@Maca Macka @Tea SK летоска добро издржа, секој ден на различна плажа одевме, ама реално беа блиску, максимум 40 мин возење во правец. Немам претстава колкав е островот. Колку плажи има за шетање, колку се далеку ете од Потос? Патот до таму крш е? Колку време се патува од ск? Има доволно тракети? И најважно, дали вреди со 2 и пол годишно дете да се закрениме таму?
Не е нешто голем островот. Ние не шетавме многу по плажи. Тие што се попознатите се на спротивна страна од Потос и од место јас кај што бев. На тие плажи не бевме. До Потос идеме ама низ нос ни искачаше, а 15 мин вожња беше. Патот си е супер ама без 6 саати пат не си, траекти цело време има. Дур се укрцаш на траект е хаос. Малава низ прозор ја вадевме од што ги лепат колите толку. Маж искочи карта да купи и не ти даваат да чекаш со кола, ти возиш, он пешки влага. Мене искрено паника ме фати. Прегужва и се дерат од сите страни. Јас со мојава не помислувам да одам негде далеку. Многу е хипер, ништо не и задржува внимание. Лсни си реков во наредни 4, 5 години, подалеку од Вурвуру не одам. Кога правам компарација со Лефкада на пример, апсолутно не бев импресионирана од Тасос. Можда не го прошетавме доволно ама мислам дека е типично грчко туристичко место и не вреди да се тепа патот со дете кога малтене исти тип се местава на втор крак.
Па дека нешто посебно да вреди не, како секаде во Грција најнормално со пречиста вода, песочни плажи. Ние немавме никогаш отидено и затоа се решивме за таму. Јас спротивно од Теа имам баш убаво искуство. Патот беше ок, траектот најнормално како и секаде, можеш да седиш надвор, а можеш и внатре во климатизирана просторија. Стигнуваш со траектот во Лименас. Ние пауза и на одење и на враќање правевме во Кавала, кафе на плажа под убави дебели сенки. Тука каде што бевме во Потос многу блиску беа плажите Нотос и Псили Амос и одевме или на нив или на таа во Потос. Навечер еднаш бевме и до Лименарија, и таа е блиску. Мал е островот, може да го прошетате. На другата страна беа плажите Голден и Салиара, така попознати, но не отидовме. Пријатели исто со 2г дете беа пред нас неколку дена дојдени и беа и на тие плажи, па откако дојдовме ние не отидовме дека тие веќе беа. Јас баш убав одмор поминав таму. Е сега со две деца барам сместување исклучиво на плажа и не мрдам цел одмор од таму.
Јас сум на мисла за Тасос годинава. Може да ми кажете кај бевте сместени, да препорачате нешто, особено вие лани шо сте биле (може и во лп). Фала
Вака, не сум баш најстручна ама на Тасос сум била 3 пати. Првите 2 пати бев сместена во Скала Рахони, а 3 пат во Скала Марион. И двете се мали селца каде што нема баш за шетање. Според мене островот не е да се оди и да се седи на една плажа. Да го свртиш цел е некои 90 км, се поминува во еден ден. Последен пат бев пре 6 год и тогаш ја правеа и средуваа Пахис плажата и не се наплаќаа лежалки а услуга имаше топ. Песокот супер, водата уште подобра Ќерка ми имаше 4 год и за деца измислена. Поминавме повеќе плажи и не би можела да издвојам некоја посебно, ама можам да кажам дека Голден бич можда дека најизвикана е најхаос, гужва а ништо поразлична и попосебна. За Гиола базенот во карпи што е направен изгледа убаво на слика, ама тогаш барем патот беше крш, а имаше и доста за одење од ко ќе ја оставиш колата за само да стигнеш да се фрлиш ко во базен и назад да бараш плажа. Нема лежалки, пешкир кај да ставиш...ништо. Исто имаше еден хотел накај мермерната плажа на М некако се викаше, неможам да се сетам е за таму плаќавме влез за кола, за нас, за лежалки, за воздухот што го дишеме, за се. Стварно имаше бел карибски песок и тиркизно море, ама оси глава да неможеш да кренеш и за саат време си отидовме. Ппголеми гратчиња за шетање се Тасос,Лименарија и Потос ко што ме држи памет. Се надевам помогнав на некој нешто
Некој имаше пишано за Торони, ние две години по ред одиме во Торони, мало место, нема аптека па ако одите лекови понесете си од дома тоа што е најнеопходно. Водата е чиста и плажата е солидна, не е ситен песок, туку песок камчиња, има неколку ресторанчиња и кафиќи поредвморето, две медта со лулки кои се плаќаат, и две места со слободни лулки, малата и оваа година сака во Торони, но мене мине доста за сега од Торони. Ние бевме сместени во хотелот Blue see, арно ама и да не ди прв ред се е тука близу. Во зависност кој каков одмор сака такво место и бира. Мене ми е мн битно плажата да ми е близу до смештајот.
