Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кој ќе оди на одмор во Грција?

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од viki44e, 19 мај 2010.

  1. kat.rose

    kat.rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2012
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    35
    @Ahoy @awkey Фала ви многу на одговорите. Значи Парга и Лефкада се добра опција и дефинитвно би разгледала втор и трет крак, дека не сме баш по журки и бучава.
     
    На awkey, Ahoy и sani99 им се допаѓа ова.
  2. awkey

    awkey Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2021
    Пораки:
    1.374
    Допаѓања:
    3.451
    Пол:
    Женски
    @Ahoy Помагај! хахахахаха Годинава цениве некако во вис. Предложи ми некое убаво место 3крак или после трети. Не можам да се одлучам. Фала ти најмногу:hug:
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.549
    Допаѓања:
    39.531
    Пол:
    Машки
    Некои критериуми имате, да знам што да предложам? :D
     
  4. awkey

    awkey Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2021
    Пораки:
    1.374
    Допаѓања:
    3.451
    Пол:
    Женски
    У принцип мирни места, и плажите да се убави. Немаме деца такви работи, сакаме да шетаме. И да не е мн скапо местото:D
     
  5. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.730
    Допаѓања:
    18.426
    Пол:
    Женски
    Лефкада ако ви се шета. Мора да се посети пред деца. :D
     
    На awkey му/ѝ се допаѓа ова.
  6. awkey

    awkey Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2021
    Пораки:
    1.374
    Допаѓања:
    3.451
    Пол:
    Женски
    Јас сум била да преубава е, меѓутоа скапа е годинава, ние сакаме полупансион многу е мал изборот и тоа што го има е околу 1000 евра или е само спиење
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.549
    Допаѓања:
    39.531
    Пол:
    Машки
    Олимпијада :inlove:
    Местото е и повеќе од мирно, плажите и повеќе од убави, локацијата топ. На 3-5км. имате преубави плажи, ако сакате можете и плажите што се на третиот крак околу Неа Рода и Уранополис да ги посетите на околу 40-50км., а и Амулијани и островите Дрениа (Магарешки Острови). За шетање навечер блиску се Ставрос, Неа Врасна, Аспровалта, Јерисос, а малку подалечку и Неа Рода и Уранополис. Одлична пристапност до секаде.

    Друго, можете Неа Рода на трет крак, иако прв избор за тој дел би ми била Олимпијада. Јерисос е некако без душа, а може и Уранополис, ма да повеќето ја преферираат Неа Рода.

    Исто во обзир може да ја земете и Кавала, односно Неа Перамос, Неа Ираклица и Палио. Кавала е преубава за шетање, плус има одлични плажи во околината, а за помирно може да се сместите во набројаните селца/ градчиња околу Кавала. Овој регион ви е поскап да бидам искрен.
     
    На riba79, MilaSs12 и awkey им се допаѓа ова.
  8. awkey

    awkey Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2021
    Пораки:
    1.374
    Допаѓања:
    3.451
    Пол:
    Женски
    Леле фала ти многу дефинитивно ќе побарам. Само уште нешто, што знеш за Тасос што можеш да ми препорачаш и дали е многу по скап?
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.730
    Допаѓања:
    18.426
    Пол:
    Женски
    Грција секогаш е прескапа во хотел да се сместиш. Јас секогаш бирам апартмани, ама годинава и тие се прескапи.
    Никана и грчкаинфо побара?
     
    На awkey му/ѝ се допаѓа ова.
  10. awkey

    awkey Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2021
    Пораки:
    1.374
    Допаѓања:
    3.451
    Пол:
    Женски
    Да да, секако, поскапо е било каде хотел. Ама приметувам порано имаше и апартманчињата/собите имаа договори со тавернички, така сме иделе, сега го нема тоа за жал :/ Годинава цените и за сместувањата се поскапи, апартманите односно собите за двајца се движат околу 80е и тоа за краци, што не беше случајот до лани...
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.730
    Допаѓања:
    18.426
    Пол:
    Женски
    Даа, ние дека ке сме со дете, барав апартман на сама плажа, се беше над 80 евра ноќ, ни лежалки, ни модерно наместени апартмани, се што видов беше бедно.
    Сега најдов апартман по топ цена и модерно наместен и ке си возиме на плажа секој ден ако локалната не ни се допаѓа.
     
