Ако има некој да ми одговори, малку касничко е.... Одиме во Ханиоти утре. Каде може да се купи картичка за мобилен интернет. Има ли на друго место да се продава, освен во мобиларите? А такви не видов во местово, а го прошетавме цело пред некоја година. Убава вечер на сите...
Тогаш веројатно би нашле смештај на првиот крак речиси секаде, особено Ханиоти, Пефкохори, Полихроно, на вториот Никити и Сарти, на третиот во Јерисос Само да не одите да барате во викенд и да бидете на лице место порано.
На граница обично продаваат србите картички за мобилен. @Ahoy Утре одиме за Олимпијада last совет имаш ли? Ќе ти пратам слики
Охоо убав помин, уживајте Не пропуштајте ништо и максимално искористете си, знам, тешко ќе ви е да се вратите
Само граница да поминеме Лудница било, се чекало со саати Прв пат одам за викенд, обично одиме преку недела токму од овие причини, да не чекаме со саати. Кажи ми се исплати од Дојран да вртиме или на крај пак исто ќе ни излезе?
Па баш планираме петок или евентуално сабота.. Знаете вака отприлика колку се цените од вечер има шанси нешто да де најде по 50-60 евра за 2ца?
Мислам дека се исплати ако на Богородица се чека повеќе од половина час, плус што после ако одите преку Дојран ќе одите по друг пат, па и Солун ќе го одбегнете, директно ќе си се вклучите на автопатот кон Кавала кај Lagyna. Значи воопшто да не се враќате на автопатот Евзони-Солун, туку да продолжите од Дојран право, магистрала (и малку автопат ако не се лажам) Кукуш-Солун . Ако не ме разбираш, види на Гугл Мапс што мислам За чекањето на граници, пред тргнување, а и подоцна видете на камери како е на границите, http://www.roads.org.mk/315/video-kameri.
Би требало да најдете на лице место за таа цена, сега можеби не прв и втор ред, ама би требало да има. За поефтино и во Флогита, Плагија, Каликратија, Мудања може да проверите, пред првиот крак. Никити и Сарти единствено може да нема под 60€.
Неа врасна или Паралиа? Тамо успеав да најдам смештај со понормални цени, е сега се мислам за каде, немам одено ни таму ни таму, за паралиа имам слушнато и читав дека водата е тиња, не била ич убава и плажата, неа врасна како е? Има многу гужви?
Слични, а сепак различни. Паралија плажата е многу тесна, над глава да ти скокаат луѓе, независно дали си со сопствена опрема или на лежалки. Морето наутро е океј, до кај 9- 10 часот е чисто, после се мати како што доаѓаат повеќе луѓе. Доста е плитко, затоа и се мати. Отворено море е ама бранови нема затоа што имаат ѕидови изградено во морето под вода, па ги одбиваат брановите. За шетање навечер има многу, не се знае дали си Грција или Србија, ефтино е, си има шарм Неа Врасна од друга страна има поширока, поголема плажа, морето знае да биде чисто кога нема бранови, ама кога има, а често има, ем е катастрофа, ем е практично невозможно капењето зашто се преголеми брановите, длабоко е па затоа. За шетање има, споени се со Аспровалта, плус Ставрос е блиску. Исто Србите владеат во овој регион. Исто е ефтино. Е сега предност тука е што ако сте со кола можете да одите 20-25км. на плажите после Олимпијада, тие се со преубаво, чисто, бистро море.
Олимписка плажа каква е ... Како Паралија или ? Претпоставувам дека има помалку гужва па се надевам дека ќе почиста водата . Платамон и Неи пори сум бидена тој период водата беше преубава цел ден, чиста.
Олимписка плажа мислиш Олимпик Бич (Olimpiaki Akti)? Ако да, тогаш водата е иста, па и полоша од Паралија, ама плажата во Олимпик Бич е доооста поголема и поширока, меѓутоа не прави некоја разлика во водата, зашто често има бранови. Платамона и Неи Пори немаат споредба со Паралија, Олимпик Бич, Макригиалос...