Комшииве претерале годинава со цените на островите. Не им одам,а може и во своја режија ќе скоцкам нешто. Сега се опулив убаво по понудите. 500 евра да ми се собере само за сместување во хотел чкљ категорија?! Ќе одам со тие пари во Шпанија!!!
Ханиоти искрено ми е повеќе како пензионерско место, каде врие од срби , дури и келнерите по рестораните српски зборат. Бев пред две години, а впечатокот ми е тој. Можеби нешто се има сменето.
Прв пат сакам да одам на одмор во Грција и конкретно сакам во Лефкада, значи немаме кола, и сакам да ми каже некој искуство со сместување, преку агенции кои сте задоволни и слично? Незз како ќе издржам со постојано патување до плажите и дали има некои автобусчиња, комбиња што те носат до плажите или до градот, пошто мене ми е страв да возам иако имам возачка, а двајца сме
не знаев каде да прашам па еве тука.. може ли македонски грчката граница да се помине само со лична карта(македонска) а грчко македонската со бугарски пасош? истечен ми е македонскиот пасош а касно е да вадам нов.
И за двете ти треба пасош, само према Србија мислам дека можеше со лична карта и тоа не знам дали уште важи... Чим имаш валиден пасош нема зашто да се секираш
da, no makedonskata granica mora da se pomine so makedonski pasos, so bugarski ne e dozvoleno :/ fala ti sepak
Хм, искрено не го знам ова правило , а памтам дека пред многу години одев на одмор со моите со автобус преку агенција, со нас имаше Бугарка со бугарски пасош, а исто и пред 3-4 години имаше едни Македонци сите имаа бугарски пасоши цело семејство, па никој не им направи проблем... Може е некое ново правило, ама не ми звучи баш реално искрено
Ако имаш валиден Бугарски двете граници ќе си ги поминеш со истиот како Бугарски државјанин. А тоа дека не е дозволено не знам од кај ти е, ама е тотално погрешно.
Бугарија не доаѓа во предвид. Црна Гора/Хрватска со мало дете не ми се оди. Охрид фала НЕ (од претходно наведената причина). Кога немаме друг избор ќе одиме во Грција, крај на јули 7 дена - Паралија (најверојатно) ќе се вратиме некој ден и почеток на август уште 7 дена - Калитеа
Може да ми предложите некои поевтини туристички ангажмани од нашиве агенции за одмор во Грција? Без разлика дали патувањето би било со авион или автобус, сеедно. Фала.
татко ми лани тргна накај грција со бугарски пасош и не го пуштија па се враќаше до дома по македонскиот. исто ми се има случено на мак-бугарската граница не ме пуштија со буграски. ама ете, се сменило, сега ми кажаа дека може да се помине со лична карта.. фала ви сепак