Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кој ќе оди на одмор во Грција?

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од viki44e, 19 мај 2010.

  1. macor24

    macor24 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    929
    Допаѓања:
    2.406
    Пол:
    Женски
    ти дали до сега имаш резервирано преку букинг, и ако имаш дали си задоволна
     
  2. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.549
    Допаѓања:
    39.531
    Пол:
    Машки
    Еднаш ако не се лажам сум резервирал, во Грција конкретно еднаш.

    Букинг како платформа самата по себе е гаранција дека нема да бидеш измамена.
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. macor24

    macor24 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    929
    Допаѓања:
    2.406
    Пол:
    Женски
    да знам преку букинг нема ама од овие шо се по фб некако ми се сумљиви по сигурно ми е преку агенција, досега не прочитав некој да се изгоррел така да уплатил што ја најдел на фб и уплатил преку банка
     
  4. Bubi*2

    Bubi*2 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2021
    Пораки:
    1.026
    Допаѓања:
    15.739
    Пол:
    Женски
    Се мислиме меѓу Фурка и Неа Флогита. Фурка веќе сме биле, ок сме задоволни. Бидејќи се блиску со кола ги вртиме и плажите Посиди, Палини.. Неа Флогита ми е малку непознато. Некој да сподели искуство или споредба да направи. Одиме со две деца од кои едно е бебе 11 месеци
     
  5. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.549
    Допаѓања:
    39.531
    Пол:
    Машки
    Зависи што ви е приоритет, ако сте повеќе за поубаво, почисто море, тогаш држете се до Фурка и околните плажи, коишто веќе знаете, се прекрасни.

    Доколку Фурка ви е досадна, не сакате и навечер да шетате до различни места кои се повеќе активни, тогаш одете во Плагиа, доста активно, раздвижено место, споено со Неа Флогита. Плажата е широка, песочна, морето е убаво.
     
    На Bubi*2 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bubi*2

    Bubi*2 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2021
    Пораки:
    1.026
    Допаѓања:
    15.739
    Пол:
    Женски
    Да, приоритет убаво море и песочни плажи каде би имало и природна сенка. Дали ги има во Неа Флогита и дали има во околината каде да се оди? Досега сме оделе само на краците и ми е многу непознато. Не сме многу за шетање навечер
     
  7. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.549
    Допаѓања:
    39.531
    Пол:
    Машки
    Нема природни сенки таму, ниту во околината колку што се сеќавам. Широки песочни плажи се, со чисто море, иако знае да се замати.

    Според кажаното мислам дека подобро е да си се држите до Фурка и тој дел.
     
    На Bubi*2 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bubi*2

    Bubi*2 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2021
    Пораки:
    1.026
    Допаѓања:
    15.739
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу. Сепак ќе е Фурка според ова :)
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.196
    Допаѓања:
    88.837
    Пол:
    Женски
    Ич не би се мислела, морето во Фурка е многу поубаво.
    Флогита и Плагија споени се,ништо посебно.
     
    На Bubi*2 и Ahoy им се допаѓа ова.
  10. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.549
    Допаѓања:
    39.531
    Пол:
    Машки
    Деновиве за жал читаме дека неколку лица во Грција се исчезнати, односно повлечени од морските струи.

    Тројца од оние 4 за кои е познато се македонски државјани, и двајца од нив се веќе спасени. Едниот е вистинско чудо, 20 часа на отворено море и сепак преживеал благодарение на истушена топка, која стигнала од островот Лемнос, каде деца ја загубиле на крајот на јуни. Од таму до местото каде што беше пронајден дечкото, има околу 110км. воздушна линија. Воедно, дечкото беше пронајден на отприлика 50км. воздушна линија од местото каде што беше повлечен од морските струи. А тоа место е добро познато за нашите туристи.

    Посиди. Поточно р'тот Посиди. Плажата која е позната по тоа што постојано има различен облик и никогаш не е иста, што ја прави посебна, интересна и атрактивна. Меѓутоа истовремено тоа ја прави и многу опасна, имајќи предвид дека тука се спојуваат Солунскиот залив и Егејското море. Морските струи таму се навистина интензивни, а и брзо е длабоко, баш стрмно.

    Со оглед на тоа што првиот крак е често посетуван, воедно и Посиди, особено плажава, бидете особено внимателни. Пливањето на самиот врв каде што водите се спојуваат е особено забрането и опасно.

