Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кој ќе оди на одмор во Грција?

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од viki44e, 19 мај 2010.

  1. awkey

    awkey Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2021
    Пораки:
    1.374
    Допаѓања:
    3.453
    Пол:
    Женски
    Може и Торони исто убаво место. Помало и помирно од Никити, а пак има се и морето е мн убаво
     
    На swwetyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Despina !

    Despina ! Активен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2022
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Некој кој бил во Сарти да сподели искуство.. Дали вистина дува ветер нонстоп?
     
  3. awkey

    awkey Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2021
    Пораки:
    1.374
    Допаѓања:
    3.453
    Пол:
    Женски
    Не дува нон стоп, но знае да има периоди. Таму се појавуваат и силни струи во морето и знае да има бранови. Таква е местоположбата. Но наоколку имате други плажи на кои можете да одите и така ќе си шетате секој ден или кога се лоши условите на Сарти. Местото, градчето, мене повеќе ме потсеќа на прв крак, многу туристи, премногу гужва особено јули/август, тешко со паркинг
     
  4. Despina !

    Despina ! Активен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2022
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    A predlog nekoe drugo mesto na vtor krak so ubava plaza i cista voda?
     
    На awkey му/ѝ се допаѓа ова.
  5. awkey

    awkey Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2021
    Пораки:
    1.374
    Допаѓања:
    3.453
    Пол:
    Женски
    Па зависи што сакате. Доколку сте со деца и сакате да имаат некоја занимација играчки такви работи Никити ви е поголемо и Неа Марамарас исто така. И Торони не е лошо, помало место е но убава плажа, со чиста вода. Исто така Вурвуру (малку погоре од Сарти) е преубаво место со голема градска плажа и чиста вода. Таму се и Диапрос островчињата познати по кристално тиркизна вода, а од селцето над Вурвуру имате бродчиња до Амуљани. Понатаму од Вурвуру па надолу сите плажи ви се преубави и сегде е чисто.
     
  6. merry.blues

    merry.blues Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2011
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    33
    Здраво. Дали имате инфо колку е годишно за приколка во камповите на вториот крак? Конкретно ме интересира за камповите околу сарти- Арменистис, Платаници, Талата и сл. Али и за други кампови на краците е добредојдено инфо
     
  7. revolver

    revolver Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2014
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    3
    Кое место ќе го препорачате за одмор (без деца) кај што има песочни плажи, без големи бранови и да не се веднаш длабоки?
     
  8. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.175
    Допаѓања:
    14.138
    Пол:
    Женски
    @Kallias2 тебе те тагнав бидејќи најдов твои мислења и претпоставувам дека живееш во Кавала :)

    Се мислам годинава за Неа Перамос
    Пред 4-5 години бев во Неа Ираклица и баш ми се допадна, па сега да сменам за Перамос ама ме интересира плажата дали е градска или е фино уредена, песок или ситно камче?
    Според тебе подобро што е Ираклица или Перамос. Освен плажа ме интересира и шетање за навечер, знам Ираклица е мала па дали Перамос нуди повеќе за шетање навечер? Со две деца би одела

    Минатиот пат имав букирано преку ikoepiloges.gr, има ли друга агенција за смештај таму или само оваа е?
     
    На Kallias2 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.640
    Допаѓања:
    3.927
    Здраво. Сите тие места се близу едно до друго, нема нешто посебно за шетање едно шеталиште е, една улица така да кажам, со неколку дуќани, играчници за децата, кафичи, таверни. Исто како и Ираклица. Плажите има и геадски ама јас никогаш немам одено таму туку одма до Перамос се Амолофус и тие се најатрактивните плажи во Кавала, со бич барови, водата е чиста солза во морето. Ако сте со кола таму ви е најубаво да одете на плажа. Кавала може да идете за шетање навечер, Ираклица и ќе поминат деновите. Битно се ти е близу и имаш многи работи за видување :)
     
  10. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.175
    Допаѓања:
    14.138
    Пол:
    Женски
    @Kallias2 фала ти ептен на брзо инфо, значи Перамос не е нешто поголемо и поразлично од Ираклица :)
    На Амолофи бев и плажата стварно е врв ама ќе бидам со бебе скоро годинка и незнам како ќе биде работата за натаму наваму со кола.
    Уште еднаш благодарам премногу, тука кај нас сеуште не се многу прочуени овие места а се стварно преубави
     
    На Kallias2 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.640
    Допаѓања:
    3.927
    Сега видов дека прашуваш за агенција, искрено не знам кои агенции нудат смештај, појма немам, преку букинг најдобро, само тоа знам. Ако ти треба нешто понатака пиши ми ако можам ќе помогнам околу смештај. Само да знаеш не е како на Халкидики тука, цените се повисоки и за храна и за смештај.
     
