Дали некој бил неа врасна ? Какво е годинава ? Гледам на боокинг најефтини се таму понудиве што е работава ?
Некој шо е или бил Грција периодов, да каже каква е ситуацијата со тие виолетовите медузи? Вака како шо забележав од мапа и слики, на секаде ги има ама во мал број.
Дечки ве има моментално на Халкидики? Како е ситуацијата со медузите? Гледам по грчкиве групи постојано објавуваат и на Халкидики особено се жалат дека најмногу има во Ханиоти, Полихроно, Сарти, па и Пефкохори, Никити...
Здраво дали може некој да ми рече каква е Каликратија (водата, цении, искуства)? И да ми предложите некое друго убаво место, да не е многу далеку со патување.. За дечко и девојка Фалаа вии
Се вратив пред ден два од втор крак па да споделам искуство. Ние бевме сместени во Метаморфози, во вила Лина. Вилата е на нашинци, средена е преубаво, имаше се оставено од апарат за комарци, до сјај, фен, е пешкири нема ама не ни очекував. Метаморфози како место има неколку мали супермаркети ама се ептен снабдени, има ресторанчиња, гиро, кафичи, пекари, scuba diving, beach bar. Нема многу продавници за сувенири и алишта. Местото е преубаво ради местоположбата има борова шума + море, плус во близина има преубави плажи за шетање, како и патеки за шетање низ шумата. Самата плажа во Метамофорзи не ме воодушеви нешто премногу. Се наоѓа под карпи, има сенки, меѓутоа влезот во вода е со камчиња и без соодветни патики за пливање јас не препорачувам зошто имало ежови. Ама после влезот е се со песок, и е поприлично плитко. Пливаш, пливаш ехее и пак стоиш Од околните градчиња го видов Геракини, плажата е ептен широка, песочна, немаше многу луѓе, имаше ептен продавнички, ресторанчиња, мене ми се бендиса ептен. Никити е исто ептен снабдено, плажата не е лоша меѓутоа имаше повеќе гужва, ама после Никити има еден куп диви плажи што не се толку посетени а се преубави. Бевме и до Вурвуру и јас се воодушевив од плажите таму. Кариди плажата е соооон И со оглед на тоа дека горе доле сега повеќето места на втор крак ги заокружив, најубави места мене лично ми беа Каламици и Вурвуру, ради плажите. Во однос на виолетовите медузи, ние не забележавме/видовме таков случај, ама допрва ќе станува потопло и веројатно ќе се зголемува бројката на истите.
Се зачитав за медузиве. Според мапата што ја гледав на Јадран нема од медузиве. Некој со најново инфо? Ја медуза во Јадранско никаква немам видено, а одиме се таму. Се надевам и оваа год. ќе биде чисто.
Просечна. Убаво, живо место, плажата и морето генерално убави. Цените прифатливи. Други убави места како за пар, Калитеа и Афитос на прв крак, Неос Мармарас на втор крак, Тасос, Крф, Лефкада.
Дајте предлог за Неа Пори блиску до море сместување во хотелче со полупансион и не многу скапо. И проверено да биде од искуство. Благодарам!
Никити , Неос мармарас или Сарти, каде е подобро за шетање , кафичи, ресторани итн.. И каде водата е најчиста?
Јас бев лани во Пефкохори, водата е кристално чиста , нема бранови навистина е преубаво. Има каде да се шета, не е воопшто мало местенце..
Update од грција Прв крак се е поскапено, втор крак цените се како лани, нешто малку е поскапено по ресторани. Прв крак скоро секаде се плаќа за лежалки, на 2 крак во Никити секаде се плаќа, во марамарас во некои кафичи да, во некои кафичи се гратис со кафе. Лидл на 2 крак има само во Никити тој во Мармарас е затворен. Медузи на 1 крак (ханиоти) куп. На 2 крак бевме марамарас, никити, лагомандра и вурвури никаде немаше медузи. На граница доста се чека и има баш гужва секаде по плажи.
На крф медузи до сега не сретнав на ниту една плажа. Водата е супер, денес малку поладна од претходните дена. Инаку цената на лежалките се движи од 8-10€ минимум за 2 лежалки, гужва нема освен за викенд ама и тогаш се наоѓа место. Фрапе на плажа по 2-2.50€ минимум. Гиро од 2.90€ за мало, па до 5.50€ за големо. Моторчиња по 15-20€/ден зависи на колку време се изнајмува. Гужва се уште нема низ крф, освен во градот навечер преполно е.
Јас лани бев до 25 август , веќе последниот ден имаше бранови , температурата е до 32 макс и е одлично.