    На awkey му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.549
    Допаѓања:
    39.531
    Пол:
    Машки
    Сега те прочитав за полупансионот и морам да кажам дека на Тасос секогаш се наоѓал добар хотел со пристапна цена. Годинава немам проверено, ова е искуство од претходниве години, но ако го планираш Тасос гледај само на Никана.гр., имаат многу избор затоа што таму им е седиштето и свашта може да се најде. Пример Алое Хотел можеш да го видиш (едно време и наши агенции го работеа) и Лоутроу Бунгалови што ми текнуваат во моментов.

    Исто, за смештај попристапен е Јерисос на трет крак. Можеш да го видиш хотел Алкионис на сама плажа, баш беше океј со цена претходниве години, претпоставувам и сега е. Имаше и во Неа Рода исто еден пристапен хотел, на Никана беше, не ме фаќај за збор ама мислам Xerxis. И Теоксенија кај Уранополис би требало да е пристапна за полупансион во сезона.

    А ако се одлучите за Тасос, преубав е, секако нема да се покаете, особено што немате деца и не ви е проблем возењето :)
     
    На riba79 и awkey им се допаѓа ова.
  13. awkey

    awkey Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2021
    Пораки:
    1.374
    Допаѓања:
    3.451
    Пол:
    Женски
    Фала ти најмногу, ме просветли :hug::l:
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Giinna

    Giinna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    4.249
    Пол:
    Женски
    Како е на Крф почетокот на јуни? Температура, забави, цени во маркети/ресторани и за лежалки?
     
    На jana* и Radmilla им се допаѓа ова.
  15. cik

    cik Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2018
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
     
  16. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    12.922
    Пол:
    Машки
    За почеток не знам, но лани бев на крај на јуни.

    Времето нам ептен ни се погоди, темп. се движеа околу 30-35 преку ден. За забави, зависи каде ќе бидите сместени, во Кавос претпоставувам има многу, јас бев сместен во Ипсос и таму има околи 5-6 кафичи со музика до кај 01ч и барем два ноќни клуба кои работат после 01ч. Во градот - Крф/Керкира само во кафичи бевме и општо градот е доста раздвижен до доцна, за забави таму не би знаел конкретно, но сигурен сум дека има.

    Цени - во малите продавници цените се највисоки, во Ипсос има еден АБ маркет во средината на таа долга улица и тука цените се најниски. На влезот на градот Крф има Лидл, па доколку сте со кола или евентуално мотор можи да си пазарите од таму. Гиро е од 3,5-5€, морска храна вообичаено над 10-15€, коктели од 7-8€ па нагоре, пиво во кафич 3-5€ итн. Лежалки околу 8-10€ за пар.

    Водата најладна беше на Палеокастрица, а на останатите беше таман. Сепак, Јонско море е вообичаено поладно од Егејско, особено рано лето.
     
    На jana*, awkey и Giinna им се допаѓа ова.
  17. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.803
    Допаѓања:
    12.324
    Пол:
    Женски
    Колку често има траект до Амулијани и која цена е за со кола? @Ahoy ако знаеш.
     
  18. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.549
    Допаѓања:
    39.531
    Пол:
    Машки
    За Лето 2023 уште не е објавен календарот и ценовникот, ама лани конкретно и преклани траект имаше на секој 15-30мин. од 7 наутро до 7 навечер, цената беше 2-3€ по лице и 10€ за автомобил, во еден правец.

    Сигурно ќе објават наскоро и за лето, може да следите тука: https://ammoulianilines.gr/en/schedule/.
     
    На Skyler му/ѝ се допаѓа ова.
  19. soledad

    soledad Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    251
    Здраво споделете искуство за одмор во Торони втор крак со две деца 5 години и 2 години .? И дали некој бил во хотелот blue sea ?
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  20. awkey

    awkey Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2021
    Пораки:
    1.374
    Допаѓања:
    3.451
    Пол:
    Женски
    Блу си го имаат нашиве агенции, не сум била ватре но од надвор хотелот изгледаше убаво и доста средено. Торони како место не е многу големо но нема некоја претерана гужва и не е панаѓур како на прв крак. Плажата е со плаво знаменце, преубава е долга има место и за сам да с ставиш пешкир и сл., но има и бич барови со лежалки, чадори. Водата е чиста и морето е мирно на тој дел и е релативно плитка, она нормална, но не е одма длабоко што би ви значело за со децата. Моја препорака е да седнувате што е можно повеќе накај брдото со замокче натаму е поплитко.
    Немам деца, но лани видов многу деца од сите взрасти така што сметам дека не ви е лош изборот. Покрај плажата што е плитка, имате и две три од оние како флипери за деца така што имаат кај да се забавуваат а видов и лулашки и сл.
    Ако имаш уште некое прашање слободно :D
     
    На soledad и BeLLaDona23 им се допаѓа ова.