    На V.N. му/ѝ се допаѓа ова.
  12. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.713
    Допаѓања:
    35.677
    Пол:
    Женски
    Кажете мислење за Никити?
    Оваа година сакаме на вториот крак да одиме, па Никити ми се виде како најдобра опција за сместување, оти е градче и има активности. Ние секако ќе ги шетаме околните плажи.
    Ме интересира дали е добро за деца? Какво е градчето? И предлог за сместување ако имате?
    @Ahoy ќе те означам тебе како експерт за Грција :D
     
  13. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.297
    Допаѓања:
    33.606
    Пол:
    Женски
    Предобро е местото, идеално за семеен одмор. Мислам дека повеќе од 90% од туристите беа со деца. Градчето е убаво, има градска плажа шо е океј, има шеталиште со ресторани и таверни. Околни плажи за шетање има премногу, местото е идеална точка за шетање и на источна и на западна страна на кракот. Ние бевме сместени во оваа вила. Вилата се наоѓа на почетокот на шеталиштето, па поради тоа е надвор од гужвата, а истовремено блиску до сѐ. Условите и цената за услугата беа одлични.
    Првично сакавме да најдеме сместување во оваа вила, но 3 месеци однапред немаше слободно место до 15ти септември. Така да, ако ви фати око, резервирајте уште од сега.
     
    На barby и An-na им се допаѓа ова.
  14. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.549
    Допаѓања:
    39.531
    Пол:
    Машки
    Никити и според мене е најдобар избор за сместување на вториот крак, прво затоа што има одлична местоположба што го прави најдобра база за обиколка на цел крак.

    После, и самата плажа во местото си е супер, нормално пораздвижена како и самото место зашто е најголемо на Ситонија. Има многу туристи, дешавки, сите поголеми маркети се во Никити.

    Во однос на смештај, само внимавај каде се наоѓа и секогаш проверувај лично на Гугл Мапс. Никити е големо место и посебно од нашиве агенции смештаите најчесто им се подалеку од плажа. Барај на Никана, многу избор имаат за Никити.
     
    На happygirl, IRBBB и An-na им се допаѓа ова.
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.639
    Допаѓања:
    202.066
    Пол:
    Женски
    Ако бираш меѓу Неа Перамос и Неа Ираклица, поубава плажа има второво селце. Во Неа Перамос градската плажа е со камчиња и водата е претежно нечиста. Е сега, поблизу ќе сте до Амолофои ако значи нешто, мене не ми пречеше со мало дете нонстоп да се развозуваме со кола, оти плажата е преубава.
     
    На V.N. му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bitolchanecot

    Bitolchanecot Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2021
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    427
    Пол:
    Машки
    Боже здравје оваа година атина, коринт пелопонез, делфи кроз вожња и патра кај пријател:)
     
  17. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.297
    Допаѓања:
    33.606
    Пол:
    Женски
    Кажете ми мислење за Тасос?
    Дали е прикладно за со мали деца? Кое место е најдобро за сместување? Покрај убави плажи, битно ми е да има шеталиште.
    И ако е соодветно, предложете ми сместување.

    @Tea SK ако добро памтам вие лани бевте на Тасос?
     
  18. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.175
    Допаѓања:
    14.138
    Пол:
    Женски
    Да да, дефинитивно се решив повторно за Ираклица ама уште да најдам фино сместување, блиску до плажа и со прикладна цена би било супер :)
     
  19. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.909
    Пол:
    Женски
    Приладно е, јас бев на Тасос кога ќерка ми имаше 2 години. Сместени бевме во Потос. Плажата во Потос е убава, песочна, и водата исто. Одевме и на некои околни плажи.
    Има продавници, ресторани, кафичи, колички со жетони што се. Доволно за шетање навечер, не е досадно.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.688
    Допаѓања:
    9.291
    Пол:
    Женски
    Тасос е супер за деца ама патот....јас од фобии од лани, годинава гледам кој е најблизок град на море до Скопје.
    Искрено годинава не се нафаќам толку далеку со дете. Лани беше 10 мес, душа ни извади по пат. Спондилоза развив од што стоев искривена над нејзе со цицката само за да не вришти.
    Ние бевме Скала Марион, селце е, нема за шетање ама лани не гледавме за шетање. Една плажа имавме пред куќа и уште 2 на 100 метри. Водата супер беше.
    Ако сте за шетање Потос е супер.
    Ние пред да имаме дете шетавме по грчки острови ама баш шетање, секој ден различна плажа. Тасос не го доживеав како нешто wow, колку и да не се дававме, сепак дете имаме, нема многу шетање. По мене островите се за целосна обиколка, со мало дете тешко.
    Годинава дефинитивно гледам нешто блиско, со двор да трча ѕверкава и на сама плажа.
    Инаку куќава лани што бев не е за со проодено дете, огромен балкон имаше над море :D
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.