За Јонско да ми дадете предлози за во јуни? Убаво е тој период? Не сум била на Јонско до сега, а ќе одиме со дете, па би сакала да е плитко и да има колку/толку активности за дете, за да не е досадно, а да не е предалеку Врахос ми го препорачаа, бидејќи било плитко, а Парга било близу, па би можеле да одиме навечер таму. Друг предлог? @Ahoy ?
Врахос не би го препорачал за со мали деца, неретко знае да има огромни бранови, опасни и за возрасни искусни пливачи. Исто е досадно, една улица е само со неколку продавнички и кафичи. Како база е океј. И зајдисонцето е ептен добро Ако сте биле Торони, Врахос е копија според мене. Активности за деца нема, барем јас кога бев, ама Парга и Превеза се блиску и се супер за шетање, во Превеза има и луна парк. Предлог за на Јонско, без промашај секогаш е Парга, ако најдете смештај по прифатлива цена и услови, не се мисли за таму. Има неколку плажи во самото место, една е со камчиња, а другите се со петок. Плус е доста раздвижено место. За убавината не зборувам, сликите кажуваат. Амудија ја кажуваат дека има исклучително плитко море, ама не сум бил. Ми изгледа исто како досадно место
ќе се согласам со членката. Имајте на ум дека јонското е бајги поладно од егејско, во јуни не би одела, особено не со дете
@An-na бев пред некоја година крај на јуни во Врахос и морето стварно уште не беше стоплено и не можев долго да седам во вода, а ова е кажано од водна жаба Инаку за плитко е вистина многу плитко, ама ако дува се случува да има големи бранови. Мада јас кога бев не ни се погоди така, цело време беше мирно. Ако сте со кола можете да се сместите во Врахос па да си шетате околу, инаку нема ништо посебно, пензионерско е. Имаше пекара, неколку продавнички, ресторани и по некој кафич. Парга мислам единствена негатива би ви било што има многу скали и искачувања, не знам за со дете како би било тоа.
Фала ви на одговорите. Отпаѓа оваа година Јонско, следната ќе гледам да темпираме август. Останува или Никити или повторно на првиот крак. Што мислите за Сивири или Фурка? Какви се плажите? Блиску е Калитеа, таму би оделе навечер, ама за сместување ок се местава?
Од триве јас би го избрал Никити ако ви се поклопува и одговара. Имате за шетање, прекрасни плажи околу и градска плажа, не е далеку, одличен избор. Фурка и Сивири исто се солидни, предност би дал на Сивири, некако ми е поразвиено и подобра е плажата. А и локациски ви е подобар избор Сивири како за база. Како и да е, трите места си се супер, нема да погрешите во секој случај
Фала ти А за Криопиги што мислиш? Во однос на плажата и сместувањата. Ако одиме сами оваа година, ќе биде вториот крак сигурно, меѓутоа ако не сме сами најверојатно ќе биде пак првиот, па затоа собирам искуства.
