Историја или Археологија Ја би за археологија. Инаку изборот си е твој. Во врска со предметите ги имаш тука Историја: http://fzf.ukim.edu.mk/files/Dodiplomsk ... ograma.pdf Археологија: http://fzf.ukim.edu.mk/files/Dodiplomsk ... ograma.pdf
Историја или Археологија Подобар избор ти е археологија.. Доколку не ми одеше информатиката дефинитивно би одела и јас на археологија..
И мене ми треба помош за жал 5 години сум цврсто решена за програмер (Финки), но баш сега кога имам најмалку време за размислување почнав да се предомислувам и за градежен :/.. Па според тоа што сте слушнале, било која идна колешка на еден од факултите.. споделите мислења и помогнете ми
па доколку имаш желба која трае подолго време да се запишеш за програмер јас би ти советувала да идеш таму. Пред се е струка која е доста побарувана а е со малку кадар. Некако не би го споредувала со градежен лично јас. Но сепак изборот на кај е твој. Доколку имаш желба за двата тогаш верувај што и да се запишеш ќе завршиш
И јас сум матурантка оваа година, ќе ми пукне главата од размислување а никакви поопширни информации неможам да добијам во врска со факултетиве! Планирам да одам на приватен факултет, на Американ али сеуште незнам кој смер да го одберам. Бев толку убедена дека ќе идам на право, али добив некои информации од поискусни луѓе во врска со овој смер стварно ме ставија во дилема. Размислував и политички, али што потоа?!? Ако некој има искуство, или било каква информација ќе ми биде добредојдена. Фала!
Ако те интересира програмирање тогаш ФИНКИ му е мајката. Брат ми е исто матурант и сака на ФИНКИ па заедно разгледувавме. И програмата им е одлична, а и предност е тоа што овој е признаен во странство што за понатаму е голем бонус. Градежен според мене треба да го учат луѓе што навистина го сакаат тоа. Не само делот тежок е, има многу за цртање затоа што секој факултет си бара различно, градежен бара доста финансии. Сите што ги знам на градежен било завршени, било уште студираат сами си кажуваат колку многу пари даваат од печатење на планови до прости работи како 10 вида на линијари и шестари. Но ако навистина го сакаш тоа ти е. Во секој случај убаво размисли. И избери нешто што ти го сакаш, тоа ти е најбитно а не после два семестри да си викаш зошто го учам ова, аман веќе не можам
Ако се двоумите и не сте сигурни кој од два факултети повеќе го сакате фрлете паричка. Не дека таа ќе ви одлучи туку додека паѓа ќе видите за што навивате да се падне
Јас ќе одам на фармација иако е тежок факултетот фармацевтската струка се смета за дефицитарна па таман јас кога ќе завршам веднаш ќе мождам да се вработам
Mene kje mi pukne glavata od razmisluvanje za fakulteti.. Prirodnata nauka mi e pojaka strana za razlika od opshtestvenata nauka. Neznam megju koi fakulteti da se odlucham dali za mashinski ili za medicina. I na dvata fakulteti ima interesni smerovi ama strav mi e da ne napravam greshka vo izborot i posle toa da se kaam. Sestra mi zavrshi na mashinski za termichki inzhenjer i odlichno i ideshe i predmetite interesni bea,a otkako diplimirashe odma si najde rabota vo oblasta na mashinstvo. Ima nekoja feminka sovet za mene?
Богами и мене ми треба совет со факултетов многу се двоумам помеѓу јазик и правен.Англискиот јазик значи многу добро ми оди навистина но сум со мало дете а планирам да одам вонредно па се плашам дека нема да го завршам дека нема да имам доволно време да научам се бидејки на англиски книгите ти се се на англиски напишани а нема да одам редовно па да слушам што и како а за правен ми се свиѓа исто така зошто имам добра меморија за да учам на памет па ке ве молам за мал совет.
