Ние се двоумиме меѓу Агелина и овојhttps://www.grckainfo.com/hotels/Kassandrinos-Maria-Apartments?checkin=05%2F09%2F2022&checkout=12%2F09%2F2022&adults=2&child=1#REVIEWS Ако се одлучите за Агелина, те молам сподели инфо како ќе биде. Имајте убав одмор. Треба.
Дали некој бил скоро на Амолофи плажата, Неа Парамос? Ако може да сподели како е? Има медузи или некакви други непријатности?
И нас ни беа тие апартмани прв избор, меѓутоа немаше слободно место за терминот во кој сакаме да одиме, па затоа и падна изборот на Агелина најмногу поради блискоста до плажа бидејќи сме со мало дете па барем попладнето да го тераме на таа плажа.
Има два на брегот кога одиш кон Белата Кула покрај море, едниот е веднаш до/ наспроти кулата, другиот е малку понапред, одма до Aristotelous Square, близу пристаништето.
Има, јас секогаш го користам тој до пристаништето, голем е и секогаш има место. Passenger Terminal Parking P1, координати: 40.6342131, 22.9353215 Има и една паркинг гаража одма до Старбаксот на Аристотелис, ама не сум го користел.
Сеуште нема никакви мерки за влез во Грција, така девојчиња? Сопругот ме збуни, колегата наводно разбрал дека од вчера вовеле влез со негативен тест. Јас па тука друго прочитав.... Ви благодарам.
Тазе искуство од Тасос? Цени, гужва, медузи и слично Иии како е со гужвите на граница?Планирано ни е викендов да појдеме.
Јас скоро секој викенд идам Амолофи, Ираклица, Перамос... што поточно те интересира? Водата каква е? Чиста е на сите плажи со исклучок Амолофи е секогаш стакло Медузи нема никаде, не се секирај Цените на Ираклица и Перамос на лежалки се со кафе или што ќе пиеш тоа ќе си платиш, не се плаќаат посебно лежалки. Од 4 евра па нагоре се цените на пијалоците. На Амолофи е малку поскапо. Таму има плажи со цена само за лежалки плус што ќе пиеш.
За Тасос годинава скапичко...не знам што точно те интересира ама јадење, пиење и хотели дупло поскапи од лани, а полно е Ете тоа е. Гужва на граница има, да. Зависи кој дел од денот ќе патуваш. Годинава е полна цела Грција па затоа и гужви насекаде, нормално.
Фала ти за одговорот, медузите ме плашат, затоа што читам дека веќе ги има многу на места каде што обично ги нема, во вода до плажи, па затоа ме интересираше каква е состојбата. Јас одам да пливам и да сум во вода, на плажа чисто за одмор, па не сакам да сум зае*ана. Рече дека водата е стакло, да подразбирам дека е чиста чиста. За лежалките знаев дека одат со пијалок, ама не сум изненадена на места и да се плаќаат одделно. А пристапноста како е? Има нешто наоколу? Маркети, бутици, продавници? Можеш пешки да се движиш? Пример на жегата на пладне место да си надвор да има каде да влезеш да утепаш време и да си на ладно. П.С. Може да се оди бос? Без гуменки за на плажа и вода? Ова го кажува човек што не излегува од патики, и не сакам ако има нешто друго освен песок да ме допира па да си земам со време.
За Амолофи нема близу ништо, подалеку е местото и затоа водата е толку чиста. Се што има е на бич баровите. За Перамос има таверни, кафичи близу, Ираклица исто нема за пешки нешто близу, освен големата плажа спроти Лидл па таму да идеш пример ...може бос, да, ситен песок имаат плажите
Како е во пефхохори колку чини лежалка и како е водата дали веднаш почнува длабоко и дали е песочна? Ме интересира за на викенд @Ahoy фала многу и на двете места закажавме не можевме да се одлучиме и ми испадна повеќе денови слободни па ќе ги посетиме и двете места
Поради промена на планови на работа не сум во можност да земам одмор кога планиравме, сега мора да одиме следне недела од 5 ти некаде, на booking само предкапи апартмани се останати, овие групиве на фб што се никој не издава за помалку од 7-10 ноќи, гледав на грчка инфо па тоа ми е некако надеж. Мислите може да се најде смештај на лице место за понормална цена?