    Грчките медиуми деновиве објавија и за други, како што велат тие најопасни плажи во Грција. Тука освен Посиди, се најдоа и две други познати плажи за нашите туристи- Хорефто на Пилион и Лаларија на Скијатос. Повеќе за ова можете да прочитате тука: https://www.crnobelo.com/novosti/ba...e-opasna-i-ushte-6-najopasni-plazhi-vo-grcija.

    Вчера на Лефкада, поточно на плажата Милос, исчезна друго момче, а според сведочењата не бил ни на 5м. од копното кога само исчезнал и повеќе не се појавил. Повторно, плажите на Лефкада се длабоки и струите силни на западната страна, така што прекрасното синило нека не ве прелажува и бидете претпазливи и таму.

    Исто уште еден корисен линк, ако се најдете на плажа каде што има големи бранови, внимавајте на појавата rip current. Брановите сами по себе и не се толку страшни, колку овој феномен кој го носат, а е преопасен. Ако сте на организирана плажа и спасувачите забележат rip current, пливањето веднаш се забранува и се истакнува црвено знаменце. Но сепак, корисно е и сами да знаеме:

    Не ризикувајте во бранови, при невремиња, не експериментирајте многу, следете ги правилата на спасувачите, сепак морето е голема отворена, непредвидлива површина и со сета негова убавина, тоа не е нешто за што сме сосема спремни, макар и најискусни пливачи биле.
     
    На andrejko82, Lollipop_123, Bubi*2 и 4 други им се допаѓа ова.
  11. celineparis

    celineparis Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2014
    Пораки:
    930
    Допаѓања:
    2.576
    Пред неколку години кога бев во фурка воопшто немаше градчето плажа, со кола одевме на други плажи во околина. Интересно навечер ама само за со кола.

    А за ова што се случи со топката е вистинско чудо.
     
    На #Puci&puci# му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bubce_bubi

    Bubce_bubi Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2016
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво, ние уплативме уште во април за одмор во Неа Флогита на самата плажа за крај на август во студио 1/3 за 7 дена , но во меѓувреме се случија здравствени проблеми со мм и нема шанси да одиме на одмор оваа година. Затоа го продавам ваучерот па доколу некој е заинтересиран, му одговара овој термин и услови нека ме контактира.
    Јас се извинувам ако овој пост не е за тука, не успеав да најдам некоја посоодветна тема
     
  13. swwetyyy

    swwetyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2021
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    345
    Пол:
    Женски
    Цена?
     
  14. TheTribe

    TheTribe Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2011
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    31
    Би сакале да одеме на одмор за две недели во Грција, некаде поблиску на пример на краците или евентуално Неа пори. Е сега, одеме фамилиарно, значи со две мали дечиња па би било убаво да најдеме смештај со храна, барем доручек а одлично би било да има и вечера. И да е чиста плажата и блиску до сместувањето.
    Дали знаете нешто вакво? Или можеби знаете некоја агенција што може да ни понуди ваква понуда?
     
    На #Puci&puci# му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.549
    Допаѓања:
    39.531
    Пол:
    Машки
    Зависи од вашиот буџет, понуди има многу. Секоја агенција има бројни хотели што нудат полупансион.
     
  16. TheTribe

    TheTribe Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2011
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    31
    До сега немаме одено преку агенција, а и не знам кои агенции се во мк (не живееме во мк, и веќе 5 години не сме биле во мк).
    За буџет, нз како се движат цените, ама околу 1000е за 10 дена би било одлично. За 4ца.
     
  17. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.549
    Допаѓања:
    39.531
    Пол:
    Машки
    Искрен да бидам, за таа цена многу тешко, освен веќе од септември/ крај на август.

    Или евентуално Криопиги на првиот крак, со тоа што таму хотелите се далеку од плажа (500-1000м). Друга варијанта е Атос, Theoxenia Hotel. Кај Неа Пори може да проверите во Cronwell Platamon Resort. Или Солунска регија, Каликратија, Флогита, Плагиа.

    Зависи и од периодот, пиши ми ако сакаш лп, ќе разгледам и јас што е достапно, не е проблем :)
     
    На TheTribe му/ѝ се допаѓа ова.
  18. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    20.334
    Пол:
    Женски
    Лептокарија како се цените да не знае некој? Гиро, кафе и сл.
     
  19. ladydy13

    ladydy13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2019
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    445
    Пол:
    Женски
    Дали некој бил во Лефкада годинава?
     
  20. kjofti4

    kjofti4 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    992
    Допаѓања:
    3.582
    Никити, кавала или па некој предлог каде во септември е топло а има бистра, а песочна плажа со добри ресторани и места за шетање?