Криопиги зависи каде ќе сте сместени. Некои од плажите се со камења, други се песочни и прекрасни. Меѓутоа во однос на сместувањата за најголем дел ќе треба да одите со кола на плажа, местото е баш стрмно и распрчкано по целиот рид. Јас секој ден одев со кола зашто плажата беше на повеќе од 600м. ама бајаги стрмно. А за шетање нема ништо. Во Криопиги на сама плажа можам да го препорачам Alexander The Great хотелот, многу убава локација, плажата петка
@Ahoy да те позамарам и оваа година Маж нешто запнал на Тасос да одиме, мене во глава ми се вртка Уранополис (мислам дека тоа место лани го препорачуваше за со мало дете или грешка сум?). Со кола ќе сме, отворени сме за шетање по плажи, колку шо дозволува шефот од 2 години, важно ми е местото да е живо, да има каде да се прошета, седне за јадење, тука или во близина да има доктор за не дај Боже. Би биле во игра некое од овие две места за таков одмор? Ако е океј Тасос, кое место за сместување го препорачуваш? Шо да очекувам од овие во споредба со Никити? Јас се заљубив во Никити и не ја исклучувам ни таа опција. Некој сосема друг предлог?
Двата избори ви се предобри Уранополис е мало местенце, на сама граница со Света Гора како последно место пред забранетата зона и со самото тоа има и таков дух, световен да речам (не ми текнува посоодветен збор ). Сакам да кажам, нема многу случувања, има многу црковни продавничиња, градчето мириса на темјан, но има многу пријатна атмосфера. Од тука имате да рентате и бродчиња за да ги посетите Магарешките острови или Амулијани, но и организирани бродски тури до Амулијани и Магарешките острови (Drenia Islands), кои се познати по тиркизното плитко море, без гужви, ако условите ви дозволуваат ваква екскурзија. Местото има многу добра местоположба, сè ви е блиску на третиот крак. Имате преубави плажи, како во самото место, така и настрана. Можно е на некои делови во Уранополис да има и камчиња на плажите и во морето, ама ништо страшно. Тука на 5-10км. ви се и Неа Рода и Јерисос, а во Јерисос имаше и луна паркче за деца. Во однос на Тасос, преубав остров е, спој на зеленило со преубаво сино море. Не сум бил, од она што имам гледано за сместување би ја избрал источната страна на островот, ама не сум сигурен дека има поголемо местенце на таа страна. Непишано правило е дека околу најубавите плажи нема поразвиено градче . Во сеќавање ми има останато Loutrou Bungalows како преубав смештај на одлична локација, иако тешко дека ќе има место, и јас затоа не отидов. За со дете најсоодветно мислам дека би било да се сместите во Лименарија или Потос, поразвиени се, а познатите плажи пак ви се на разумна далечина. Не ми е замарање иначе, слободно секогаш. Уживам
Здраво Ми треба помош за избор на дестинација летово. Дечко ми првпат оди во Грција, па би сакала да му биде преубаво искуство. Не сум била на многу места во Грција, но сум била на Лефкада и стварно има прекрасни плажи, па и тоа ми е опција. Малку проблем ми е дека не сум пливач, а некако одма е длабоко кај повеќето плажи, но би ја направила и таа жртва хахах. Не сум била ни во Парга, Тасос... Фино е и да има да се прошета низ местото, чисто да не биде скроз пусто. Да напоменам дека ќе бидеме со кола.
Зависи што сакате, Лефкада е сека прекрасна особено за млади. Парга дефинитивно. Можете Скијатос островот, секако и Тасос. И зависи што сакате доколку сакате и малку помирен одмор опции имате на втор крак и трет. Особено дека сте со кола можете цели да ги шетате (ние така правевме лани). Доколку сакате по младалачки одмор, можеби и со журки и некои ноќни излегувања Закинтос ви е добра опција како и Кавала.