка ! И јас драга се двоумам баш меѓу овие два факултета. Што ќе биде не знам ? Да се надеваме дека ќе го избереме вистинскиот .... Поздрав
е ова е сериозна одлука, ако веќе се двоумите (меѓу два, или ете меѓу повеќе факултети) а не преферирате некој посебно, мој совет е да гледате таму каде што подоцна ќе имате просперитет (во поле на работа-иако никој не знае кога и како ќе му се насмевне среќата за вработување). Гледајте пошироко, а не само тоа што ќе го учите за 4,5 или 6 години! Среќно...
Ваше мислење за за овој факултет? Некое искуство, препорака? Се двоумам помеѓу економски и одбрана на филозофски, и сега саскам да знам нешто повеќе. Што понатаму, просперитет итн.
Дали некој од вас бил или е на факултет за детективи и криминалистика? Што мислите за овој факултет? Дали е добар и дали после може да се најде работа од оваа област. Во Македонија баш, детективи .. Дали има државни факултети за детективи и криминалистика и кој се и колку се добри? Добредојдени се секакви мислења. Благодарам.
На државниот Факултет за безбедност во Идризово има насока криминалисти и насока безбедност и финансиска контрола. Незнам дали ќе најдеш работа бидејќи голем е бројот студенти што ги примаат и што дипломираат секоја година.
Се уште има приемен, да. Од оваа година е сменет, имавме нацртна геометрија и перспектива, и како и секогаш психо тест. Не цртавме тела како претходните години. За матура не е важно што ќе одбереш, може и со англиски во прв уписен рок. Јас земав математика и за џабе се мачев, со англиски и полесно ќе ми беше, и немаше да имам четворка
Историја или Археологија Знате нешто околу овие факултети? Кој е подобар според вас? Се мислам на кој да се запишам,моите малце забушаваат за Археологија И ако знате што предмети има од прилика пишете.Благодарам однапред