На тие што ќе одите на втор крак обавезно ви ја препорачувам плажата Mega portokali. Значи не Orange beach, затоа што многу ја мешаат со таа.
Добро сега читам за виолетовите медузи, има ли ги во Полихроно-Калитеа тие предели? Успат некој да каже како е во Полихроно, убаво ли е местото? Никогаш не сум била па сега оваа година се размислуваме да одиме.
дали некој бил до сега во неа потидеа и дали знаат српски, и некој добар рестиран кај што правст убаво гиро.
незнам кај да пишам па тука ако има посебна група префрлете. дали до сега некој бил во апартман мики полихроно, ова не е преку агенција туку јас го најдив на фб па дали некој може подетално да ми објасне како ќе биде на сигурно дека нема да ме зезне јас ако му пуштам пари. Совет?
Дали некој уплаќал за смештај во Грција директно на газдата како 30% од целата сума како гаранција за резервација? Прв пат вака ќе одиме и некако ми е мисла да не зафркнат. Му пишав на вибер на бројот што го имаат на нивната веб страна и се договоривме преку банка да уплатиме 30%, ама би сакала искуства да прочитам. @macor24 одпосле те прочитав иста мака сме имале
Ние ќе одиме без никаков депозит уплатено, договорени со грк газда. По препорака од една жена која 3г оди кај него и така дури таму му плаќа се. Не би требало да ве зафркнат. И во Фурка бевме така во приватен смештај преку фб што го најдовме и дури таму и плативме на жената...
Јас. Не ме зезнаа иако реално е ризик Платив преку вестерн зашто провизијата во банка беше некои 30-40 евра.
Јас плаќав така, отприлика толку уплатив. Преку вестерн јунион повеќе се исплаќаше, немав никаков проблем. Инаку смештајот го најдов на букинг, ама бројот на газдата од вибер преку гугл мапс. Имаше добри коментари на букинг и на гугл, па се решив така. Инаку и јас првпат така уплаќав, малце ми беше шубе, ама се си е ок.
Еве и јас по вестерн платив па се надевам се ќе биде во ред. Не ни прашав во банка, по вестерн за 200евра провизија 10евра. Му кажав дека мн провизија е пи банка, ребаше 360евра да платам,и човекот рече дека може и помалку да платам 200евра по вестерн, па средивме работа.
Така е,и јас мислев преку банка е поефтино ама вака е подобро. Супер ќе излезе, не се грижи. Убав одмор
по се изгледа дека имаме мене ми беше сумљиво тоа да праќам пари на некој што ниту го знам ниту го имам видено а и немам црно на бело дека резервирам соба, и затоа оставив да не уплаќам исто така ми рече тој дека може преку вестерн унион или преку грчка банка ама јас се предомислив оти ако е грк и само знае грчки како ќе се разберам
Епа како комунициравте досега, така и таму. На вибер ми потври дека е направена резервација и дека се е во ред со парите, така да тоа ќе ми биде доказ. Многу луѓе така си уплаќаат, не би требало да е проблем...сеа нека не чува Господ од преваранти..
Штом имаат веб страна, премали се шансите до никакви да бидете зафркнати. Веб страна за грчки смештај асоцира дека смештајот/газдите се озбилни во она што го работат Измамите примарно се случуваат со смештаи по фејсбук групите, каде се нудат смештаи од лица кои ако им ги отворите профилите ќе видите дека се лажни, т.е. направени само за таа намена. Понатака, цените се нереални, ако сте гледале смештај за 100€ ноќ, истиот ќе ви биде понуден од вакво лице за 40€ ноќ пример, претставен со лажни слики и сл. Ако смештајот има ете веб страна, го има на Гугл Мапс (видете таму како е оценет), препорачан ви е, сте прочитале позитивни рецензии, резервирате преку сајт како Никана.гр пример, нема за што да се грижите. Дури и смештај најден на фб, ако има позитивни коментари, плус некој од другиве критериуми што ги спомнав, не би требало да има проблем. Плус, секогаш направете си скринштови од договарањето ако веќе нема договор, независно дали е преку Мејл, Вибер, Ватсап или сл. При уплаќањето на депозитот чувајте си документи како доказ дека сте уплатиле (патем, ако би бараат депозит поголем од 30%-40%, не резервирајте, 30% е просек и најчест случај, 40% ретко, сè над тоа може да биде ризично). Тоа е тоа генерално, ризик постои, ама ако се внимава, чита и истражува, истиот е многу минимален