На правен имам многу голем број студенти и можно е на правен и економски во наредните неколку години да не се примат нови Инаку има ли овде некоја студентка на факултетот за безбедност?Ако има нека ми пише Лп
Можеби ќе речете дека ми е рано и сето тоа, но овој избор на факултет ме збунува. Постојано сум прашувана на кој факултет ќе одам и секој кој ќе ме праша ми дава и совет каде е најдобро. Еден вели ваму, друг таму, некои од искуство советуваат, некои од памет си зборуваат. Родителите не ми влијаат на изборот и сигурна сум дека ќе ме поддржат што и да изберам, но не сакам да згрешам... До пред две-три години бев убедена дека ќе одам на педагашки, за наставничка од прво до четврто одделение. Но, колку само се запишуваат таму? Кога сите тие ќе се вработат? Треба да чекам некој да си оди во пензија, за јас, ако ми се посреќи, да влезам на работа. Мислењето ми се смени кога се запишав средно и тогаш размислував за филолошки-англиски и книжевност или англиски и втор јазик (се извинувам ако погрешам во постов некој смер или назив). Си мислев дека ем јазикот ќе го научам убаво, ем пак имам можност да работам како професор/наставник или пак преведувач ако ја одберам втората опција. Точно е дека мене ми одат јазици и сето тоа, но ако сега треба да одлучам нема да изберам ништо од наведеното: ќе изберам македонски јазик и книжевност и ќе завршам со мерак. Ама, после? Што би работела? Пак во образование, но колку брзо би нашла работа...?! Истовремено, ми се пројави желба и за на правен. Но, пак со правниот не гледам некоја перспектива. Адвокати има со лопата да ги црпиш, нотар не може секој да биде итн. Ама пак за на правен треба да ти одат општествени науки, а јас историјата не можам да ја поднесам, социологија учам ради-реда, без мерак... Од друга страна, не можам да се замислам цел живот да учам за правото и за законите. Но, размислувам и за студиите по новинараство на правен. Новинарството е нешто што ме привлекува навистина. И пак истото прашање: колку е перспективно?? Пишувајки го постов, сфатив дека ќе имам голем проблем кога ќе треба да се запишувам. До некаде можеби и знам што сакам и изборот го стеснувам на новинарство и македонски јазик, но колку се тоа перспективни факултети? Што да одберам? Дали нешто што на некој начин отфрлив стеснувајки го изборот или да се водам според она што мислам дека ми лежи?
Аооо голема е разликата меѓу тие 2 факултети. За едниот повеќе ти треба математика - геометрија и такви науки, тежок е факултетот...за другиов ти треба математика-алгебра и економски науки. Плус на економски (финансиски менаџмент) има многу повеќе конкуренција отколку на геодезија, значи и поени многу ќе ти требаат од оценки и државна матура. И за геодезија треба да полагаш математика екстерно, а за економски си бираш математика или англиски. Ти што зема да полагаш? + и интерните предмети имаат врска, за геодезија треба да имаш соодветни, има на страната на Биро за развој ќе си видиш таму, а за економски е по избор само ако си зела јазик екстерно, не смееш да земеш интерно. А најважно од се е што со оглед на фактот дека се скроз различни факултетиве по струка, дефинитивно што повеќе те влече и дефинитивно за геодезија мора да знаеш математика на солидно ниво, не дека за економски не мора, ама по да речам математички факултет е првиот. За сите што се интересирате за Факултетот за безбедност, џабе ви е, од тој факултет нема ама баш никаква иднина. Никаква. Со било кој друг имате поголеми шанси за работно место, отколку со тој. Убаво е замислена професијата за дипломираните на овој факултет, но во пракса ич не е така. Во МВР да не работат дипломци од овој факултет? Нема врска, ќе најдеш со секоја друга професија, освен оваа. Или па да не се финансиски инспектори со овој факултет? Со економски се. Ретко кој, ама многу ретко кој се вработува како повеќе од полицаец, па и за тоа вработуваат други, со врски. Ако не најдеш работа со правен, со безбедност па ич. Ама бааааш ич.
Без разлика кои предмети си ги одбрала, има големи шанси да те примат во Штип на оптометрија, дечко ми е таму, јас сум за забен техничар. Можеш да најдеш работа, и тоа добро платена, а и конкуренцијата не е голема за запишување. Не ти треба ни некој 5,00 или 4,00 просек, ни па нешто високи поени за да те примат. Мој совет ти е медицина, па сега ти одлучи си. Иначе кај учиш ?