Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кој ќе оди на одмор во Грција?

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од viki44e, 19 мај 2010.

  1. Mini-Mouse

    Mini-Mouse Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    Во Грција досега сум одела само со моите,најчесто на краците. Оваа година се мислиме со мојов и уште еден пар дали Закинтос или Лефкада да отидеме.. :?:

    Па некој што бил и на двете места ако може да ми направи споредба со плажите,цени и сл. ко за парови која е подобра опција.
     
  2. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Лефкада е убава за парови..Ако одите со кола или да изнајмите кола и да шетате по плажите.Супер е...А Закинтос ќе одам сега на 1 јуни, па ке ти пишам најточно.
    Лефкада не е скапа.Цените за храна па и во ресторани се како тука.Далеку поефтино од Краците.Плажите се измачувачки, но вредат да се посетат.
     
    На Mini-Mouse му/ѝ се допаѓа ова.
  3. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Јас бидејќи имам одено и на двете места би ти ја препорачала Лефкада, поубаво место е за млад пар, со фантастични плажи, отколку на Закинтос. Цените па не се многу високи, што знам, нормални како за едно туристичко место.
     
    На Mini-Mouse му/ѝ се допаѓа ова.
  4. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Калиас, значи Лефкада е поубава од Закинтос?
     
  5. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    ke odam. na kracite. ama imam eden uslov.ako go iscistam semestarov ke odam eden mesec ako ne 10 dena :D :D takov ni e dogovorot koj sama si go namestiv pa sea...
     
  6. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Си имам замисла во глава за западна Европа, ама вчера шетајќи по гугл еарт, налетав на Родос и ми се присака нешто натака. Има некој овде што бил, искуства, луѓе, цени, храна, живот...?
     
  7. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Некој да каже повеќе за Калитеа се двоумам меѓу Паралија и Калитеа? |(
     
  8. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас имам едно прашање во врска со водата.
    Знам дека таа од чешма не се пие, ама дали може да си варам чај или кафе со неа?
    Затоа што ако водата им е хемиски загадена, тогаш ни со превривање не смее да се пие.
    Порано сме купувале по цели пакети, па од таа сме вареле кафе. Никогаш со таа од чешма. Ама сега проблемот е што јас морам да пијам 3 до 4 литри дневно чај (од здравствени причини) а ако секој ден купувам толку вода, ќе ми летнат 50 евра. Да влечкам од тука, ни тоа не доаѓа предвид.
    Еми чаре? :?:
     
  9. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Каде во Грција? Јас лично имам видено во делот под Олимп во тие местенца луѓето кои работат во кафичите, таверните како си пијат вода од чешма, значи не е сигурно загадена. Плус таа е планинска вода, извира под Олимп, но јас лично не пијам нигде вода од чешма освен дома, од страв да не ме фати пролив :D Плус на плажа на лежалките, нес кафе правеа со вода од чешма, ваљда не се будали да трујат луѓе :) А за на другите места искрено не знам, ама мислам дека со провривање можеш да ја пиеш. Најевтин пакет вода со 6 шишиња мислам дека имаше за 1.6-1.8 така нешто :) Јас лично ја купувам во Грција онаа Аура водата бидејќи ми е убава на вкус, не знам зошто :D Таа е околу 2.2 евра пакет
     
  10. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Мене лично повеќе ми се допаѓа Калитеа од причина што водата е прекрасна, чиста, не се споредува со таа од Паралија. Плажата е малку потесна, ама тоа и не е некаков проблем. Местото е доста средено, и преубаво, особено навечер, има се што ти треба, има многу дискотеки на некој километар надвор. Во Калитеа повеќето се странци, за разлика од Паралија, каде што врие од наши. Не дека во Паралија е лошо, далеку од тоа, ама јас сум малку разочарана од водата, матна е, но тоа е заради песокот. Насабајле е убава, после од гужвата се заматува. Инаку и тука имаш одличен ноќен живот, кафичи, дискотеки, млади луѓе. И да, Калитеа е значително поскапа. :)
     
    На CrazyStupidLove му/ѝ се допаѓа ова.
  11. linija

    linija Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    19

    Санторини дали го нуди некоја агенција, неможам никаде да го најдам :(
    Слушнав впечатоци дека било прекрасно...
     
  12. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    И јас ќе одам. :wasntme:
     
  13. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Водата секаде си се пие најнормално од чешма,и јас кога бев сите си пијат,нема врска тоа со загаденоста. ;)
     
  14. Macbetha

    Macbetha Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    11
    На linija му/ѝ се допаѓа ова.
  15. linija

    linija Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    19
  16. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Од каде оваа глупост дека водата не се пие во Гр? :o Е сега, загаденоста на водата ја има насекаде па и во Мк ти мислиш дека пиеш чиста вода од чешма? Хмм, си се излажала :^) Јас имам кафе бар во гр.и вода се пие најнормално од чешма, фрапе и нес кафе им правиме со вода од чешма, кафематите на кој принцип работат мислиш? Вода од каде има внатре? Па од чешма, нормално, ако беше така да не се пиеше водата од чешма сите ќе изумреа до сега, меѓу нив и јас :lol:
    Така да, слободно ако одиш во Гр.пиј си вода колку ти душа сака и чаеви прави си со вода од чешма, ако нешто ти се случи не дај Боже, јас одговарам, да знаеш 8)
     
  17. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Искуство со Полихроно луѓе? Знам дека е мало, знам дека не е баш интересно и јас лично, не преферирав таму да останам.ама...јбг не сум сама така да, и другите се прашуваат а и неможевме на тој дел, во хањоти и пефкохори да најдиме место пошо сакавме сите во иста куќа, сакавме3 апартмани по 50 дена...а се беше резрвирано и никој немаше за толкав временски период.таму кај шо не беше ни бараа по 60, 70 евра од нок, а искрено толку пари за таму не би дала.и така на крај си го фативме полихроно.како ке издржам незнам, ако слушните на вести девојка дека извршила самоубиство во полихроно да знаете дека јас сум била, и тоа од досада. Сепак, дај некој нека го извлече најдоброто од гратчево и нека каже нешто :)
     
  18. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Јас сум била во Ханиоти само и искрено мене плажите на краците не ми се свиѓаат, водата е чиста, ама плажите не ми се по мерак. Ама самите градчиња не се досадни, барем Ханиоти не е, а на крај краева едно до друго се на 4-5 км така да може да шетате. Јас имам така подалечно друштво кое секоја година иде во Полихроно обавезно, мешано друштво се машки и женски и чим одат стално значи не е толку страшно. Плус и вие сте друштво претпоставувам, на крај краева имаш море и плажа, по некој кафич сигурно има. А дискотеки има знам во Калитеа која е исто на неколку км, можете некогаш и таму да отидете.
     
  19. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Polihrono е многу мало местенце,со многу тесна плажа,и фамилијарни луѓе.Забава навечер нема ништо.
    Сум била двапати ,мене лично не ми смета.Ханиоти,Пехкохори се блиску,па шеткавме и натаму :)
     
  20. blue.jeans

    blue.jeans Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    35
    Можеби ќе одам.Треба првен брат ми да си извади пасош за заедно да одиме. :D Едвај чекам...