Искрено битно ми е да нема гужва и да е чиста водата, да имав време не би одбрала ниедно од овие места, ама не ми се ризикува без смештај да одам така да подобро вака. Со кола ќе одиме па не е проблем да се оди на други плажи во близина. Мислам дека сепак ќе одлучиме за неа врасна, некако подобра опција ми е..
Ах, не. Нешто слично до кај 8-9 наутро само, пред да се наполни. И јас би ја одбрал Неа Врасна. Паралија ми има повеќе душа, ама Неа Врасна во однос на море и околина е сепак подобра опција, во околината имате прекрасни плажи.
Здраво женски,планираме да одиме Грција ( неа флогита ) Од 10ти Септември,што мислите дали би нашле смештај на лице место,дека вон сезона Или ако некој бил,да сподели
Како е со провизија за подигање пари од банкомат, ако плаќам дирекно со картичка во маркет/ресоран дали имаат провизија така? Конкретно за нлб
Прв крак Калитеа, Ханиоти, Пефкохори, втор крак Сарти и Неос Мармарас, и островите. До душа зависи и од вас, што сакате и очекувате да има местото.
Ти благодарам. Инаку шо знам, сакам чиста вода , песочни плажи, млади луѓе повеќе во однос на пензионери со оглед дека ќе одам во средина на септември.. И најбитно пристапни цени да не биде како Миконос
Во тој случај прв крак може, Калитеа, Пефкохори, па и Ханиоти, исто така вториот крак, посебно Неос Мармарас, и островите како Тасос како релативно достапен ценовно, и потоа Крф и Скијатос. А да, и Кавала би била супер
Во септември ќе одиме на Ситонија, ќе бидеме сместени во Никити. Ве молам за препораки кои плажи на вториот крак вреди да ги посетиме? Ќе бидеме со дете од година и пол и ќе бидеме ограничени да одиме секој ден на различна плажа, ама многу се надевам дека ќе успееме барем 4-5 дена да ги издвоиме во шетање. Како најдобро да се искористат тие денови? Барам убави, песочни плажи со кристална вода.
Стигнаме да се пријавам Океј е не е лошо, немав некој високи очекувања па не се разочарав воопшто баш е пријатно местото одима на плажа накај врасна помирно е баш топ. Сакаме да појдеме на тие плажите што ги спомна, може да ми кажеш кои поточно? Оние после Олимпиада?
Јас Лагониси би ти ја препорачала, на 10тина км од Никити е, од другата страна на кракот. Ако одите порано ќе фатите и лежалки со природна сенка, а и водата е потопла од околните плажи.
Трани Амуда, Лагониси, Ковиу, Лагомандра, Елиа... супер ви е базата, имат голем избор. Убав помин Супер, мило ми е што ви се допадна. После Олимпијада, сите Зависи дали сакате уредени или не. Ако сакате уредени, Амос, Бабилон, Тотос и Балконаки. Ако сакате диви, Зугла и Стагира. За овие две немате јасни знаци каде да свртите, па ако се одлучите пиши слободно, ќе ви објаснам . Сите се прекрасни, тиркизни, рајски. Кога сме на тема Олимпијада, @An-na кај се фотките што ми ги вети, си чекам јас? Се надевам уживате
@andrejko82 @Maca Macka @Ahoy ви благодарам многу. Кажете ми за orange beach (Kavourotripes), сте биле, вреди да се оди? Некако маж филм си направи и ми направи за неа Едвај чекам
Интересна е, специфична ама бевме со бебе од 1 година, со количка (за да спие) па малку се помачивме да стигниме до плажата. Мала е, а луѓе еден куп. Место немаше па се сместивме на тие карпите некако. Можеби и јас очекував премногу за неа, ама не бев нешто воодушевена. По пола час заминавме на друга плажа.
Нема сомнеж дека плажата е прекрасна и морето преубаво, ама искрено не знам дали вреди поради гужвата таму. Врие народ, мравјалник